Градиште (Железнец)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Железник (Железнец))
Градиште

Карта

Местоположба 41°19′27″N 21°03′47″E / 41.32417° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.32417; 21.06306
Основни податоци
Место Железнец
Општина Демир Хисар
Тип

 населба  опидум


Период раноантичко време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Железнец. Претставува утврдена населба од раноантичко време, опидум од доцноантичкото време и средновековна тврдина. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од левата страна на патот Битола-Кичево, на низок издолжен рид со стрмни падини кон составот на Црна Река и малата притока Кушница. Наоѓалиштето е тешко пристапно, доминира над целиот предел и ја надгледува долината на Голема Река. Тврдината ги следи контурите на ридот и има елипсовидна форма со површина од околу 3 хектари. Одбранбениот бедем е цврст, граден од камен и варов малтер, и делумно е обновен во средновековието. На источната страна бедемот може да се следи во целост, а на одделни места јасно му се оцртува внатрешниот раб. На источната страна се гледаат остатоците од влезната порта, а на северниот агол се наоѓаат импозантни остатоци од кула. По површината на градиштето се забележуваат темели од повеќе објекти, фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, згура од топена железна руда, како и множество градежен материјал. Во непосредната близина на брегот на Црна Река се откриени повеќе гробови од доцноантичкото време.[1] Во римскиот период овој град бил забележан како Сидеро Кастрон — а во средновековието како Железник.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Демир Хисар и Демирхисарско низ вековите и денес - Ванѓелко Лозаноски, Битола 2005

Надворешни врски

уреди