Парк
Парк е природен, полуприроден или уреден простор со зелена површина (дрва, грмушки, трева, цвеќиња и други растенија), наменет за разонода, рекреација и одмор на луѓето. Парковите може да се состојат од тревнати површини, карпи, дрвја, но и градежни објекти и други објекти, како: угостителски објекти, споменици, фонтани, направи за вежбање, направи за играње на децата или домашните миленици итн. Исто така, некои паркови вклучуваат и посебни терени за разни спортови, како и патеки за пешачење, велосипедизам итн. Најпосле, парковите се опремени со разна урбана опрема, како: клупи, маси, скари итн.
Паркот de Gagel во Утрехт, Холандија
Паркот како мотив во уметноста и во популарната култураУреди
- „Во паркот“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[1]
НаводиУреди
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 325.