Дрво (растение)

(Пренасочено од Дрво (ботаника))

Дрвоповеќегодишно цврсто растение со многу разграноци извишени над земјата што стојат на стебло.[1] Некои стручњаци определуваат минимална висина, која се движи од 3 м[2] до 6 м;[3], додека пак некои даваат минимален пречник на стеблото од 10 см (обиколка од 30 см).[4] Дрвнеестите растенија што не го задоволуваат критериумите бидејќи имаат повеќе стебла и/или низок раст се нарекуваат грмушки, иако постојат многу дрва што не ги задоволуваат тие критериуми. Во споредба со највеќето други растенија, дрвата живеат значително подолго - некои достигнуват старост од неколку илјади години и висина од 115 м.[5]

Молики во националниот парк Пелистер
Стебло на секвоја

Дрвјата се важен дел од природните предели бидејќи спречуваат одрон на земјиштето и овозможуваат постоење на екосистеми кои се заштитени од временските прилики под нивните лисја. Играат важна улога и во производството на кислород, ја намалуваат содржината на јаглерод диоксид во атмосферата и ја регулираат температурата на почвата. Исто така претставуваат важни елементи во пределното уредување и земјоделството, како од естетски, така и од стопански причини (на пр. во овоштарството). Дрвниот материјал има големо значење во градежништвото и како извор на енергија (гориво). Дрвјата фигурираат во митологијата и народните преданија на најразлични култури.[6]

Класификација

уреди

Дрвото како растителен облик се јавува во голем број на редови и фамилии. Највеќето денешни дрвја се цветни растенија (скриеносеменици) и четинари. Растат во најразлични облици, со разни видови листови, кори и органи за размножување.

Како облик, дрвјата еволуирале во посебни класи, независно едно од други, како реакција на слични промени во животната средина, и како такви се класичен пример на паралелна еволуција. На светот постојат околу 100.000 видови дрвја, што претставува 25% од сите видови растенија.[7] Најголем број на видови виреат во тропските региони и сè уште не ѝ се доволно познати на ботаниката.[8] Првите дрволики организми биле дрвенестите папрати, пршликите и пречицовидните, кои растеле во шуми во периодот карбон, но овие растенија се прадрвја, а не вистински дрвја, бидејќи немале дрвенести ткива. Вистинските дрвја се развиле во периодот тријас, кога се јавиле класите со дрвенесто ткиво како четинарите, гинката, цикасовите и другите голосеменици. Во периодот креда се појавиле и цветните растенија во облик на дрвја.

Мала група дрвја се нарекува шумјак или забел, а поголемо подрачје густо обраснато со дрвја се нарекува шума. Неколку биотопи во природата зависат од дрвјата што виреат во тоа подрачје. Вакви примери се дождовната шума и тајгата. Пошироките предели каде дрвјата се поретки, а меѓу нив доминираат тревнати површини се нарекуваат савани. Шумата со голема старост се нарекува прашума.

Морфологија

уреди
 
Хиперион“ - највисокото дрво во светот

Дрвото ги има следниве делови: корења, стебло, гранка, ластегарки и листови. Стеблото се состои главно од потпорно и преносно ткиво (ксилем и флоем). Дрвниот материјал има ксилемски клетки, а кората е сочинета од флоемски и други ткива кои не се поврзани со васкуларниот комбиум. Дрвјата можат да бидат егзогени и ендогени, зависно од начинот на кој се зголемува пречникот на стеблото. Егзогените дрвја, каде спаѓаат највеќето (сите четинари и речиси сите широколисни дрвја) растат со придодавање на нов слој, веднаш под кората. Ендогените пак, кои се главно монокотиледонски (на пр. алоето и дракената), растат со придодавање на материјалот во облик на засебни снопови во рамките на постоечкото стеблено ткиво.

Родовите и видовите на дрвјата се препознаваат по нивниот облик, особеностите на кората, листовите, цветовите и плодот. Листовите можат да бидат листопадни или зимзелени.[2][3]

При растот, егзогените дрвја образуваат годови, кои се прстени од дрвен материјал што нараснуваат на постоечкото ткиво. Видовите што растат во деловите од светот каде има разни годишни времиња имаат годови со разни нијанси и тврдини.[3] Во умерените појаси и тропските појаси со по една промена „суво-влажно“, годовите се создаваат во текот на една година (пар од посветол и потемен прстен). Во подрачјата со две суви и две влажни сезони, годината ја претставуваат два пара од светли и темни прстени. Во полупустинските региони со нередовни врнежи, годовите растат по секој дожд.[9] Во тропските дождовни шуми со рамномерни временски услови годовите не се видливи и дрвото има една боја. Годовите се показател за староста на дрвото, која се утврдува со нивно броење (дендрохронологија), но кај тропските дрвја ова е неизводливо поради отсуството на забележливи годови, а истото важи и за ендогените дрва.

Корењата на дрвото се главно под земја, закотвувајќи ја надземната биомаса и служат за впивање на вода и хранливи состојки од почвата. Иако корењата се од суштинска важност за растот на дрвото, над 90% од биомасата е производ на јаглерод диоксидот што дрвото го прима од атмосферата (вид. фотосинтеза).[10] Над земјата, стеблото ги извишува гранките со лисја, со што дрвото се натпреварува со околните растенија за што повеќе сончева светлина. Кај многу дрвја, гранките се така распоредени за да се добие најголема можна изложеност на сонце.

Знаменити дрвја

уреди

Најзнаменитите дрвја во светот се рекордери во извесна класа. Ова може да биде висина, пречник или обиколка на стеблото, севкупна големина и возраст.

Највисоко
  1. Секвоја (Sequoia sempervirens): 115,56 м, примерок: „Хиперион“ во националниот парк Редвуд, Калифорнија, САД[11]
 
Поглед кон крошната на дрвото.
Најдебело
  1. Мексикански барски чемпрес (Taxodium mucronatum): 11,62 м, примерок: „Арбол дел Туле“ во Санта Марија дел Туле, Оахака, Мексико.[12] Тука се вклучени и потпорните делови при основата на дрвото; фактичкиот идеализиран пречник би изнесувал 9,38 м.[12]
Најголемо
  1. Џиновска секвоја (Sequoiadendron giganteum): 1.487 м3 (зафатнина), примерок: „Генерал Шерман“.
Најстаро
  1. Долговечен бор (Pinus longaeva), примерок „Метузалем“: 4.844 години[13]

Дрвото како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Дрвото како мотив во книжевноста

уреди
  • „Јавор цутит, јавор капит“ - македонска народна песна.[14]
  • „Дрво“ — песна на норвешкиот поет Беристерне Бернсон.[15]
  • „Кога би оделе дрвјата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[16]
  • „Летен ветер“ — песна за деца на Григор Витез.[17]
  • Дрвото на јаничарите“ - роман на писателот Џејсон Гудвин.[18]
  • „Бреза и даб“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[19]
  • „Топола“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.[20]
  • „Дрво“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.[21]
  • „Суво дрво“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[22]
  • „Даб“ — песна на Блаже Конески.[23]
  • „Стебло“ — песна на Блаже Конески.[24]
  • „Песна за маслинките“ — песна на Блаже Конески од 1953 година.[25]
  • „Дрвче пресадено од Кожув“ — песна на Блаже Конески од 1984 година.[26]
  • „Младиот кедар“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[27]
  • „Меѓу дрвјата“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[28]
  • „Круша“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[29]
  • „Одмазда“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[30]
  • „Исекоа три дрвја“ (шпански: Cortaron tres arboles) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[31]
  • „Дрвце дрвце“ (шпански: Arbolé arboleé) - песна на Федерико Гарсија Лорка.[32]
  • Зимски дрвја“ (англиски: Winter Trees) - поетска збирка на американската писателка Силвија Плат од 1971 година.[33]
  • „Принцезата бреза — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.[34]
  • „Дрво што крвави“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[35]
  • „Две стебла благуни“ - песна на Анте Поповски.[36]
  • „Сама бука“ - поема на Анте Поповски.[37]
  • „Два јавора“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[38]
  • „Антијар“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1828 година.[39]
  • „Круша“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[40]
  • „Под орев“ - краток расказ на македонскиот писател Димитар Солев.[41]
  • „Високи дрвја“ - песна на полскиот поет Леополд Стаф.[42]
  • „Дрво“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[43]
  • „Бреза и јавор“ — песна на Стојан Тарапуза.[44]
  • „Борови“ — песна на Стојан Тарапуза.[45]
  • „Даб“ - краток расказ на македонскиот писател Васко Ташковски.[46]
  • „Цртеж на самотијата“ — расказ на македонската писателка Цветанка Трпкова.[47]
  • „Непознато дрво“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[48]
  • „Дрво“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[49]
  • „Копнежливо дрво“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[50]
  • Дрво на ридот“ - песна од истоимената книга на македонскиот поет Ацо Шопов од 1980 година.[51][52]

Дрвото како мотив во музиката

уреди
  • „Еден ден во животот на дрвото“ (англиски: Day in the life of a tree) — песна на американската рок-група Бич бојс (Beach Boys) од 1971 година.[53]
  • „Расчленување на дрвјата“ (англиски: Decomposing Trees) — песна на американската рок-група Galaxy 500 од 1989 година.[54]
  • „Сенки и високи дрвја“ (англиски: Shadows And Tall Trees) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1981 година.[55]
  • Дрвото Џошуа“ (англиски: The Joshua Tree) — музички албум на У2 од 1987 година.[56]
  • „Дрво“ (англиски: Timber) — песна на британската музичка група Колдкат (Coldcut) од 1997 година.[57]
  • „Имав сон за исушено дрво“ (англиски: I had a dream of a dead tree) — песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[58]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
  2. 2,0 2,1 Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.
  3. 3,0 3,1 3,2 Mitchell, A. F. (1974). A Field Guide to the Trees of Britain and Northern Europe. Collins ISBN 0-00-212035-6
  4. Utkarsh Ghate. Field Guide to Indian Trees, introductory chapter: Introduction to Common Indian Trees“. Архивирано од изворникот (RTF) на 2005-05-26. Посетено на 25 јули 2007.
  5. Gymnosperm Database: Sequoia sempervirens
  6. Going Out On A Limb With A Tree-Person Ratio, Morning Edition, National Public Radio. 12 ноември 2008.
  7. „TreeBOL project“. Посетено на 11 јули 2008.
  8. Friis, Ib, and Henrik Balslev. 2005. Plant diversity and complexity patterns: local, regional, and global dimensions : proceedings of an international symposium held at the Royal Danish Academy of Sciences and Letters in Copenhagen, Denmark, 25–28 мај 2003. Biologiske skrifter, 55. Copenhagen: Royal Danish Academy of Sciences and Letters. стр 57-59.
  9. Mirov, N. T. (1967). The Genus Pinus. Ronald Press.
  10. „Jonathan Drori on what we think we know | Video on“. Ted.com. Архивирано од изворникот на 2010-05-13. Посетено на 18 октомври 2010.
  11. „Gymnosperm Database: Sequoia sempervirens. Посетено на 10 јуни 2007. Hyperion, Redwood National Park, CA, 115.55 m
  12. 12,0 12,1 Gymnosperm Database: Taxodium mucronatum Архивирано на 9 јануари 2010 г.
  13. Gymnosperm Database: How Old Is That Tree? Архивирано на 12 мај 2017 г.. проверено на 17 април 2008
  14. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 33.
  15. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 85-86.
  16. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 57-58.
  17. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 58-59.
  18. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
  19. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 55.
  20. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 51-52.
  21. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 79-80.
  22. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 47.
  23. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 38.
  24. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 39.
  25. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 24.
  26. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 97.
  27. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 73.
  28. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 71.
  29. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69.
  30. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 72.
  31. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 66.
  32. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 73-74.
  33. Vladislava Gordić Petković, „Opasno leto 1953: lekcije o suicidu“ во: Silvija Plat, Stakleno zvono. Beograd: Laguna, 2017, стр. 16.
  34. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 9-10.
  35. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 8.
  36. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 67.
  37. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 171-172.
  38. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 49-51.
  39. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 173-174.
  40. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 32-34.
  41. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 36-37.
  42. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 19.
  43. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 26.
  44. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 71.
  45. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 27.
  46. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 68.
  47. Цветанка Трпкова, Раздавање на душата. Скопје: Темплум, 2023, стр. 65.
  48. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 35-36.
  49. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 241.
  50. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 85.
  51. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 156.
  52. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160.
  53. YouTube, Beach Boys - A Day In The Life Of A Tree (пристапено на 10.5.2017)
  54. Discogs, Galaxie 500 ‎– On Fire (пристапено на 8.11.2022)
  55. Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021)
  56. U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.
  57. Coldcut – Let Us Play! (пристапено на 25.5.2022)
  58. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди