Дрвото Џошуа (албум)
„Дрвото Џошуа“ (англиски: The Joshua Tree) — албум на ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) од 1987 година.
Технички информации
уредиАлбумот е објавен од страна на дискографската куќа „Ајланд рекордс“ (Island Records Ltd.) во 19XX година. Продуценти на албумот се Даниел Ланоа (Daniel Lanois) и Брајан Ино (Brian Eno), снимател е „Флад“ (Flood), дополнителен инженер бил Дејв Миган (Dave Meegan), а помошник-инженер - Пет Макарти (Pat McCarthy). Три песни од првата страна на албумот се мискирани од Стив Лиливајт (Steve Lillywhite), додека другите песни се мискирани од Марк Валас (Mark Wallace) чиј помошник бил Мери Кетл (Mary Kettle).
Песните застапени на албумот биле снимени во „Виндмил лејн студиос“ (Windmill Lane Studios), во Даблин. Песните се објавени од страна на „Блу маунтин мјузик“ (Blue Mountain Music Ltd.). Фотографијата на обвивката на албумот (на која се прикажани членовите на групата во едне пуст крај) е дело на Антон Корбијн (Anton Corbijn), а дизајнот е дело на Стив Аверил (Stephen Averill) и фирмата „The Creative Dept. Ltd.“ од Даблин.[1]
Содржина
уредиНа албумот се наоѓаат 11 песни:[2]
Страна 1:
- Where the Streets Have No Name
- I Still Haven’t Found What I’m Looking For
- With or Without You
- Bullet the Blue Sky
- Running to Stand Still
Страна 2:
- Red Hill Mining Town
- In God’s Country
- Trip Through Your Wires
- One Tree Hill
- Exit
- Mothers of the Disappeared