Музеј на Македонија

национален музеј на Македонија

Музеј на Македонијамузејска установа составена од повеќе музеи: Археолошки, Етнолошки, Историскиот оддел и Одделот за уметност, а која денес се наоѓа на крајот од Старата чаршија, под Скопското кале.

Музеј на Македонија
Главниот музејски комплекс
Карта
Основан1924[1]
МестоСкопје, Македонија Македонија
Типнационален
Мреж. местоwww.museum.mk

Историја уреди

Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 г., а во 1945 г. е востановен Народниот музеј на Република Македонија. Музејските збирки биле сместени во Куршумли ан, во зградата на „Метропол“ (плоштад Македонија) и во една зграда на тврдината Кале, која биле урната во катастрофалниот земјотрес во 1963 г. Во 1949 година посебните одделенија во Народниот музеј се трансформираат во Археолошки музеј на Македонија и Етнолошки Музеј на Македонија. Почетоците на Историскиот оддел датираат од 1952 г., кога е формиран Музејот на НОБ. Во 1953 г. е основан Историскиот музеј на Македонија со формирање на посебно одделение за истражувањње на Илинденското востание од 1903 година. Во 1976 г.е изграден музејскиот комплекс во кои и денес е сместен Музејот на Македонија, а чија вкупна површина на изнесува 9560 м2. Во 1984 г. трите музеи се интегрираат во комплексна институција Музеј на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски, во 1991 г. во рамките на музејот е формиран и посебен Оддел за уметност.

Дејност уреди

Основни дејности на музејот се истражување, прибирање, документација, презентација и публикување на муезјски материјал од наведените области. Покрај тоа, во рамките на музејот делуваат и кабинетот за нумизматика, антрополошкиот кабинет, лабораторијата за конзервација, секторот за едукација, како и одделението за маркетинг, чии активности се изработка и пласман на копии од најзначајните музејски експонати. Музејот исто така располага со добро опремена музејска библиоотека.

Музејски поставки уреди

Музејот обединува колекции од: археологија, историја, средновековна уметност и етнологија, кои се изложени на простор од околу 6000 м2.

Археолошката збирка ги опфаќа периодите од неолитот до средновековието низ артефакти кои потекнуваат од главните археолошки наоѓалишта, урбани центри и некрополи.

Историската поставка ја претставува духовната, културната и политичката историја од османскиот период до крајот на Втората светска војна.

Во Галеријата на икони се изложени најзначајните икони, иконостаси и фрескоживопис од повизантискиот период и од периодот на преродбата.

Етнолошкиот оддел ги презентира тематските целини од: народната архитектура, обичаите, музичките инструменти, носиите и накитот, везовите и ткаењата.

Во рамките на музејот е и зградата на Куршумли ан, во која е поставена изложбата на камени споменици - Лапидариум.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Воронцов, Барбара. „Евалуација на Музејот на Македонија“ (PDF). Скопје. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-08. Посетено на 2011-04-04. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски уреди

42°0′9″N 21°26′10″E / 42.00250° СГШ; 21.43611° ИГД / 42.00250; 21.43611