Гран при Монтреал 2010

Гран при Монтреал 2010 било првото издание на Гран при Монтреал, еднодневна професионална велосипедска друмска трка, која се одржала во Монтреал, Квебек, Канада. Била одржана на 12 септември 2010, како последна трка во UCI ProTour 2010. Со Гран при Квебек, која се одржала два дена порано на 10 септември 2010, изданието во 2010 било последното од двете застанувања во Северна Америка за UCI ProTour 2010.[1] Била дел и од Светскиот ранкинг на UCI.

Гран при Монтреал 2010
Детали за трката
Date 12 септември 2010
Растојание 193,6 км
Добитници на наградите
Победник  Роберт Гесинк (ХОЛ) (Рабобанк)
Втор  Петер Саган (СВК) (Ликвигас-Доимо)
Трет  Рајдер Хесједал (КАН) (Гармин-Транзишанс)
2011

Патеката се состоела од три искачувања во секој круг и била наменета за специјалистите за искачувања. Искачувањата се состоеле од:[1]

  • Километар 2: Кот Камилјен-Уд: 1,8 километри со просечен наклон од 8%
  • Километар 6: Кот де ла Политехник: 780 метри со просечен наклон од 6% и делница од 200 метри со наклон од 11%
  • Километар 11: Авену ду Парк: 560 метри со просечен наклон од 4%

Забелешка: На последното искачување се наоѓа и целта

Екипи

уреди

Дваесет и една екипа била поканета на Гран при Монтреал 2010.

Екипи од UCI Pro Tour:

Екипи повикани со специјална покана:

  • Канадска национална екипа

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време Бодови
1   Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк 4ч 58′22″ 80
2   Петер Саган (СВК) Ликвигас-Доимо + 4" 60
3   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Транзишанс + 4" 50
4   Ајмар Зубелдија (ШПА) Тим РадиоШек + 4" 40
5   Максим Монфор (БЕЛ) Тим ХТЦ-Колумбија + 4" 30
6   Самуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9" 20
7   Леонардо Дуке (КОЛ) Кофидис + 14" 10
8   Александар Ботчаров (РУС) Катјуша + 14" 8
9   Франческо Гаваци (ИТА) Лампре-Фарнезе Вини + 14" 6
10   Алесандро Балан (ИТА) Верандас Вилемс + 14" 2

Наводи

уреди