Гран-при Монтреал
Гран-при Монтреал (француски: Grand Prix Cycliste de Montréal) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Монтреал, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 12 септември 2010 година, како завршен настан во UCI ProTour 2010.
Лого на трката | |
За трката | |
---|---|
Датум | септември |
Регион | Монтреал, Квебек, Канада |
Месно име | Grand Prix Cycliste de Montréal (француски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Груп Серди |
Историја | |
Прво одржување | 2010 |
Одржувања | 10 (до 2019) |
Прв победник | Роберт Гесинк (ХОЛ) |
Најмногу победи | Грег ван Авермат (БЕЛ) 2 победи |
Неодамнешен победник | Грег ван Авермат (БЕЛ) |
Со Гран-при Квебек, која се одржува два дена порано, Гран-при Монтреал е една од единствените две трки во Северна Америка на Светската турнеја на UCI. Во 2014 година, Сајмон Геранс станал првиот кој постигнал двојна канадска победа, освојувајќи ги Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал, во истата година. Во 2018 година, истиот подвиг го направил и Мајкл Метјус.
Тек
уредиГран-при Монтреал не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга точка, туку кружна трка. Возачите возат 17 круга, од по 12,1 километар секој круг. Во текот на круговите, возачите треба да искачат три искачувања: Кот Камилјен-Уд (1,8 км долг и просечна нагорнина од 8%), Кот де ла Политехник (780 м долг и просечна нагорнина од 6%) и Авени ду Парк (560 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на ридот Авени ду Парк.
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Возач | Изданија |
---|---|---|
2 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 2016, 2019 |
- Возачите со закосени букви се активни
Победи по држава
уредиПобеди | Држава |
---|---|
3 | Белгија |
2 | Австралија |
1 | Италија, Холандија, Норвешка, Португалија, Словачка |