Мушанци
Мушанци — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско.
Мушанци | |
Координати 41°34′14″N 21°59′58″E / 41.57056° СГШ; 21.99944° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 173 м |
Мушанци на општинската карта Атарот на Мушанци во рамките на општината | |
Мушанци на Ризницата |
Географија
уредиМушанци се наоѓало на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско на исток од него. Денес местото му припаѓа на атарот на с. Џидимирци (чиј атар е делумно во Општина Градско, но претежно во Општина Неготино).
Историја
уредиВо XIX век Мушанци било село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мушанци имало 400 жители, сите Македонци-муслимани.[2][3]
По Првата светска војна муслиманите се иселиле, а во селото се доселени српски колонисти, кои со свои средства откупуваат земја од атарот.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Mužanci) како турско село,[5] што несомнено е постаро сознание за потурченоста на неговите претходни жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6]
Родови
уредиМушанци било турско село
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Доселеници: Коџаммалардан (14 к.), Халваџилар (4 к.), Бајракталар (4 к.), Сејдилар (3 к.), Хоџалардан (1 к.), Абушлардан (6 к.), Ќерим-Османлар (4 к.), Мала-Хамилер (4 к.), Мемет-Еминлер (3 к.), Дели-Меметлерден (1 к.), Фератлар (1 к.), Кадирлардан (17 к.), Кома-Аџилардан (2 к.), Маќаилерден (2 к.), Ајдинлардан (4 к.), Кара-Османлар (1 к.), Ибчелерден (1 к.), Вејселерден (1 к.) и Османбашалар (5 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Јашарлар (1 к.) доселени биле околу 1860 година од селото Кара Синанли; Демировци (1 к.) доселени биле во 1920 година од селото Водоврати, македонски муслимани; Јашарлар (1 к.) доселени биле во 1920 година од селото Орта Караслар; Велијовци (1 к.) доселени биле во 1921 година од Кавадарци, македонски муслимани.[7]
Иселеништво
уредиСелото е раселено, а иселеници највеќе има во Турција.
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Мушанци“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
- ↑ Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 - 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 27. Посетено на 30 јануари 2014.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)