Драган Џаиќ

југословенски фудбалер

Драган Џаиќ (српски: Драган Џајић; Уб, 30 мај 1946 година) — поранешен југословенски фудбалер, репрезентативец и претседател на Црвена ѕвезда.

Драган Џаиќ
Драган Џајић
Џаjиќ пристигнувајќи во Амстердам во 1970 година, на квалификацискиот натпревар против Холандија .
Лични податоци
Роден на 30 мај 1946(1946-05-30)(78 г.)
Роден во Уб, ФНРЈ
Позиција лево крило
Младинска кариера
1961–1963 ФК Црвена ѕвезда
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1963–1975 ФК Црвена ѕвезда 590 (365)
1975–1977 ФК Бастија 56 (31)
1977–1978 ФК Црвена ѕвезда 25 (5)
Репрезентација
1964–1978 Југославија 85 (23)

Се сметал за еден од најдобрите југословенски фудбалери на сите времиња. Имал одиграно 85 натпревари за национална селекција, од 1998 до 2004 година, претседател на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда на чие чело се наоѓал две децениии во различни функции. Џаиќ како тогашен технички директор на Црвена ѕвезда творец е на најзлатните генерации во историјата на тој клуб, со кој го достигнал врвот со освојувањето на УЕФА Лига на шампиони во мај 1991, и Интерконтинталниот куп.

Животопис

уреди

Џаиќ е роден 30 мај 1946 година на Уб. Со своите петнаесет години станал член на фудбалскиот клуб ФК Црвена звезда, откако претходно одлично играл на еден турнир во Валево и ловците од добрите клубови одма го забележале. Кога стигнал до првата селекција на јуниорите, само шест месеци подоцна е префрлен во првата екипа. Александар Обрадовиќ му дал шанса на 6 мај 1963 година, кога во зезоната 1963/64 ја освоил првата шампионска титула и стана предводник на новата генерација која трипати по ред (1968, 1969 и 1970) и 1973 ја освоил титулата во Југословенското првенство и четри титули во Југословенскиот куп.

За сениорска репрезентација на Југославија дебитирал на 17 јуни 1964 година во Белград, на натпреварот против Романија (1:2).

На Европското првенство во фудбал 1968 година — Куп на нации одржан во Италија, Џаиќ на 5 јуни во Фиренца, на натпреварот против светските шампиони репрезентацијата на Англија го совладал англискиот чувар Велсон и ја довел Југославија во финалето.

1969 година по изборот на Спортскиот дневен лист е прогласен за најдобар спортист во Југославија.

Во сезоната 1970/71 Џаиќ е исклучен во четвртфиналето на УЕФА Лига на шампиони на натпреварот против Карл Цајс Јан и добил забрана на играње од три натпревари. Поради тоа не можел да игра против Панатинаикос во полуфиналето, кога Црвена Ѕвезда била поуспешна во Белград со 4:1, a поразена во Атина со 3:0. На 11 октомври 1972 година во Лондон, Џајќ го срушил дотогашниот рекорд на Бранко Зебец по бројот на одиграни натпревари.

Учестувал на Светското првенство 1974 година во Западна Германија, во првиот натпревар се сретнале со светскиот првак Бразил со кој одиграле нерешено. Постигнал рекордна победа против репрезентацијата на Конго, Џаиќ постигна еден гол. Меѓутоа, по пласманот во втората фаза на првенството репрезентацијата на Југославија ги загубила сите три натпревари и тоа било за нив крај на првенстовото.

Две сезони (1975 и 1976) преминал во ФК Бастија, каде за францускиот прволигаш одиграл 80 натпревари, се врати во Црвена Ѕвезда чии дрес последен пат го носечл на 28 мај 1978 во Мостар. Од репрезентацијата се простил на 16 септември 1979 година на пријателскиот наптревар против Аргентина (4:2) на Маракана. За Црвена ѕвезда одиграл рекордни 590 натпревари со постигнати 287 гола. За репрезентацијата на Југославија одиграл 85 натпревари.

Црвена ѕвезда на Џаиќ во 1979 година му ја понудила улога на технички директор на клубот со кој има постигнато највеќе успеси во иситоријата на Црвена ѕвезда. По лошите резултати на Црвена ѕвезда и здравствените проблеми, Џаиќ во 2004 година се повлејкол од местото претседател на Црвена ѕвезда

Сомневање за проневера

уреди

Драган Џаиќ на 5 февруари 2008 г. заедно со Владимир Цветковиќ и Милош Маринковиќ биле уапсени поради сомневање дека се проневерени 5 милиони евра од трансвери на фудбалерот Горан Друлиќ од Црвена ѕвезда во шпанскиот клуб Сарагоса[1].

Џаиќ е ослободен но 4 јули 2008 г., а против него не е подигнатато обвинение. Во ноември 2012 со одлуката на претседателот на Република Србија Томислав Николиќ, Драган Џаиќ е ослободен од кривично гонење со што била завршена постапката против Џаиќ која траела четри години.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Dragan Džajić uhapšen zbog transfera Drulića“. Blic.rs (српски). 2015-11-30. Посетено на 2018-02-27.

Надворешни врски

уреди