Атриум (архитектура)
Латинскиот збор atrium се однесува на отворениот средиштен двор, кој водел до собите во староримската куќа, позната и како домус. Во архитектурата, атриум е голем отворен простор, кој обично е висок неколку спрата и има застаклен покрив и/или големи прозорци. Атриумите ги наоѓаме во рамките на деловни згради директно поврзани со главниот влез.
Латинскиот збор atrium се однесувал на отворен централен (вантрешен) двор, околу кој се наоѓале соби, кај големата римска куќа наречена домус.
Историја
уредиИмплувиумот бил плиток базен, длабок до дното за да ја апсорбира водата од дождот. Неколку примери, кои останале се убаво украсени. Отворот на таванот над базенот, бил еден вид заштита на кровот. Овој отвор, исто така претставува основа за разликувањето на петте различни стилови на атриум.
Во средиштето од куќата, атриумот бил највеликодушно наместената соба. Исто така, тој содржел мала капела за наследните духови (lararium), домашната безбедност (arca) и понекпгаш градите на господарот во куќата.
Пимот, исто така се употребувал и за да се разликуваат видовите на простор во јавните и религиозните градби, во најголем број форми на сводовите дворови во домашниот простор. Византиските цркви, често биле градени со отворен простор, типичен за џамиите, па овој поим се појавува и во исламската архитектура.
Римскиот атриум
уредиАтриумот првобитно бил спална соба за мајката на семејството во старото латинско домаќинство.
Друг симбол поврзан со атриумот било огништето. Во првобитните куќи, огништето симболизирало домашност, и било сместено во средиштето на атриумот кој бил центар на римскиот домашен живот. Но класичните римски куќи воопшто немаат огиниште во атриумот. Впрочем, останува неразјаснето каде ова значајно огниште се поместило.
Имплувиумот бил плиток базен вграден во подот на атриумот за прибирање на дождовница. Од некои останати примери денес можеме да видиме дека тие биле препрасно украсувани. Отворот во таванот над имплувиумот значел дека покривот морал да се потпира на нешто. А пропо ова, разликуваме пет типа на атриум:
- atrium tuscanium: Овој тип немал столбови. Тежината на таванот ја носеле дрвени скелиња. Иако ова било скапо за изградба, по сè изгледа дека ова бил најчестиот аранжман.
- atrium tetrastylum: Овој тип имал четири столба во секој агол на отворот.
- atrium corinthium: Овој тип бил сличен на atrium tetrastylum, но имал поголем отвор во покривот и поголем број на столбови.
- atrium displuviatum: Тука покривот бил закосен кон страничните ѕидови, така што големиот дел од дождовницата не одел во имплувиумот, туку по други канали.
- atrium testudinatum: Овој атриум немал отвор во покривот и го среќаваме само кај малите, неважни куќи.
Како центар на куќата, атриумот бил најраскошно украсената соба. Исто така тука се наоѓал мал олтар на родовските домашни духови (нарелен лалариум), домашниот сеф (арка) и биста на господарот на куќата.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Roth, Leland M (1993). Understanding Architecture: Its Elements History and Meaning. Oxford, UK: Westview Press. ISBN 0-06-430158-3. стр. 520