Едрилица (брод)
Едрилица[1][2] — брод што се движи по вода користејќи едра. Овој поим вклучува различни видови пловила, од штици за едрење до поголеми едрилици што личат на вистински помали бродови.
Историја на едрилицата
уредиИсторијата на едрилиците ги опфаќа воените, трговските и туристичките бродови. Од превезување камен за градежни цели, на пр. за египетските пирамиди во стариот век до познатите поморски битки, управувањето со таков брод била важна, дури и клучна вештина. Во модерните времиња, едрилиците главно се користат за забава и рекреација, а денес едрењето исто така стана многу популарен спорт во современото општество. Многу љубители на овој спорт го споредуваат чувството на едрење со чувството на слобода.
Опис на едрилицата
уредиЕдрилицата, без оглед на нејзината големина, има 4 основни делови: труп, едро, перки и кормило. Секој од овие делови на едрилицата има посебна улога во пловењето, односно овозможуваат движење низ водата во одредена насока. Работата на еден од овие делови влијае на другите, а нивната поврзаност го одредува самиот карактер на бродот. Трупот е основа за фиксирање на јарболот со едрото, перката и кормилото. Она што е најбитно за неговиот облик е дека истиот мора да овозможи лесно движење низ водата без оглед на наваленоста на бродот. Мора да биде лесен и цврст, што значи дека мора да биде изграден од квалитетни материјали како дрво, фиберглас и метал. Трупот вклучува и воздушни комори кои обезбедуваат безбедно плутање.
Едрата го обезбедуваат основниот потисок на бродот. Изработени се од заоблени парчиња пластично платно наречена дакрон, кое дава најголем потисок со најмал отпор. Едрата се поделени во две групи; оние што се користат за стартување на бродот (главно едро и флок) и оние што се користат за зголемување на брзината (спинакер и џенова). Перката е дел од едрилицата која се наоѓа во средината на долната површина на трупот, а нејзината главна улога е да го спречи навалувањето на бродот. Поголемите едрилици имаат фиксирана перка со вграден баласт, додека помалите имаат перка што се крева и спушта низ дното на трупот. Кормилото има две улоги, да го контролира правецот на пловидба и да го намали страничното лизгање на бродот. Се состои од три дела, а тоа се лист, рудер и оков што ги поврзува овие два дела.
Посада на едрилицата
уредиВо зависност од големината на едрилицата, се менува и бројот на посадата. Основен член на посадата е кормиларот, а остатокот од посадата го сочинуваат морнари. Кормиларот го контролира опфатот на објектот и им дава наредби на морнарите, а исто така ги информира за секоја промена во насоката на пловење. Тој седи во преградата на едрилицата и се справува со кормилото и шкотот на главното едро. Што се однесува до морнарот, тој седи во предниот дел (среден дел) управувајќи со перката. Покрај тоа, морнарот исто така го дотерува едрото. Заедничките улоги на посадата на едрилицата се набљудување на просторот и балансирање на едрилицата. Покрај основната опрема прикачена на едрилицата, членовите на посадата мора да ги поседуваат следните додатоци; кофа, сунѓер, линии за прицврстување, сидро, мапи и резервна облека. Морнарите често се изложени на лоши временски услови, па затоа е многу важно да го заштитат своето тело. Основната заштита вклучува два слоја облека; првиот слој спречува губење на телесната температура (памучни кошули), вториот штити од ветер и вода, а треба да биде изработен од водоотпорен материјал. Задолжителна безбедносна опрема што мора да ја поседува секој член на посадата на едрилиците е појас за спасување.
Видови едрилици
уредиЕдрилиците бараат многу искуство и способност за навигација. Повеќето од овие бродови се достапни за чартер без посада. Едрилиците можат да се класифицираат според различни критериуми, како што се: според видот на конструкција на трупот (моноли, катамарани, тримарани), по конфигурација на едрата (слуп, кеч, кетбоут, итн...) по намена (крстарење, трки и спорт), бројот и изгледот на јарболите, распоредот на едрата и сл... Слуп е едрилица која има две едра, главно и предно едро, погодни за пловење со помош на ветер. Стабилноста на овој вид едрилици зависи од ширината на самиот брод. Туристичките едрилици за крстарење имаат поголема ширина од другите видови едрилици. Исто така, една од главните разлики помеѓу едрилиците за крстарење и другите едрилици е тоа што првите се значително подолги од другите. Тие во просек се долги 25 стапки (шест метри).
Наводи
уредиЛитература
уреди- Howard, Jim; Doane, Charles J. (2000). Handbook of offshore cruising: The Dream and Reality of Modern Ocean Cruising (2nd. изд.). Dobbs Ferry, NY: Sheridan House, Inc. стр. 36. ISBN 978-1-57409-093-2.
- C. A. Marchaj (2000). Aero-Hydrodynamics of Sailing (3rd. изд.). Saint Michaels, MD: Tiller Publishing. ISBN 978-1-888671-18-6.
- C. A. Marchaj (2003). Sail Performance: Techniques to Maximize Sail Power (2nd revised. изд.). Camden, km9ijh,uimyg0ME: International Marine/McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-141310-7.CS1-одржување: место (link)
- C. A. Marchaj (1996). Seaworthiness: The Forgotten Factor (Revised. изд.). Saint Michaels, MD: Tiller Publishing. ISBN 978-1-888671-09-4.
Надворешни врски
уреди- Видови едрилици
- Прирачник за основен курс за едрење
- SailboatData База на податоци за едрилица
- База на податоци на SailingtheWeb Sailboat
- Основни принципи на пловење
- Џонс меѓународни чамци: Директориум на едрилици, дизајнери, градители, здруженија и повеќе (15.000 записи)
- Веб-страница на Меѓународната едрена федерација