Жан Мишел Жар

(Пренасочено од Жан-Мишел Жар)

Жан Мишел Андре Жар (француски: Jean-Michel André Jarre; р. 24 август 1948 во Лион, Франција) е француски композитор. Тој се смета за еден од пионерите на електронската музика, како и за голем иноватор, главно заради спектакуларните концерти коишто ги прави на отворено и коишто вклучуваат ласерски проекции и огномет, спојување на музиката со архитектурата и околината. Концертот на плоштадот Конкорд во Париз во 1979 има еден милион посетители, со што Жал Мишел влегува во Гинисовата книга на рекорди како човек кој собрал најмногу луѓе на концерт на отворено. Потоа следуваат уште неколку концерти со коишто Жал Мишел си ги руши сопствените рекорди: во Хјустон, Тексас (1,5 милиони луѓе), во Ла Дефанс, Париз (2,5 милиони луѓе) и најголемиот, за 850тата годишнина на Москва (3,5 милиони луѓе).

Жан Мишел Жар
Животописни податоци
Роден(а)24 август 1948
ПотеклоФранција Лион, Франција
Жанровиинструментална музика
електронска музика
њу ејџ музика
амбиентална музика
синтпоп
Занимањакомпозитор,
музичар,
продуцент
Инструментисинтисајзери
Период на активност~ 1971–
ИздавачиDisques Dreyfus
Polydor
Sony Music
Warner Music
Мреж. местоjeanmicheljarre.com

Дискографија

уреди

Концерти

уреди

Надворешни врски

уреди