Октав Мирбо
Октав Мирбо (француски: Octave Mirbeau) (16 февруари 1848 - 16 февруари 1917) — француски писател, драматург, критичар и памфлетист. Најважни дела му се романите Распетие (1886), Опатот Жил (1888), Себастијан Роk (1890), Градина на мачењето (1899) и Дневникот на една собарка (1900). Исто така, тој се смета за многу важен авангарден интелектуалец од крајот на XIX и почетокот на XX век.
Октав Мирбо | |
---|---|
Мирбо на возраст од 52 години | |
Занимање | Писател, драматург, критичар |
Националност | Француско |
мрежно место | |
http://mirbeau.asso.fr/ |
Животопис
уредиСвојата кариера Мирбо ја започнал како новинар и како писател кој за пари пишувал книги по порачка. Мирбо бил активно вклучен во граѓанскиот живот на Франција: ги поддржувал анархистите, а застанал во одбрана на Алфред Драјфус за време на познатата афера. Во поголемиот дел од својот живот жестоко застапувал антимилитаристички, антиклерикални и феминистички идеи и ги застапувал правата на работниците и нивните синдикати. Исто така, се залагал за укинување на работата на децата, за правото на бесплатно образование, за укинување на смртната казна, се борел против рускиот царски режим и против репресијата врз јапонските дисиденти. Најпосле, Мирбо бил еден од основачите на Академијата Гонкур.[1]
Книжевно творештво
уредиНа почетокот на својата книжевна кариера, Мирбо пишувал книги по порачка, а дури подоцна почнал да објавува под свое име. Тој бил плоден автор и објавил околу 1200 куси раскази и други текстови. Најважни дела му се трите автобиографски романи: „Распетие“ 91886), „Опатот Жил“ (1888) и „Себастијан Рош“ (1890), како и романите „Градина на мачењето“ (1899) и „Дневникот на една собарка“ (1900).[2]
Исто така, Мирбо бил активен и како книжевен и ликовен критичар. Притоа, тој го поддржувал творештвото на Огист Роден, Клод Моне, Камиј Писаро, Пол Сезан, Пол Гоген, Огист Реноар, а бил еден од првите критичари кои високо ги вреднувал делата на Винсент ван Гог. Како книжевен критичар, тој го открил белгискиот симболист Морис Метерлинк, а пишувал критички текстови и за делата на: Реми де Гурмон, Марсел Швоб, Леон Блој, Алфред Жари и Валери Ларбо.[3]
Мирбо ги објавил следниве дела:
- Le Calvaire (Распетие) (1886).
- L'Abbé Jules (Опатот Жил) (1888).
- Sébastien Roch (Себастијан Роk) (1890).
- Dans le ciel (1892-1893).
- Les Mauvais bergers (1897).
- Градина на мачењето (Le Jardin des supplices) (1899).
- Дневникот на една собарка (Le Journal d'une femme de chambre) (1900).
- Les affaires sont les affaires (1903).
- Farces et moralités (1904).
- La 628-E8 (1907).
- Le Foyer (1908).
- Dingo (Динго) (1913).
- Contes cruels (1990).
- Lettres de l'Inde (1991).
- L'Affaire Dreyfus (1991).
- Combats esthétiques (1993).
- L'Amour de la femme vénale (1994).
- Combats littéraires (2006).
- Correspondance générale (2003-2005-2009).
- Les Dialogues tristes (2007).
Книги за Мирбо
уредиНадворешни врски
уреди- Société Octave Mirbeau.
- Blog Octave Mirbeau (француски).
- Dictionnaire Octave Mirbeau (француски).
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |