Герилско градинарство

(Пренасочено од Герила градинарство)

Герилско градинарствоградинарство кое се врши на туѓо земјиште без дозвола. Тоа опфаќа многу разновидна група на луѓе со најразлични мотивации, од ентузијастички градинари кои ги преминуваат своите законски граници па сè до политички мотивираниот градинар кој се обидува преку дирекно дејствување да предизвика промени.[1] Герилското градинарство се вмешува во имотните права и аграрната реформа. Земјиштето на кое се врши герилското градинарство е најчесто напуштено или запуштено од неговиот законски сопственик и герилските градинари го „заземаат“ за да одгледуваат растенија. Герилските градинари веруваат во преиспитување на имотните права, со цел земјиштето кое е запоставено или неправилно искористено да се преземе и да се пренамени.

Герилски градинари садат зеленчук во центарот на Калгари

Некои герилски градинари ги вршат акциите ноќе, во релативна тајност, садат и се грижат за бавчите или цветните градини. Некои ги вршат акциите преку ден за да бидат видени од заедницата во која работат. Тоа прерасна во една форма на проактивен активизам или про-активизам.

Историја

уреди

Најран запис за употребата на терминот герилско градинарство е од 1973 година, од Лиз Кристи и нејзината група наречена „Грин Герила“ во областа Бауери во Њујорк. Тие претвориле еден запуштен плац во градина. За плацот сè уште се грижат волонтери, но денес тој е под заштита на градските служби за паркови и зеленило. Уште пред да биде измислен терминот герилско градинарство, Џерард Винстенли од „Дигерс“ во Сари, Англија во 1649 и Џон „Еплсид“ Чепмен од Охајо, САД во 1801 година, биле познати герилски градинари. Герилското градинарство се одвива на многу места во светот, повеќе од триесет земји во кој е забележан овој феномен, а докази може да се најдат на интернет во бројните групи за герилско градинарство на друштвените мрежи и на форумите на GuerrillaGardening.org. Терминот герилско градинарство доста слободно се користи да се опишат разни форми на радикално градинарство. Тоа вклучува и градинарство како комплетно политички гест наместо чисто хортикултурна амбиција, таков пример е Лондонскиот протест за 1 мај во 2000 година, кога не се очекување да се направи градина која би опстоила подолг период. Терминот „подивување“ австралискиот градинар Боб Кромби го вовел како синоним на герилско градинарство.

Примери

уреди

Јута

уреди

Во Северна јута, по бреговите на каналите растат јаболкници. На бреговите на помалите ровови расте аспарагус. Многу од овие растенија биле посадени пред 150 години од работниците кои ги копале каналите, кои додека работеле фрлале семки од јаболките кои ги јаделе во свежо ископаната земја или скришум расфрлале семки по бреговите од каналот. Герилското градинарство продолжува и денес, поединци скришум садат овошје, повеќегодишни растенија, и цвеќиња во парковите, покрај патеките за велосипеди, итн. Некои герилски градинари ова го прават за да обезбедат храна. Таков е случајот со работниците на плантажата за банани Такамиче во Хондурас кои нелегално одгледувале зеленчук на напуштената земја на плантажата, наместо да престанат со затворањето на плантажата во 1995 година.

Просто генијално!!

уреди

Еден значаен пример на герилско градинарство се случи во мај 1996 година, кога 500 активисти од здружението „Земјата е наша“ (англиски: The Land is Ours), вклучувајќи го и новинарот Џорџ Монбиот, окупираа 53 000 квадратни метри запуштено земјиште на брегот на реката Темза во Вандерсворт во Јужен Лондон, сопственост на компанијата Гинес. Нивната акција имала за цел да се крене совеста за „ужасното погрешно искористување на урбано земјиште, недостатокот станбен простор по достапни цени и пропаѓањето на урбаната опрема“. На земјиштето изникна заедница наречена „Просто генијално!!“ (англиски: Pure Genius!!) (именувана според рекламната кампања на Гинес). Тие живееле таму пет и пол месеци пред да бидат иселени.

Градина за една ноќ

уреди

Подоцна на 1 јули 1996 година, “Градина за една ноќ“ (дански: Have på en nat) од страна на една данска група. Празно земјиште во центарот на градот Копенхаген во Данска беше претворено во градина за една вечер. ВО проектот учествувале околу 1000 луѓе.

1 мај 2000

уреди

На 1 мај 2000 година, Риклејм д Стритс (англиски: Reclaim the Streets) организирале масовна герилска градинарска акција на плоштадот пред парламентот во Лондон. По карневалска поворка со самба музика и велосипедска поворка од Хајд Парк, илјадници герилски градинари го заземаа плоштадот и садеа зеленчук и цвеќиња. Беше подигнато мајско дрво околу кое многумина од нив танцуваа. На плоштадот беа закачени знамиња со натписи како „Отпорот е плоден“, „Лондон нека изрти“, и „Земјата е наша заедничка ризница“, последниот е цитат од герилскиот градинар од седумнаесеттиот век Џерард Винстенли. Беше подигнат независен медиски центар, а на статуата на Винстон Черчил и направија фризура „четка“ од трева. Виновникот (поранешен Британски војник) беше казнет за вандализам.

Меѓународен герилски градинарски ден на сончогледот, 1 мај

уреди

Во 2007 година, герилска градинарска група од Брисел, наречени Бриселски Фармери, го прогласија 1 мај за Меѓународен герилски градинарски ден на сончогледот. Ова е ден кога герилските градинари низ светот садат сончоглед на јавни места во своите населби (оваа практика е ограничена на регионите во северната полутопка, каде климата и сезоната се соодветни за садење сончоглед). Првата година во акцијата учествуваа Брисел, Лондон и Бордо. Оттогаш, секоја година одзивот за настанот е сè поголем и се промовира преку мрежното место GuerrillaGardening.org. Во 2010 година повеќе од 5000 градови го пријавија своето учество.

Градина на заедницата на Лиф Стрит

уреди

Лиф Стрит е имот од 1 ар во Хулме, Манчестер, Англија, кое било урбана улица сè додека не го преземал Градскиот совет на Манчестер. Граѓаните, помогнати од групата Манчестер пермакултуре, го претворија имотот во вистинска градина на заедницата.

Абахлали бејсМџондоло

уреди

Јужноафриканското здружение на станари на колиби Абахлали бејсМџондоло има направено градини во повеќе населби кои се членови на нивното движење, како населбата Кенеди Роуд.

GuerrillaGardening.org

уреди

GuerrillaGardening.org е создадена во октомври 2004 година од Ричард Рејнолдс како блог за неговоите герилски градинарски подвизи во близина на Перонет Хаус, запуштен блок во лондонската област Елефент енд кесл. На почетокот, започнал само како еден фрустриран градинар кој се обидува да ја разубави својата населба, но неговото мрежно место го привлече интересот на герилските градинари од Лондон и пошироко, како и светските медиуми. Герилското градинарството на Рејнолдс досега стигна до многу делови од Јужен Лондон, а новостите за неговите активности ги инспирираа луѓето низ целиот свет да се вклучат со свој напор. Тој исто така работи и со други групи, некои локални и некои кои патуваат на акции во странство. Учествувал во герилски градинарски акции во Либија, Берлин и Монтреал. Денес, GuerrillaGardening.org сѐ уште функционира како негов блог, но вклучува и совети и форуми каде герилските градинари од целиот свет може да се поврзат со истомисленици. Неговата книга „За герилското градинарство“, која опишува и дискутира за активности во 30 земји, беше издадена во Велика Британија во 2008 година.

Ричмонд, Вирџинија, куќички за птици и градини

уреди

Во саботното утро на 26 април, тим на волонтери поставија 49 мали куќички за птици долж целата авенија Хановер во областа Фан во Ричмонд, Вирџинија. Куќичките биле изработени од непреработено дрво и направени за да обезбедат живеалишта за локалните птици песнопојки како царчињата и зебите каде ќе бидат безбедни од несаканите видови кои не потекнуваат од таму како сколовранците и европските селски ластовички. Акцијата била инспирирана од неколку локални настани. Како резултат на ова, герилското градинарството се прошири во Ричмонд, Вирџинија. Во 2006 година, Стај Викли имаше статија за герилското градинарство на уличка во близина на авенијата Хановер. Исто така, група наречена Трајсикл Гарденс започна со разубавување на уништени урбани простори во некои од најсиромашните населби во Ричмонд. Придобивките од овие напори се локално одгледана храна и подобро разбирање за поврзаноста помеѓу луѓето и природата. Волонтерите кои ги поставија куќичките за птици побараа од месното население да се грижи за нив кога сезоната на размножување ќе заврши. Куќичките се направени со вратичка која овозможува лесно чистење.

Кев Бриџ еко-село во Лондон, Англија

уреди

Во јули 2009 активисти за права на земјиште, се вселија на запуштен имот близу до градините Кју во западен Лондон. Кев Бриџ еко-селото е мала заедница на диви станари кој на имотот изградиле едноставни дрвени живеалишта и одгледуваат зеленчук.

Герилското градинарство во Австралија

уреди

Герлското градинарство е распространето во Мелбурн, каде повеќето северни предградија имаат заеднички градини со зеленчук, а на земјиштето покрај железничките пруги е вратена домашната вегетација. Постојат неколку помали несогласувања помеѓу герилските градинари во Мелбурн, кои може да се поделат во две групи: оние кои се за одгледување на домашни растенија и оние кои се за одгледување на храна. Сепак, иако имаат различни мислења тие работат заедно. Во Мелбурн, групата Мелбурн, групата Пермаблиц редовно дизајнира и гради бесплатни зеленчукови градини во предградијата, со цел да ги образува граѓаните на Мелбурн како да одгледуваат храна и да ги подготви за случај кога цените на храната нагло би се зголемиле. Програмата “Герилски градинари“ на една австралиската телевизиска мрежа, прикажува група градинари кои прават недозволени градинарски акции на државно земјиште.

Герилското градинарство во пракса

уреди

Герилските градинари се разновидна група на луѓе кои имаат различни цели,вредности и методи за градинарење на јавно земјиште. Некои поединци и мали групи имаат градини со марихуана скриени во национални шуми и скриени во полиња засадени со пченка. Постојат многу мрежни места кои даваат совети и искуства за како да ја зачувате вашата герилска градина со канабис од претставниците на законот и диви жетвари. Интернет форумите се главен извор за вакви информации, бидејќи на корисниците им овозможуваат анонимно да дискутираат за своите дела. Главна грижа им е како насадите да се скријат и да не се остават траги. Луѓето се впуштаат во овој вид на герилско градинарство за лична придобивка а не за политички, еколошки или естетски причини. Поради економскиот мотив, скриените посеви на канабис вообичаено не се поврзуваат со самопрогласените герилски градинари иако нивните тактики се многу слични.

Многу фригани (луѓе кои земаат храна од контејнери) и сличномисленици кои сакаат да живеат независно од земјоделско-индустриското стопанство, го имаат прифатено герилското градинарство. Урбаната популација е целосно зависна од фосилни горива за увозот на храна насекаде во светот. Просечен производ храна во супермаркет патува 2500 километри пред да стигне до својата цел. Истражување од 200 година покажува дека 231,9 тони од еден општински отпад се само од храна, што значи дека луѓето во просек фрлале 2 килограми храна секој ден во годината. Герилското градинарство е начин како да се стане поодржлив и понезависен.

Ризик од токсичност

уреди

Постојат ризици кога се садат растенија кои се јадат во близина на загадени места и патишта со многу сообраќај поради хемикалиите кои корените може да ги апсорбираат. На загадено земјиште растат токсични растенија. Научниците забележале дека одредени видови на растенија апсорбираат токсини од почвата и затоа може да се користат како механизам за намалување на хемиското загадување на почвата. Герилското градинарство може да се организира како независна акција за чистење на заедницата, но јадењето на растенија кои апсорбирале токсини ќе ги пренесе токсините во вашето тело. Треба да се внимава да не се јадат растенија кои растат во области каде е познато дека има хемиско загадување или загадена вода. Растенијата кои растат покрај улици со многу сообраќај исто така не треба да се јадат поради течењето на масла и други течности од автомобилите.

Наводи

уреди
  1. Reynolds, R. (2008), On Guerrilla Gardening: A Handbook For Gardening Without Boundaries. Bloomsbury ISBN 978-0-7475-9297-6

Надворешни врски

уреди