Јулијан Тувим (полски: Julian Tuwim; 1894-1953) - полски поет.

Јулијан Тувим
Јулијан Тувим
Роден/асептември 13, 1894(1894-09-13)
Лоѓ, Полска
Починат/адекември 27, 1953(1953-12-27) (возр. 59)
Закопане, Полска
Занимањепоет
НационалностПолјак
Книжевно движењеСкамандер
Значајни наградиЗлатен ловор на Полската академија за литература
Сопруг/аСтефанија Тувимова (од 1919)

Животопис уреди

Тувим е роден во Лоѓ, во еврејско граѓанско семејство. За време на Втората светска војна емигрирал во САД.[1]

Творештво уреди

Како најголем поет во рамките на групата „Скамандар“, Тувим истовремено бил најпопуларниот и највлијателниот полски поет меѓу двете светски војни. Тој е еден од најплодните и најсилните полски поети, одличен версификатор кој во стихови го претворал сето она што го видел и доживеал. Тувим ја демократизирал, оживеал и осовременил полската поезија, воведувајќи го обичниот, малиот човек од гетото, од продавниците и од кафеаните. Тој се залагал и пишувал поезија која може да ја разбере обичниот граѓанин. Парадоксално, тој постојано се борел против малограѓанството, но истовремено секогаш останал во неговите рамки, немоќен да ги надмине малограќанскиот вкус, етика и естетика. Сите негови дела изгледале нови, привлечни и пристапни, а неговата поезија извршила влијание на неколку генерации полски поети. Причината за тоа лежи во тоа што неговата поезија е секојдневна, улична, кафеанска и новинарска. Затоа, тој бил застапен и во книжевните списанија, и во книгите, како и во училишните читанки, во кабареата, во хумористичните списанија, а неговите песни се пееле на радио и се прераскажувала меѓу боемите во вид на вицеви или епиграми. Недостатоците на неговата поезија се типични за сите поети од групата „Скамандар“ и за нивните следбеници: Тувим не бил способен да ја надмине традицијата од XIX век. Така, за време на престојот во САД, тој воопшто не бил во тек со современите тенденции во европско-американската поезија, туку останал заглавен во полското минато пишувајќи во својата недовршена старомодно поема „Полско цвеќе“ бескрајни рими за старата Полска и за старата Варшава. Поради тоа, неговата поезија денес нема следбеници, туку претставува само чесен крај на една епоха во развојот на полската поезија.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 31-32.