Грамаѓе (Долно Чичево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Грамаѓе

Карта

Местоположба 41°32′26″N 21°52′13″E / 41.54056° СГШ; 21.87028° ИГД / 41.54056; 21.87028
Основни податоци
Место Долно Чичево
Општина Градско
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Грамаѓенаселба од римското време во атарот на селото Долно Чичево, Македонија. На 1 километар североисточно од селото, на површина од околу 3 хектара, при орање на нивите се пронајдени ѕидови градени од камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, мермерна архитектонска пластика и многу градежен материјал. Од ова наоѓалиште потекнува мермерна статуа на облечена жена, зачувана во висина од половина метар. Според Воислав Радовановиќ, од ова место потекнува и една плоча со грчки натпис, посветена на Зевс, Хера и Аполон, која се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 73. ISBN 9989-649-28-6.