Казанџи Маала
Казанџи Маала (грчки: Στάγιρα или Στάγειρα, до 1924 г. Καζαντζή Μαχαλά, Казанѕи махала[2]) — село во Општина Аристотел во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стагира бил дел од општина Стагира-Акант [3].
Казанџи Маала Στάγιρα | |
---|---|
Остатоци од античка Стагира | |
Координати: 40°31′N 23°45′E / 40.517° СГШ; 23.750° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Стагира-Акант |
Надм. вис. | 481 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 352 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиКазанџи Маала се наоѓа на 34 километри северно од гратчето Ерисово и на 73 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик. Сместено е во јужните падини на планината Пијавица, на надморска височина од 481 метар.
Историја
уредиНа десетина километри на север се наоѓа античкиот град Стагира — родно место на филозофот Аристотел.
Црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во селото била изградена во 1814 година[4][5][6].
Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.
Според податок од 1878 г. Казанџи Маала имало 240 жители.[7]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година селото било преименувано во Стагира[8], според античкиот град.
На пописот од 1913 година биле евидентирани 370 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 393 жители.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 452 жители, додека во 1940 година селото броело 586 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 523 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 680 жители, во 1971 година имало 587 жители, во 1981 година имало 479 жители, додека во 1991 година имало 464 жители[9]. Денеска, населението на селото е 372 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 586 | 523 | 680 | 587 | 479 | 464 | 372 | 352 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Сава Констамонитски (? - 1821) — преподобен и новомаченик
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καζαντζή Μαχαλά -- Στάγειρα
- ↑ 3,0 3,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ „Οικουμενικόν Πατριαρχείον“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-03-10.
- ↑ Δήμος Αριστοτέλη
- ↑ „Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2017-03-10.
- ↑ Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.