Георгова Земја
Георгова Земја или Земја на Принцот Џорџ (руски: Земля Георга) — најголемиот остров на архипелагот Земја на Франц Јосиф. Се наоѓа во Архангелската Област на арктичкиот Краен Север на Русија.
Земля Георга | |
---|---|
Местоположба во архипелагот Земја на Франц Јосиф и северна Русија | |
Географија | |
Место | Северноледен Океан |
Координати | 80°26′43″N 49°00′45″E / 80.44528° СГШ; 49.01250° ИГД |
Архипелаг | Земја на Франц Јосиф |
Површина | 2.821 км2 |
Должина | 115 км |
Највисоко место | 416 м |
Највисока точка | Брусилова Ледена Купола |
Држава | |
Русија |
Името ѝ го дал англискиот истражувач Фредерик Џорџ Џексон во чест на принцот Џорџ (подоцна крал Џорџ V).[1]
Географија
уредиСо вкупна површина од 2.821 км2, ова е најголем остров во архипелагот, малку поголем од Луксембург. Воедно е и најдолгиот, со растојание од 115 км во правец север-југ. Највисока точка на островот е врвот на Брусиловата Ледена Купола (416 м).[1]
Островот има сложена брегова линија со многу заливи, длабоки мораки ракави и ’ртови. На јужниот брег има три ’рта насочени кон југозапад: Нил (најзападниот), Краутер и Грант. Најисточниот ’рт ее наречен Мари. Двата ’рта насочени на север се Брус и Батенберг, одвоени со заливот Сомервил. Западниот ’рт на полуостровот е Муљтановски, по кој лежи ракавот наречен Архангелски Проток помеѓу Георговата и Александрината Земја. Ракавот наречен проток Кембриџ е сместен понатаму на југозапад. Островот нема постојани жители, туку само една сезонска истражувачка станица со сместивост од 10 лица.
Протокот Најтингејл се протега источно од Георговата Земја, одвојувајќи ја од Брусовиот Остров.
Ледници
уредиНајголемиот дел од земјиштето е под големи ледници и ледени куполи, како што се Брусиловата, Гретоновата, Ѕедуѕеовата, Зандеровата[2] и Магловитата Купола, Куполата на Научно-истражувачкиот институт за геологијата на Арктикот и куполата Пири. На северниот крај е полуостровот Армитиџ, кој нема ледници.[3]
Соседни острови
уреди- Давидово Островче (80°15' СГШ 47°33' ИГД) — мало островче кај југозападниот крај на Георговата Земја.
- Артуров Остров — остров на север од најсеверниот крај на Георговата Земја, одделен од него со протокот Ли Смит.
Историја
уредиГеорговата Земја за првпат е откриена во 1880 г. од британскиот истражувач Бенџамин Ли Смит.[4]
Џексон-Хармсвортовата експедиција во 1897 г. утврдила дека оваа територија е сочинета од два одделни острова — Георговата и Александрината Земја.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 (Prince) George Land - Franz-Joseph-Land (германски), Архивирано од изворникот на 3 декември 2013
- ↑ Toponymy of the Soviet Arctic Seas
- ↑ Земја на Франц Јосиф (руски)
- ↑ Capelotti, Peter Joseph (2013). Shipwreck at Cape Flora: The Expeditions of Benjamin Leigh Smith. University of Calgary Press. ISBN 978-1-55238-705-4. p. 164
- ↑ Capelotti, Peter Joseph; Forsberg, Magnus (2015). „The place names of Zemlya Frantsa-Iosifa: Leigh Smith's Eira expeditions, 1880 and 1881–1882“. Polar Record. 51 (256): 16–23. doi:10.1017/S0032247413000429. pp. 20f.
Надворешни врски
уреди- Георгова Земја на Ризницата ?
- „Руски Арктик - Земја на Франц Јосиф“. Архивирано од изворникот на 23 март 2010. Посетено на 14 март 2009. (англиски)