Страшо Ончев
Страшо Ончевски — македонски учител и автор на монографии за села во општината Градско.
Страшо Ончевски | ||
Роден | 24 јануари 1933 Горно Чичево, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | учител |
Животопис
уредиСтрашо Илиев - Ончевски (Шијаков) — роден е во село на 24 јануари 1933 година во велешкото село Горно Чичево во средно имотно семејство.[1] Основно образование завршува во Долно Чичево и Градско.[1] Потоа се запишува на Учителската школа во Скопје. По завршување на школата е назначен за учител во селото Подлес во училиштето Милан Тевчев, потоа во село Горно Чичево, а потоа е назначен за директор на основното училиште во Долно Чичево. Во 1964 година се доселува во Велес и работи како наставник во ОУ Васил Главинов. Со отворањето на улилиштето со целодневен престој „Блаже Конески“ повторно го менува своето работно место.[1] Во 1993 година се пензионира и продолжува активно да пишува.
Дела
уредиНегова прва книга е „Монографија за селата Горно Чичево и Подлес“ издадена во 1995 година. Исто така е автор на книгите „Монографија за селото Долно Чичево“ (1997) и „Сеќавања на минатото“ (2004), неговата автобиографија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ончевски, Страшо (1995). Монографија за селата Горно Чичево и Подлес. Велес: Графичар. стр. 89.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |