Вадалка[1][2] — пренослив сад, обично со рачка и клун, кој се користи за рачно наводнување на растенијата. Траги за постоење на ваков вид на канта датираат од 17 век, и оттогаш кантата е многу подобрена. Кантата има и други намени, бидејќи е доста разноврсна алатка.

Неколку вадалки направени од лим
Вадалка направена од пластика
Зелена, дволитарска вадалка од галванизирано железо.

Капацитетот на кантата може да биде помеѓу 0,5 литри, кога се користи за полевање на домашни растенија, до 10 литри за работа во градина. Може да биде изработена од метал, керамика или пластика. На крајот од клунот може да има ружа, која служи протокот на вода да се разбие на помали капки и со тоа да се избегне голем притисок врз почвата или кревките растенија.

Историја

уреди

Во 1886 година, Џон Хос ја патентирал вадалката Хос.[3][4] На патентот пишувало „Овој нов изум формира канта за наводнување многу полесна за носење и навалување, а во исто време многу почиста и поудобна за употреба од која било друга што е претставена во јавноста.“[5] Хосовите вадалки биле прикажани во њујоршкиот магазин The Strategist во 2018 година [6] и 2019 година.[7] Тие биле препорачани и од англиските весници Индипендент [8] и Телеграф.[9]

Употреба

уреди

Вадалките најчесто ги користат градинарите за наводнување на растенијата, а исто така се користат и како украс или како симболични уметнички фигури.

Во популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „вадалка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „вадалка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „130 years of Haws“. Haws Watering Cans (англиски).
  4. „Traditional Craftsmanship at its Best with Haws Watering Cans“. Cuemars (англиски). Архивирано од изворникот на 26 ноември 2020. Посетено на 27 декември 2022.
  5. Fone, Martin (13 November 2021). „Who invented the watering can?“. Country Life (англиски). Future plc. Посетено на 30 November 2022.
  6. Notis, David (12 November 2018). „Why Are Gardeners So Crazy About the Haws Watering Can?“. New York (англиски).
  7. Notis, David (30 December 2019). „The Best Thing I Bought This Decade Is Haws's Status Watering Can“. New York (англиски).
  8. „10 best watering cans“. The Independent (англиски). 9 July 2015. Архивирано од изворникот на 2022-05-09.
  9. „Top 10 gardening accessories“. The Daily Telegraph. 2 June 2017.
  10. „Девојка са кантом за заливање“. Архивирано од изворникот на 31 март 2014. Посетено на 1 септември 2013.

Литература

уреди
  • Albardonedo Freire, Antonio, El Urbanismo de Sevilla durante el reinado de Felipe II. Sevilla, Guadalquivir Ediciones. Вадалка
  • Amirsadeghi, Hossein, editor. The Arts of Persia. New Haven: Yale University Press, 1989.
  • Brooke, Christopher Nugent Lawrence. The Age of the Cloister: The Story of Monastic Life in the Middle Ages. New Jersey: Hidden Spring, 2003.
  • Gerard Ciolek. Ogrody polskie (Gardens of Poland). Revised edition of the 1954 publication under the same title, updated and expanded by Janusz Bogdanowski. Warszawa: Arkady
  • Carroll, Maureen. Earthly Paradises: Ancient Gardens in History and Archaeology. London: British Museum Press, 1986.
  • Fischer, Hubertus; Remmert, Volker R.; Wolschke-Bulmahn, Joachim (2016). Gardens, Knowledge and the Sciences in the Early Modern Period. Birkhäuser. ISBN 978-3-319-26342-7.
  • Hindsley, Leonard Patrick. The Mystics of Engelthal: Writings from a Medieval Monastery. New York: St. Martin's Press, 1998.
  • Khansari, Mehdi et al. The Persian Garden, Echoes of Paradise. Washington, D.C.: Mage Publishing, 1998.
  • Lauterbach, Iris, The European Landscape Garden, ca. 1710–1800, EGO - European History Online, Mainz: Institute of European History, retrieved: March 25, 2021 (pdf), 2017.
  • Lawrence, C.H. Medieval Monasticism : Forms of Religious Life in Western Europe in the Middle Ages. New York: Longman, 2001.
  • Littlewood, Anthony, Henry Maguire, and Joachim Wolschke-Bulmahn. Byzantine Garden Culture. Washington, D.C.: Dumbarton Oaks, 2002.
  • Pona, Franceso, Sileno overo Delle Bellezze del Luogo dell'Ill.mo Sig. Co. Gio. Giacomo Giusti, 1620 Angelo Tamo, Verona
  • Pona, Franceso, Il Paradiso de' Fiori overo Lo archetipo de' Giardini, 1622 Angelo Tamo, Verona
  • Rogers, Elizabeth Barlow, Landscape Design: A Cultural and Architectural History. New York: Harry N. Abrams, Inc. 2001.
  • Stockstad, Marilyn and Jerry Stannard. Gardens of the Middle Ages. Kansas: University of Kansas, 1983.
  • Taylor, Patrick, The Oxford Companion to the Garden. Oxford: Oxford University Press, 2006.
  • Thacker, Christopher, The History of Gardens. California, University of California Press, 1979.
  • Threlfall-Homes, Miranda. Monks and Markets: Durham Cathedral Priory 1460–1520, Oxford: Oxford University Press, 2005.
  • Turner, Tom. Garden History, Philosophy and Design, 2000 BC–2000 AD. New York: Spon Press, 2005.
  • Villa, Paolo, Giardino Giusti 1993-94 pdf, with maps and 200 photos.
  • Żukow-Karczewski, Marek. Ogrody i sady w dawnej Polsce (Gardens and orchards in the old Poland), "AURA" (A Monthly for the Protection and Shaping of Human Environment), 11, 1987.

Надворешни врски

уреди