Пијавица (планина)

планина на Халкидик, Егејска Македонија

Пијавица (грчки: Στρατόνικο, старо: Πιαβίτσα, Μπιάβιτσα) — планина на Халкидик, Егејска Македонија.[1] Највисок врв е Манџука со 918 м.

Пијавица
Στρατόνικο
Највисока точка
Надм. вис.918 м
Координати40°33′21″N 23°44′02″E / 40.5558° СГШ; 23.7338° ИГД / 40.5558; 23.7338
Географија
Пијавица на карта

Карта

МестоХалкидик, Егејска Македонија
Карта

Опис

уреди

Планината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува долга ниска планина која почнува западно од селото Извор.[1]

На картите на Кондогонис (1914) и на Грчката военогеографска служба од 1927 г. планината е обележана како Бијавица или Стратоникон (Μπιάβιτσα ή Στρατόνικον), а на поновите карти на службата (1934 и 1949) е Пијавица или Стратоникон (Πιαβίτσα ή Στρατόνικον).[1] На север реките Мавролакос и Докос ја двојат од планината Суглљани, а на југ се граничи со Холомонда.

Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Планината е покриена со шуми од бука, даб, костен и чинар, и вклучена е во мрежата на заштитените подрачја Натура 2000.[1]

Искачувањето трае околу еден час од планинскиот пат од селото Олимпијада (10 м) кон Варвара (560 м) или Ново Село (570 м).[1]

Врвови

уреди

Ова е список на врвовите на Пијавица подредени по висина:

Име Грчки Висина
(м)[1]
Местоположба
Манџука Μαντζούκα, Κοντάρι 918 СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара
Стрембеник Στρεμπενίκος 868 С од Казанџи Маала
Турла Τούρλα 829 С од Ново Село
Балбузани Μπαλμπουζάνη, Σπάθα 820 СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара
Свети Илија Προφήτης Ηλίας 806 С од Ново Село
Праматевтис Πραματευτής 800 СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара
Керасија Κερασιά 785 СИ од Извор
Бигла Βίγλα, Σκοπός 760 ЈИ од Стано
Цуцула Τσουτσούλα, Τσούτσουλα 746 И од Стано
Гросија Γρόσια, Αετορράχη 740 И од Варвара
Древеник Δρεβενίκος 727 Ј од Варвара
Бостануди Μποστανούδι, Αητοκορφή 720 С од Ново Село
Куцумбос Κουτσουμπός 702 С од Казанџи Маала и Извор
Слава Нива Σλαβανίβα, Μύτη 696 И од Варвара
Калотихо Καλότυχο, Καλοτείχος 687 СЗ од Стратони
Склитра Σκλήθρα 680 СЗ од Ново Село
Главина Κλαβίνα, Γερακίνα, Μύγδω 650 З од Варвара
Бара Μπάρα, Στενή 631 СИ од Стано
Мармара Μάρμαρα 589 СИ од Стано
Ливадудија Λιβαδούδια, Λειβάδι 578 З од Варвара
Бозјарос Μπόζιαρος 516 СЗ од Варвара

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 453. ISBN 978-960-86676-6-2.