Мадам Блаватска

(Пренасочено од Елена Блаватска)

Елена Петровна Ган (руски: Елена Петровна Ган 12 август [ст. ст. 31 јули] 1831, Екатеринослав, Украина, Руска Империја - 8 мај 1891, Лондон), позната како Хелена Блаватска (руски: Елена Блаватская) или Мадам Блаватска, родена Хелена фон Хан — основач на теозофијата и Друштвото на теозофи.[1]

Хелена Блаватска, основач на Друштвото на теозофи.

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Нејзини родители биле полковникот Петар Алексеевич Ган (Пётр Алексеевич Ган) или Peter von Hahn (1798-1873) од старо германско благородничко семејство и Елена Андреевна Фадеева (1814-1843), автор на повеќе новели под псевдонимот "Зенеида Р-ва ". Прогласена од страна на Белински за "руска Жорж Санд", умрела на возраст од 28 години, кога Хелена имала 11. Сестрата на Хелена Вера Желиковска била писател на окултна / фантастика. Сергеј Вите – руски министер и премиер за време на владеењето на царот Николај II – бил нејзин прв братучед. Во своите мемоари, грофот Вите се присетува на своите средби со Елена.
Од мајчина страна, баба и дедо на Елена биле Андреј Михајлович Фадеев, управител на Саратов, подоцна на Тбилиси, и неговата сопруга Хелена (родена Принцеза Долгорука) – и двајцата истакнати фигури во време на руското просветителство. Елена израснала во средина богата со спиритуалност и традиционалната руска митологија, што ја вовело во царството на натприродното.

Правнукот на Елена, Борис Цирков (1902-1981) бил активен член на Друшвото на теозофи и уредник на Собраните дела на Блаватска; нејзината правнука, исто така Елена (1935), која живее во Москва има зачудувачка сличност со Мадам Блаватска.

Првиот брак

уреди

Се омажила четири недели пред да наполни седумнаесет години, на 7 јули 1848, со четириесет годишниот Никифор Василевич Блаватски, заменик управник во Ереван. После три несреќни месеци, таа украла коњ и избегала преку планините назад кај дедо ѝ во Тбилиси.
Дедо ѝ веднаш ја испратил кај татко ѝ, кој бил пензиониран и живеел близу Сант Петерсбург. Отпатувал две илјади милји за да се сретне со неа во Одеса, но не ја нашол. Таа не се качила на паробродот, туку избегала со капетан на англиска едрилица на пат за Истанбул. Според нејзиното кажување, никогаш не ги исполнила брачните обврски, и цел живот останала девица.

Скитачките години

уреди

Според нејзината приказна која ја раскажала на својот подоцнежен биограф, годините од 1848 до 1858 ги поминала во патување по светот, и изјавила дека ги пропатувала Египет, Франција, Канада (Квебек), Англија, Јужна Америка, Германија, Мексико, Индија, Грција и секако Тибет каде две години учела со луѓето кои ги нарекувала Браќа.
Тврдела дека станала будист во Шри Ланка[2] а дека била иницирана во Тибет. Во Русија се вратила во 1858 година и прво отишла да се види со сестра си Вера, која како млада вдовица живеела во Ругодево, село кое го наследила од сопругот.

Агарди Метрович

уреди

Некаде во тоа време, таа го сретнала и останала со Агарди Метрович, Италијанец, оперски пејач. Некои извори тврдат дека имала неколку вонбрачни афери, останала бремена и родила деформирано дете, Јури, кое многу го сакала. Таа пишува дека Јури е дете на нејзините пријатели Метровичеви (C.W.I p. xlvi-ii, HPB TO APS p. 147). Во врска со оваа изјава, грофот Вите, нејзиниот прв братучед од страна на мајка ѝ, во своите мемоари изнесува (како што е цитирано од Гертруда Марвин Вилијамс), дека татко ѝ на глас го читал писмото во кое Метрович себеси се потпишал како "вашиот срдечен внук". Ова е доказ дека Метрович во тоа време се сметал себеси за сопруг на Хелена. Јури умира на петгодишна возраст, а Хелена изјавила дека во тој момент престанала да верува во рускиот ортодоксен Господ.

За смртта на Агарди постојат две различни верзии: според едната, Агарди умрел на 19 април 1870 во кревет, болен од треска и во делириум, а според другата умрел од експлозија во 1871 година, на патот за Каиро на бродот 'Евмониа'.

Њуjорк

уреди
 
Мадам Хелена Блаватска и Хенри Стил Олкот, адвокат, експерт за земјоделство и новинар кој ги покривал темите на феноменот на спиритуалноста.

Во 1873 година Блаватска се сели во Њујорк. Луѓето биле восхитени од нејзините психички способности, а тоа ја поттикнало да продолжи со работата како медиум. Меѓу другите психички и спиритуални науки од тоа време, медиумството засновано врз квазирелигијата наречена спиритуализам, започнато во Рочестер, Њујорк, било популарно поле на кое Блаватска ја изградила својата кариера.[3]

Во текот на својата кариера, таа тврдела дека демонстрирала подвизи како што се левитација, јасновидост, астрална проекција, телепатија, и друго. Исто така изјавила дека знаела да материјализира, односно да извади предмети од ништо, иако генерално повеќе ја интересирале 'теоријата' и 'законите' отколку демонстрирањето.

Во 1874, на фармата на браќата Еди, Хелена се сретнала со Хенри Стил Олкот, адвокат, експерт за земјоделство и новинар кој ги покривал темите на феноменот на спиритуалноста. Набрзо, почнуваат заедно да работат, а од тој период е нејзината книга "Откриениот Изис".

Се омажила по вторпат со Мајкл Бетанели, на 3 април 1875 година во Њуjорк. Се разделиле после неколку месеци, а разводот е извршен на 25 мај 1878 година. На 8 јули 1878, добила американско државјанство.[4]

Основање на Друштвото на теозофите

уреди

Во Њујорк, таа го основала Друштвото на теозофите, во септември 1875, заедно со Хенри Стил Олкот, Вилијам Кван Џаџ и други. Мадам Блаватска напишала дека сите религии се истовремено и вистинити по своите внатрешни учења и несовршени по своите надворешни вообичаени манифестации. Нејзините пишани дела го поврзуваат езотеричното спиритуално знаење со новата наука, и може да се сметаат за зачеток на она што денес се нарекува њу ејџ. Всушност, многумина истражувачи сметаат дека њу ејџ започнува со Блаватска.

Едно време живее во Филаделфија, каде имала проблеми со ногата. Изјавила дека за време на болеста претрпела "трансформација" што ја иснпирирало да го основа Друштвото на теозофи. Подоцна, на 12 јуни 1875 година, го опишала своето оздравување објаснувајќи дека ги отпуштила докторите кои предлагале ампутација на ногата. Забележана е нејзината изјава "Интересно, мојата нога заминува во духовниот свет пред мене!", и забележано е исто така дека ноќе ставала бело куче да спие врз нејзината болна нога.

Во Индија

уреди

Заминува во Индија, во Бомбај на 16 февруари 1879 година[5]. Во својата книга Окултен свет Синет го опишува нејзиниот престој од шест недели во неговиот дом во Алахабад.[6]

Некаде во декември 1880, за време на вечерна забава со друштво каде присуствувале и господин и госпоѓа Хјум, Блаватска извела материјализирање на изгубениот брош на госпоѓа Хјум.[7]

Во 1882 година, Друштвото на теозофи веќе било меѓународна организација.

Друштвото го води од овде едно време, но потоа се сели во Германија. Престојувала извесно време во Остенд (15 јули 1886 - 1 мај 1887) од каде била во контак со своите англиски пријатели, и каде напишала поголем дел од Тајната доктрина.[8] Конечно, се сели во Англија, во куќата на свој ученик, каде останува до крајот на животот.

Последните години

уреди

Во август 1890 година, формира "Таен круг" од 12 ученици, меѓу кои се Ани Бесант, грофицата Вачмејстер и други.[9]

Мадам Хелена Петровна Блаватска умира на 8 мај 1891 година, од компликации од грип.[10]

Нејзините последни зборови биле: "Не го прекинувајте ланецот! Не дозволувајте мојата последна инкарнација да биде неуспешна."

Нејзиното тело е кремирано. Една третина од пепелта е испратена во Европа, една третина во САД, а една третина е расејана во реката Ганг. Денот 8 мај теозофите го прославуваат како Ден на Белиот лотос.

Влијанија

уреди

Врз Блаватска извршиле влијание следниве автори:

  • Хелена Андреевна Фадеева, нејзината мајка
  • Вилијам Блејк
  • Едвард Булвер-Литон
  • Луис Жаколиот
  • Паскал Беверли Рандолф

Делата на Блаватска се појавуваат како влијателни кај следниве мислители, автори и уметници:

Дела

уреди

Повеќето нејзини дела се издадени како Собрани дела на Х.П. Блаватска. Оваа серија содржи 15 нумерирани тома.
Меѓу другите нејзини наслови се:

  • Откриената Изида, главниот клуч за мистериите на древната и современата наука и теологија, (1877)
  • Од пештерите и џунглите на Хиндустан (1879-80)
  • Тајната доктрина, синтеза на науката, религијата и филозофијата (1888)
  • Гласот на тишината (1889)
  • Клучот за теозофијата (1889)
  • Кошмарни приказни (1892)
  • Сеќавања на Х.П. Блаватска (1937)

Белешки

уреди
  1. 1891 England Census, showing a household including "Constance Wachtmeister Manager of Publishing Office; G.R.S. Mead, Author Journalist; Isabel Oakley, Millener; Helena Blavatsky, Authoress; and others"
  2. „Blavatsky and Buddhism“. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 2008-10-01.
  3. Blavatsky, Helena, Isis Unveiled, pg. xlv, Theosophical University Press: Pasadena, 1877.
  4. Naturalization[мртва врска] of Blavatsky
  5. Combined Chronology of The Mahatma Letters - Preface
  6. Occult World, A. P. Sinnett. Boston, 1882. p 42
  7. Occult World, A.P. Sinnett. Boston, 1882. p 80
  8. Letter to Mrs. Kingsford from Ostend, Aug. 23, 1886: "I am hard at work now, for I am afraid not to be able to finish my Secret Doctrine if I wait long."
  9. Theosophy timeline
  10. „Occult Investigations - The Work of Annie Besant and CW Leadbeater“. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2008-10-02.
  11. http://www.dlshq.org/download/modernsage.htm (Свами Сивананда ги читал делата на Друштвото на Теозофи и на Блаватска. Теозофските термини се среќаваат во неговите пишувања, посебно кога е тешко да се преведе некој збор од санскрит.)

Надворешни врски

уреди

Предлошка:External links

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Видео

уреди