Рибејро Коуто (португалски: Ribeiro Couto) (12 март 1898, Сантос, Бразил - 30 мај 1963, Париз, Франција) - бразилски писател и дипломат.

Животопис уреди

Во 1928 година, Коуто влегол во дипломатијата, а како амбасадор служел во повеќе земји: Франција (во Париз и во Марсеј), Холандија, Португалија и Југославија. По петнаесетгодишен престој во Југославија, тој се пензионирал на возраст од 65 години, но на пат за Бразил, умрел во Париз, од срцев удар.[1]

Творештво уреди

Уште со своите први поетски и прозни дела, Коуто внел новост и свежина во бразилската книжевност. Во песните и во расказите тој обработува обични теми од секојдневието. Неговите први поетски книги, „Градината на тајните“ (1921) и „Мали поеми на нежноста и меланхолијата“ (1924) претставуваат најубавите бразилски документи од таа епоха, во кои се опеани теми од улиците и патиштата: за девојчето на малата станица, за дождот на стариот плоштад, за децата што одат со мајките на гробишта итн. Во 1922 година ја објавил првата збирка раскази, „Куќата на сивиот мачор“, а веќе во 1928 година ја добил наградата на Бразилската академија за книжевност, за книгата „Бајанката и други жени“. Неговите дела се преведени на француски, италијански, унгарски и шведски јазик.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286.