Стаклена градина
Стаклена градина (исто така наречена стакленик[1], или ако е со доволно греење, оранжерија) е структура со ѕидови и покрив направен главно од прозрачен материјал, како што е стакло, во кои растенијата бараат да се одгледуваат во регулирани климатски услови. Поради тоа што ѕидовите на оранжеријата се провидни и ја пропуштаат сончевата светлина која се апсорбира и ја заголемува топлината на внатрешноста тие овозможуваат поволни климатски услови кои влијаат за забрзано растење и зреење на растенијата кои се одгледуваат во нив.
Градба
уредиОвие структури се со големина од мали куќички до големина на индустриски згради. Минијатурен ефект на стаклена градина е познат како ладна рамка. Внатрешноста на стаклената градина изложена на сончева светлина станува се 'потопла од надворешната температура, заштитувајќи ја неговата содржина на ладно време. Многу комерцијални стакло пластеници или стакленици се високи технолошки производствени капацитети за зеленчук и цвеќиња. Стаклените оранжерии се полни со опрема, вклучувајќи скрининг инсталации, системи за греење, ладење, осветлување, и може да се контролира од страна на компјутерот за да се оптимизираат услови за раст на растенијата. Различни техники се користат за да се оценат степените на оптималност и односот на удобност на стаклениците. Микроклимата (на пример, температурата на воздухот, релативната влажност на воздухот и дефицитот на пареа под притисок) со цел да се намали ризикот на производство пред одгледување на одредена култура.
Дизајн
уредиОбјаснувањето дадено во повеќето извори за топлата температурата во стакленатa градина е дека случајното сончево зрачење (видливото и во соседните делови на инфрацрвени и ултравиолетови асортимани на спектарот) поминува низ стаклото на покривот и ѕидовите и се апсорбира од страна на подот, земјата, и содржини, кои стануваат потопли и повторно да се емитуваат на енергија, како долго-бранова должина инфрацрвено зрачење. Стаклото и другите материјали кои се користат за емисии на стакленички ѕидови не пренесува инфрацрвено зрачење, па инфрацрвена не може да избега преку радиативниот трансфер. Како структура не е отворена во атмосферата, топлина исто така, не може да избега преку струење на воздухот, па така температурата се крева внатре во стаклената градина. Ова е познато како "ефект на стаклена градина". Ефектот на стаклената градина, поради инфрацрвен-матен "стакленички гас", вклучувајќи го и јаглерод диоксидот и метанот, наместо од стакло, исто така влијае на земјата како целина; нема конвективни ладења како воздух за да не избега од земјата.
Функцијата на Стаклената градина
уредиГлавната функција на стакленикот се состои во тоа што ѕидовите кои се од стакло или проѕирна пластична фолија влијаат да се собира сончевата светлина односно инфрацрвените зраци, кои пак не можат да ја напуштат внатрешноста и тоа се зголемува температурата (топлината) на неговата внатрешност многу над температурата на надворешната средина, што пак влијае кои испуштаат растенија кои се одгледуваат во него позабрзано да растат и зреат. Феноменот ефект на стаклена градина го должи своето име на оваа одлика на стаклениците.
Стаклената градина често се користи за одгледување на цвеќе, зеленчук, овошје и тутун. Бумбарите се изабрани полинатори за поголемиот дел на опрашивање во стаклените бавчи, но се користат и други типови на пчели, како и вештачко опрашување. Во вакви услови доматот и другите градинарски растенија имаат период на зреење од 90 дена, со што се постигнуваат и по 4 берби (реколти) во годината, за разлика од растењето во природни услови на отворно кое овозможува само една берба годишно. Тутунот, зеленчукот и цвеќето се одгледуваат во стаклените градини во доцната зима и раната пролет, а потоа се пренесуваат надвор како што времето ќе затоплува. Започнатите билки се обично достапни на градинарите на пазарите за време пренесувањата (пресадувањата).
Стаклените градини се од сè поголемо значање во снабдување со храна за земјите со големите географски ширини. Најголемата комплекс стаклена градина на светот е во Лимингтон во Онтарио (во близина на најјужната точка на Канада) каде околу 0.8 км2 домат расте во целост под стакленикот. Во Македонија поглеми површини под стакленици постојат во Струмичко, Гевгелиско и Овче Поле (Светиниколско) каде пак се наоѓаат најсовремените и најмодерните стакленици на претпријатијата „Хорти Центар - Балкан Гринхаус“ (кој воедно служи и како центар за обука на градинари од целиот Балкан), „Томатоленд“ итн.
Опрема и технологија
уредиСовремените стакленици поседуваат и модерна и компјутеризирана (автоматизирана) опрема која што ги регулира климатските услови внатре во оранжеријата. Во тој однос современите стакленици поседуваат уреди за автоматизирано: наводнување, греење, проветрување (ветреење) преку проветрители, метеоролошка станица која покажува редности на инсолација односно сончево зрачење, ружа на ветрови, показатели на параметри за IEC-Ph вредности итн[2]. Покрај загревањето со сончевите зраци современите стакленици користат и дополнителни извори на греење како што се: природен гас, мазут или нафтени горива и топли термални води (како што е случај во стаклените оранжерии во Негорци, Гевгелиско и Банско (Струмичко)). Одгледувањето на растенијата во современите стаклени градини не мора да се одвива директно на самото земјиште на кое е изграден и се наоѓа стакленикот, туку тие може да се огледуваат и на различен број редови (16-23), на подвижни табли (платформи) за расад итн. преку методот хирдопоника кој подразбира одгледување односно засадување на различен тип на медиум како што се: земја односно различни видови почви донесени од други места, кокосови влакна, разни струготини од кора на дрвја (пелети или т.н. „пилевина“) итн[2].
Пластеник
уредиПластеник е вид на оранжерија односно варијација од стаклена градина каде наместо стакло се користи како провидна пластична фолија. Времето на изработка е многу побрзо а трошоците се значително пониски бидејќи пластичната фолија е многу поевтина од стаклото, но и е полесна за вградување. Поради поголемата едноставност и поевтината цена на чинење, пластениците се најраспространети ширум градинарството во цела Македонија, при што речиси секое помало земјоделско стопанство и селско домаќинство има барем по еден пластеник. Сепак кај пластениците постои непогодност што може полесно да бидат оштетени под дејство на силен ветер. Најчестиот изглед на пластениците е со засводен (заоблен) покрив посебно кај пониските градби, а неретки се и закосените покриви. Во значително голема мерка пластениците се користат и за расадничарство, односно за подготовка на расади на градинарски култури. За разлика од големите стакленици, греењето кај пластениците вообичаено се одржува со огревно дрво во ќумбиња, а поретко и со нафта. Исто така, поради помалата опременост, кај пластениците за разлика од модерните стакленици, целото одгледување и производство се одвива на самата почва на земјиштето на кое е подигнат пластеникот.
Галерија
уреди-
Современ стакленик на „Balkan Green House“ во околината на Свети Николе
-
Современ стакленик на „Balkan Green House“ во околината на Свети Николе
-
Современ стакленик на „Balkan Green House“ во околината на Свети Николе
-
Внатрешноста на стакленик
-
Пластеници во Овче Поле
-
Подготовка на семиња за расад, под мали пластични фолии во Скопско
-
Одгледување патлиџани во Стакленик „Balkan Green House“ Овче Поле
-
Одгледување патлиџани во Стакленик „Balkan Green House“ Овче Поле со методот хидропоника
-
Одгледување патлиџани во Стакленик „Balkan Green House“ Овче Поле со методот хидропоника
-
Пластеници во Овче Поле, Македонија
-
Пиперки под пластеник во Струмичко
-
Насади под пластеник во Струмичко
-
Одгледување на спанаќ под пластеник
-
Одгледување на ротквичка под пластеник
Надворешни врски
уреди„Стаклена градина“ на Ризницата ? |
- Enoshima Jinja Shrine Botanical Garden Архивирано на 24 август 2014 г.
- [1]
Наводи
уреди- ↑ „стакленик“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 Забележале Марио Шаревски и Иван Живковиќ при посета на „Horti Centar - Balkan Green House“ кај Св. Николе во рамки на Агроекспедиција спроведена на 02.03.2017
Дел од темата Хортикултура и градинарство |
Градинарство |
---|
Градинарство • Градина • Ботаничка градина • Арборетум • Ботаника • Растение |
Хортикултура |
Хортикултура • Земјоделство • Урбано земјоделство • Градска фарма • Органско полјоделство • Билна фарма • Разонодна фарма • Меѓусад • Фарма |
Обичаи |
Заштита на растенијата |