Гензебе Дибаба
Гензебе Дибаба Кенени (родена на 8 февруари 1991) е атлетичарка од Етиопија која се натпреварува на трките на средни и долги патеки. Таа е сестра на трикратната олимписка шампионка Тирунеш Дибаба и на олимписката сребрена медалистка Еџагајеху Дибаба, и братучетка на поранешниот олимписки шампион Дерарту Тулу.[2] Гензебе е актуелна светска рекордерка на 1500 метри, истрчувајќи 3:50.07 на митингот од дијамандската лига во Монако на 17 јули 2015.
Дибаба на Светското првенство во сала 2014 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 8 февруари 1991[1] Бекоџи, Етиопија[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,68||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 52 kg (115 lb) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Етиопија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 1500 м, 3000 м, 5000 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Гензебе го освоила златниот медал на Светското првенство во сала 2012 на трката на 1500 метри, како и златниот медал на Светското првенство во сала 2014 на трката на 3000 метри и во нејзина сопственост се светските рекорд во сала на тие делници.
На Светското првенство 2015, Гензебе го освоила златниот медал на трката на 1500 метри, а исто така го освоила и бронзениот медал на трката на 5000 метри.
Лични рекорди
уредиДисциплина | Резултат | Место | Датум | Рекорд | |
---|---|---|---|---|---|
На отворено | 1500 метри | 3:50.07 | Монако, Монако | 17 јули 2015 | Светски рекорд |
3000 метри | 8:26.21 | Доха, Катар | 9 мај 2014 | ||
5000 метри | 14:15.41 | Париз, Франција | 4 јули 2015 | ||
Во сала | 1500 метри | 3:55.17 | Карлсруе, Германија | 1 февруари 2014 | Светски рекорд |
3000 метри | 8:16.60 | Стокхолм, Шведска | 6 февруари 2014 | Светски рекорд | |
5000 метри | 14:18.86 | Стокхолм, Шведска | 19 февруари 2015 | Светски рекорд | |
Една милја | 4:13.31 | Стокхолм, Шведска | февруари 2016 | Светски рекорд[3] |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Genzebe Dibaba“. sports-reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2015-05-30. Посетено на 29 May 2015.
- ↑ Dibaba sisters make it a family affair – Edinburgh 2008. IAAF (2008-03-30). Посетено на 2013-02-17.
- ↑ „Дибаба собори атлетски рекорд од пред 26 години“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 23.
Надворешни врски
уреди- Профил на IAAF.org
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Жу Јунсја |
Светска рекордерка на 1500 метри 17 јули 2015 – сè уште |
Наследник Актуелна |
Претходник Јелена Соболева |
Светска рекордерка на 1500 метри во сала 1 февруари 2014 – сè уште |
Наследник Актуелна |
Претходник Месерет Дефар |
Светска рекордерка на 3000 метри во сала 6 февруари 2014 – сè уште |
Наследник Актуелна |
Награди | ||
Претходник Миси Френклин |
Награда Лауреус за спортистка на годината 2015 |
Наследник Актуелна |