Кресненска Клисура

клисура во Пиринска Македонија

Кресненска Клисура (бугарски: Кресненски пролом, Кресненско дефиле или Кресненска клисура) — осма клисура по течението на реката Струма, меѓу Малеш на запад и Пирин на исток. Сместена е на територијата на општините Симитли и Кресна во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Ги поврзува Симитлиската Котлина на север и Светиврачко-петричката Котлина на југ.

Кресненска Клисура
Кресненски пролом
Реката Струма низ Кресненската Клисура
Надм. висина550 м
Должина18 км север - југ
Географија
МестоположбаПирин и Малешево, Пиринска Македонија
Координати41°46′05″N 23°09′18″E / 41.768° СГШ; 23.155° ИГД / 41.768; 23.155
РекаСтрума

Географски опис

уреди

Клисурата е од епигенетско потекло и има должина од 18 км, со средна надморската височина од 222 м. На изглед е е тесна, живописна, со стрмни страни, всечена длабоко во гранити и метаморфни карпи, од кои е изграден кресненскиот планински праг меѓу Пирин и Малеш. По всечените свиоци на реката се зачувани фрагменти од високи речни тераси.

Започнува источно од селото Крупник на 279 м.н.в. и се насочува право на југ. Во околината на Кресненското Анче е приближната средина на клисурата, при што тука надморската височина на водостојот е околу 222 м. По него реката Струма прави забележителни свиоци и кај градот Кресна излегува од клисурата на 168 м.н.в. и навлегува во најсеверниот дел на Светиврачко-петричката Котлина.[1]

Туризам

уреди

Во јужниот дел на клисурата, по двата брега на Струма, е сместен резерватот „Тисата“, каде е единственото збирно наоѓалиште на дива фоја во Бугарија.[2] Во климатски поглед, тука минува границата меѓу средоземната и континенталната клима, овозможувајќи огромна разновидност на животински и растителни видови, од кои добар делсе ендемски или реликтни. Много од овие видови се вклучени во Црвената книга на Бугарија и изречно споменати во европските закони и конвенции за заштита на природното наследство. Истовремено Кресненската Клисура претставува важен пат за преселба на крупни цицачи меѓу планините на Балканскиот Полуостров. Низ клисурата минува и една од главните воздушни магистрали за преселба на птиците од Европа кон Африка, наречена „Вија Аристотелис“.[3]

Бујните води на река Струма во Кресненската Клисура даваат добри услови за сплаварење.

Сообраќај

уреди

По целата должина на клисурата од север на југ минува 23-километарска делница од првокласниот пат I-1: ВидинМонтанаВрацаСофијаПерникГорна Џумаја – ГП „Кулата - Драготин“ (од 383,3. до 406,4. км).

Напоредно на патот целосно по левата (источна) падина минуваат и 20 км од железничката линија СофијаГорна ЏумајаКулата, со особено впечатливи мостови над малите леви притоки на Струма и осумте тунели, кои ги пресекуваат нејзините свиоци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 268.
  2. Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 470.
  3. „Кресненският пролом е оазисът на Виа Аристотелис“. Архивирано од изворникот на 2010-08-26. Посетено на 2020-02-13.

Надворешни врски

уреди