Ени Либовиц
Ана Лу Ени Либовиц (родена на 2 октомври 1949 година) е американска фотографка која што во својот уметнички пристап негува уникатна соработка помеѓу фотографот и субјектот.
Ени Либовиц |
---|
Во раните седумдесети години на 20. век, работејќи за списанието Ролинг Стоун, почнала да фотографира познати музичари, актери и писатели. Од тоа време се нејзините добро познати насловни страници со портретите на Џон Ленон, Пети Смит, Боб Дилан и Боб Марли.
Биографија
уредиРодена е на 2 октомври 1949 година како трето дете на Мерилин Едит и Семјуел Либовиц во Вотербери, Конектикат.[1] Нејзиниот татко бил генерал во американската армија, од романско-еврејско потекло, а нејзината мајка била инструкторка по танц, од естонско-еврејско потекло.[2] Семејството често се преселувало поради работата на нејзиниот татко, а таа уште како дете фотографирала, кога била привремено на Филипините, за време на Виетнамската војна.[3] Нејзината страст за уметност се родила и се развивала под влијание на нејзината мајка.[4]
Го посетувала средното училиште Нортвуд во Силвер Спринг, Мериленд и тогаш уште повеќе се заинтересирала за уметност, па почнала да пишува и да компонира музика.
Либовиц го посетувала Институтот за уметност во Сан Франциско, каде што студирала сликарство, сакајќи да биде професор по ликовни уметности.[5] Во меѓувреме, почнала да добива инспирација од работата на Роберт Франк и Анри Картие Бресон, па ја променила и насоката на факултетот.[6] Во текот на следните неколку години ги развивала своите вештини и работела на повеќе работни места.
Кариера
уредиВлијанија
уредиНејзиниот фотоапарат послужил како добар начин да ја забележи вревата од протестите додека живеела во Сан Франциско. Либовиц посебно го наведува влијанието на францускиот фотограф Картие-Бресон врз својата работа, бидејќи од него открила дека фотографијата е пасош кон светот, пасош којшто ѝ овозможил да работи и да гледа нешта за коишто инаку не би имала прилика.[7]
Професионални почетоци
уредиДодека била студент по уметност, Либовиц го предала своето портфолио во новооснованото списание Ролинг Стоунс, коешто во Сан Франциско, во 1967 година се појавило како глас на новата генерација контракултурни млади умови. Првиот успех го забележала во 1970 година со фотографија на Џон Ленон за насловната страна на Ролинг Стоунс. Тоа било нејзина прва соработка со толку голема ѕвезда и почеток на сериозна фотографска кариера.
Списанието ја именувало како главен фотограф во 1973 година. Токму на таа позиција за кратко време ја докажала нејзината способност да го види тоа што другите не можат. Фотографирала сè, од политичари до рок ѕвезди. Нејзиниот стил на работа бил, беспрекорно да се интегрира во секојдневието на моделите и потоа да ги фотографира.[7]
Работа
уредиСо преселувањето на списанието Ролинг Стоунс во Њујорк во 1979 година, Либовиц доживеала пробив, бидејќи таа година бил означен почетокот на нејзиното истражување на потенцијалот на портретната фотографија, фотографија која што користи еден вид симболика за да дадат увид во душата на моделот, како што е, на пример, фотографијата на Бет Мидлер како лежи во море од рози.
Во декември 1980 година, Либовиц дошла во станот на Џон Ленон и Јоко Оно за да ги фотографира како обичен во својот дом. Надевајќи се на фотографија од нив двајца разголени, Либовиц ги замолила да се соблечат, но Јоко одбила. Како резултат на оваа средба постои сега добро познатата слика на двојката: Џон е гол, а Јоко е целосно облечена, испреплетени еден со друг на подот. Само неколку часа подоцна, Џон Ленон бил застрелан пред резиденцијата во Њујорк. Нивната слика се појави на насловната страница на следното издание на списанието Ролинг Стоунс коешто беше без наслов.
Како официјален фотограф на рок групата Ролинг Стоунс од 1975 година, Либовиц почнала редовно да користи дрога, првично како обид да се доближи до бендот, но на крајот морала да се ослободи од оваа навика, бидејќи негативно влијаела врз нејзиниот живот. Во раните осумдесетти, пријателски се разделила со списанието и заминала на рехабилитација за да се справи со својата зависност.
Нејзината кариера продолжува во списанието Венити Фер. Тогаш таа морала да направи огромен скок, од светот на Ролинг Стоунс и неговата врска со рокенролот, директно пред широката публика.
Многу од нејзините фотографии се сметаат за безвременски. Меѓу нив е и таа на голата Деми Мур во поодмината бременост. Провокативната насловна страница била крајно контроверзна и била повлечена од полиците на конзервативните малопродажници. Прашина се кренала и кога ја фотографирала полуголата 15-годишна ѕвезда на Дизни, Мајли Сајрус. Фотографијата била критикувана за прикажување премногу провокација.[7]
Разновидност
уредиВо текот на нејзината кариера, таа работела и во светот на маркетингот, вклучувајќи ги тука нејзините кампањи за Гугл, Американ Експрес, Дизни, Одборот за преработка на млеко во Калифорнија и многу други.
Нејзините дела се изложени во музеи и галерии ширум светот. Меѓу останатите признанија, доделена ѝ е наградата за животно дело на ICP, почесната награда Клио, наградата Гламур за визионер, наградата на Американското здружение на фотографи на списанија и почесен докторат на Факултетот за дизајн.
Исто така, Либовиц има објавено бројни книги коишто ја прикажуваат нејзината работа: Фотографии (1983), Фотографии: Ени Либовиц 1970–1990 (1991), Олимписки портрети (1996), Жени (1999), Американска музика (2003), Животот на фотографот: 1990 – 2005 (2006), Ени Либовиц на работа (2008), Аџија (2011) и Ени Лабовиц, во издание на Ташен во 2014 година.
Нејзината репутација како фотограф којшто создава визуелно впечатливи и психолошки интересни дела, ја прави исклучително барана. како за уметничка, така и за комерцијална дејност.[7]
Приватен живот
уредиЛибовиц има три ќерки. Првата, Сара Камерун Либовиц, е родена во октомври 2001 година, кога Ени Либовиц имала 52 години.[8] Потоа следеле близнаците Сузан и Семјуел, коишто се родени со помош на сурогат мајка во мај 2005 година.[9]
Либовиц била во врска со писателката Сузан Зонтаг од 1989 година до смртта на Сузан во 2004 година. Додека Сузан била жива, ниту една од нив не изјавила јавно дали нивната врска е платонска или романтична. Либовиц еднаш рекла за Сузан:
„ | Зборот „сопатник" или „партнер" не беа во нашиот речник. Ние сме две личности коишто си помогнале една на друга повеќепати во текот на нашиот живот. Најблизок збор за такво нешто е „пријател", но и „љубовник". Наречете нè љубовници. Го сакам тој збор, звучи романтично. Сакам да бидам прецизна, ја сакам Сузан. | “ |
Наводи
уреди- ↑ Editors, Biography com (2021-03-31). „Annie Leibovitz“. Biography (англиски). Посетено на 2021-07-26.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „Talking pictures with Annie Leibovitz: From Jagger to Trump, she“. The Independent (англиски). 2011-10-23. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ „Rachel Cooke on the Annie Leibovitz film, Life Through a Lens“. the Guardian (англиски). 2008-02-03. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ „Annie Leibovitz Photography, Bio, Ideas“. The Art Story. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ „Annie Leibovitz ~ Career Timeline | American Masters | PBS“. American Masters (англиски). 2007-01-03. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ Nast, Condé (2012-03-29). „Life through Annie's lens“. British GQ (англиски). Посетено на 2021-07-26.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 „Život i rad čuvene Eni Lebovic | VISOKA ŠKOLA ZA KOMUNIKACIJE“ (англиски). 2021-01-15. Архивирано од изворникот на 2021-07-26. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ „Annie Leibovitz by Jill Stanek“. web.archive.org. 2013-01-20. Архивирано од изворникот на 2013-01-20. Посетено на 2021-07-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Guthmann, Edward (2006-11-01). „Love, family, celebrity, grief -- Leibovitz puts her life on display in photo memoir“. SFGATE (англиски). Посетено на 2021-07-26.
Поврзано
уреди- Сајт за уметничка фотографија: Ени Либовиќ: Животот низ објективи
- Галерија на слики Ени Либовиќ
- Контакт Притиснете Слики
- Ени Либовиќ
- Интервју со Ени Либовиќ, 3 октомври 2006 година на радио станицата NPR во емисијата All Things Considered
- Интервју на форумот KQED на 26 октомври 2006 година Автор: Мајкл Красни Архивирано на 4 јуни 2009 г. Архивирано
- Интервју во Сан Франциско Хроника, 1 ноември 2006 година
- Преглед на изложбата на Ени Либовиќ „Американска музика“ во Музејот на уметност во Остин. Објавено во списанието Фотофил
- Мислите на Ени Либовиќ за Денот на планетата Земја 2006 година
- Би-Би-Си се извинува за прикажувањето на филмот „Angry Queen“.
- Биографија на Клубот на уметнички директори, портрет и слики од работа Архивирано на 4 јануари 2014 г.