Плодност на почвата

(Пренасочено од Плодност (почва))

Во Република Македонија има повеќе различни видови почви како резултат на влијанието на природните фактори. Најзастапени почви се: делувијални, алувијални, смолници, црвеници, кафеави, песокливо-глинести, солени почви, црнозем, лесни, еолски, мочуришни калливи, хидроморфни почви и други.

Научниците кои се занимаваат со проучување на почва користат големи букви О, А, В, С и Е за да ги идентификуваат главните хоризонти, а малите букви за да направат разлика помеѓу нив. Повеќето земји имаат три главни хоризонти - површински хоризонт (А), подземен (B) и подножје (C). Некои почви имаат органски хоризонт (О) на површината, иако тој хоризонт исто така може да се закопа. Главниот хоризонт, Е, се користи за подземни хоризонти кои имаат занаетчиско таложење на минерали (елуција). Буквата R се користи за цврста карпа, што не е земја.

Алувијални почви

уреди

Алувијалните почви се формираат со таложење на ситен речен нанос околу речните корита во рамничарските простори. Богати се со хранливи материи и се мошне плодни. Погодни се за одгледување разни земјоделски култури. Во Република Македонија се најраспространети во рамниците на: Скопската, Гевгелиско-валандовската, Беровската, Кочанската, Пелагониската, Струмичко-радовишката, Охридско-струшката и други котлини.

Делувијални почви

уреди

Делувијалните почви се формираат кај контактот на рамниците и планинските страни, како акумулирани ерозивни наноси. Поради слабата застапеност на хумус, тие се помалку плодни. Погодни се за овоштарски и за лозови насади. Најзастапени се по рамките на котлините: Полог, Пелагонија, Преспа, ичевската, Кочанската, Струмичко-Радовишката, Гевгелиско-Валандовската, Охридско-струшката и други котлини. Зафаќаат околу 130.000 хектари.

Смолници

уреди

Смолници се почви кои имаат езерско потекло и затоа се мошне плодни. При голема влажност се лепливи. Погодни се за одгледување житни и индустриски култури, а со соодветно наводнување и за градинарски и за овошни култури. Најраспространети се во Овче Поле, Скопска и Кумановска Котлина, а нешто помалку во Пелагонија, во Тиквеш, во Славишко поле и на други места. Зафаќаат околу 80.000 хектари.

Црвеници

уреди

Црвенеци се почви кои се формираат во простори со присуство на варовник. Се сметаат за средно плодни почви. Погодни се за одгледување тутун, винова лоза и житни растенија. Најраспространети се во: Пелагонија, Полог, Скопска Котлина, Тиквеш, Преспа и други места. Зафаќаат површина од околу 30.000 хектари.

Солени почви

уреди

Солените почви се формираат со евапоризација на влажноста во земјата во сушни предели. Ги има во Овчеполската Котлина, Пелагонија и во некои други котлини, но и на мали повшрини. Тоа се почви сиромашни со хумус.