Генерал Шерман (дрво)
Генерал Шерман (англ. General Sherman) е името на една џиновска секвоја. Ова е најголемото дрво на светот, а воедно и најголемото живо битие на светот. Зафатнината на трупот му изнесува 1487 [[м3]] (2002). Староста му е некаде околу 2.200 години. Дрвото се наоѓа во Џиновската Шума во Секвојскиот национален парк во САД, источно од Висалија, Калифорнија.
Дрвото е именувано во чест на Вилијам Текусме Шерман, водач во Американската граѓанска војна од страна на природонаучникот Џејмс Волвертон во 1879 г. Волвертон бил поручник во 9-тата Коњица на Индијана под команда на Шерман. Порај ова, утописката социјалистичка заедница наречена Кавејска колонија, која се преселила во околината во 1880-тите, го именувала дрвото во чест на Карл Маркс.[1] Дрвото било востановено како најголемо во 1931, по спорот наспроти блиското Генерал Грантово дрво. По овој спор запремнината на дрвата насекаде почнала да се смета за решителен фактор.[2]
Статистика
уредиДолжина (м) | |
---|---|
Висина над основата | 83,8 |
Обем при основата | 31,1 |
Максимален пречник при основата | 11,1 |
Пречник на 1,5 м над основата | 8,25 |
Пречник на 18 м над основата | 5,3 |
Пречник на 55 м над основата | 4,3 |
Пречник на најголемата гранка | 2,1 |
Висина на првата голема гранка над основата | 39,6 |
Просечна раширеност на крошната | 32,5 |
Проценета запремнина на стеблото (м3)[3] | 1.486,0 |
Поврзано
уреди- Хиперион — највисокото дрво на светот
- Список на славни дрва
- Шампионски дрва
- Дрво-национален шампион
- Метузалем (дрво) — најстаро поединечно дрво на светот
Наводи
уреди- ↑ „The Biggest of the Big Tree: the top five giant sequoias“. The Kaweah Commonwealth. Архивирано од изворникот на 2007-03-01. Посетено на 2007-08-13.
- ↑ van Pelt, Robert. „The Trees“. Forest Giants.
- ↑ C. Phillip Weatherspoon. „Sequoiadendron giganteum (Lindl.) Buchholz“. USDA. Архивирано од изворникот на 2008-06-30. Посетено на 2007-08-13.
Надворешни врски
уреди- За Дрвото Генерал Шерман - Служба на националниот парк Архивирано на 5 октомври 2006 г. (англиски)
- Повеќе слики и информации за дрвото Генерал Шерман Архивирано на 13 декември 2007 г. (англиски)
- Карти и воздушни фотографии за 36°34′55″N 118°45′04″W / 36.581944° СГШ; 118.751111° ЗГД
- Карти од WikiMapia, Google Maps, Live Search Maps, Yahoo! Maps или MapQuest
- Топографски карти од TopoZone или TerraServer-USA