Гама Кефеј (γ Cephei, скратено Гама Cep, γ Cep) — двоен ѕвезден систем оддалечен приближно 45 светлосни години во северното соѕвездие на Кефеј . Примарната (означена како Гама Кефеј А, официјално именувана како Ерај или ер-Рај, традиционалното име на системот) [10][11] е ѕвезда од тип K1 портокалов џин или подџин; има придружник на црвено џуџе (Гама Кефеј B). Вонсончевата планета (означена како Гама Кефеј Аb, подоцна наречена Тадмор) е потврдено дека орбитира околу примарната ѕвезда.

Гама Кефеј

Местоположба на Гама Кефеј (средина)
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Кефеј
Ректасцензија 23ч 39м &1000000000002091000000020,910с[1]
Деклинација +77° 37′ &1000000000000565100000056,51″[1]
Прив. величина (V) 3.21[2]
Особености
{{{компонента}}}
Спектрален тип K1III-IV CN1[3]
U−B Боен показател +0.94[2]
B−V Боен показател +1.03[2]
Променлив тип можно[4]
Гама Кефеј B
Спектрален тип M4V[5]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−42,82 ± 0,30[6] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: –64.860[1] млс/г
Дек.: 171.159[1] млс/г
Паралакса (π)72.5167 ± 0.1470[1] млс
Оддалеченост44,98 ± 0,09 сг
(13,79 ± 0,03 пс)
Апсолутна величина (MV)2.62[7]
Орбита[8]
ГлавнаA
ПридружникB
Период (P)66.84±1.32 г.
Голема полуоска (a)1.419±0.012"
(19.56±0.18 АЕ)
Занесеност (e)0.4144±0.0066
Наклон (i)120.18±0.27°
Должина (Ω)18.32±0.78°
Перицентарска епоха (T)1991.581±0.048
Аргумент на перицентарот (ω)
(споредна)
340.49±0.50°
Полузамав (K1)
(главна)
1.898±0.014 км/с
Податоци
Гама Кефеј A
Маса1.294±0.081[8] M
Полупречник4,93 ± 0,04[9] R
Површ. грав. (log g)+3.18[6]
Сјајност11,6 ± 0,6[9] L
Температура4.792 ± 62[9] K
Вртежна брзина (v sin i)1.63[6] км/с
Старост3,25 ± 0,63[9] Гг.
Гама Кефеј B
Маса0.384±0.013[8] M
Други ознаки
Ерај, 35 Cep, BD+76°928, FK5 893, HD 222404, HIP 116727, HR 8974, SAO 10818
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Архив на вонсончеви планети— податоци
Енциклопедија на
вонсончеви планети
податоци

Гама Кефеј е ѕвезда која може да се види со голо око и таа ќе ја наследи Северница како северна поларна ѕвезда на Земјата, поради аксијална прецесија. Ќе биде поблиску до северниот небесен пол од северница околу 3000 г. „Титулата“ ќе и помине на Јота Кефеј некаде околу 5200 година од нашата ера.

Опис

уреди

Гама Кефеј има привидна ѕвездена величина од 3,21, од која речиси целата е примарната компонента, Гама Кефеј А. Тоа е двоен ѕвезден систем со орбитален период од 66,8 години и ексцентричност (овалност) од 0,14. Парот орбитира на растојание од 19,6 АЕ.[8]

Примарната ѕвезда е стара околу 3,25 милијарди години и еволуирала од главната низа, со спојување на целиот водород во нејзиното јадро.[9] Има 1,3 пати поголема од масата на Сонцето[8] и се проширила до 4,9 пати од полупречникот на Сонцето. Ѕвездата зрачи речиси 12 пати поголема од сончевата светина од нејзината фотосфера на делотворна температура од 4.792 K.[9] Секундарната компонента, Гама Кефеј В, има маса приближно 0,40 пати поголема од онаа на Сонцето.[5] Веројатно се работи за црвено џуџе од класата М4, за 6,2 степени послаба од примарната. Се претпоставува дека е на слична возраст на нејзината примарна ѕвезда.

Спектарот на оваа ѕвезда служел како една од стабилните точки на сидро според која се класифицираат другите ѕвезди. Била наведена како стандардна ѕвезда за спектралната класа K1 IV во 1943, 1953 и 1973 година[12]. Меѓутоа, во 1989 година, таа била дадена како спектрален стандард за K1 III-IV. Нејзиниот спектар е забележлив по јачината на лентите на цијано радикалот (CN).[3] Анализата на спектарот во 2018 година дала најдобар резултат за спектрален тип на K1 III.[9]

γ Кефеј е каталогизирана како сомнителна променлива ѕвезда со опсег на светлина помеѓу величините 3,18 и 3,24[4], врз основа на нејзиното вклучување во списокот на сомнителни променливи ѕвезди од 1884 година.[13]

Номенклатура

уреди

γ Кефеј (латинизирано во Gamma Cephei ) претставува Бајерова ознака на ѕвездата. Според правилата за именување објекти во повеќе ѕвездени системи, двете компоненти се означени A и B.[14] По нејзиното откритие, планетата била означена како Гама Кефеј Ab.

Системот носел традиционално име различно напишано како Ерај, Ер Рај или Алрај, што произлегува од арапското الراعي (ar-rā'ī), што значи „овчар“. (Ѕвездата Бета Змијоносец понекогаш се нарекува и Алрај, но попозната е како Цебалрај или Келб Алрај, што значи „овчарско куче“). Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите[15]. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ[16]; во кој била вклучена и Ерај за оваа ѕвезда.

Во јули 2014 година, Меѓународниот астрономски сојуз го започнал проектотNameExoWorlds, процес за давање соодветни имиња на одредени вонсончеви планети.[17] Процесот вклучува јавно номинирање и гласање за новите имиња.[18] Во декември 2015 година, Меѓународниот астрономски сојуз го објавил победничкото име Тадмор за оваа планета.[19] Истото било поднесено од Сириското астрономско здружение и е древно семитско име и современо арапско име за градот Палмира, место на светско наследство.[20]

На кинески, ѕвездата се вика 少衛增八,буквално, 8-та додадена ѕвезда на Xingguan Шаовеј, Shaowei [21] ) што припаѓа на левиот ѕид на виолетовото забрането заградување (紫微左垣), што се однесува на астеризам кој се состои од Гама Кефеј, Јота Змеј, Тета Змеј, Ета Змеј, Зета Змеј, Ипсилон Змеј, 73 Змеј и 23 Касиопеја.[22]

Планетарен систем

уреди

Планета која орбитира околу Гама Кефеј А со период од 2,7 години била откриена во 1988 година.[23] Нејзиното постоење било објавено и во 1989 година [24] Ова била првата потврдена вонсончева планета и нејзиното навидум откритие било засновано на истата техника на радијална брзина подоцна успешно користена од други. Сепак, тврдењето било оспорено во 1992 година со документ [25] кој ја фаворизирал варијабилноста на џинот К со период еднаков на ѕвезденото вртење, но во 2002 година, било потврдено постоењето на планета со период на орбита од околу 2,5 години.[26]

Секундарната ѕвезда В орбитира околу А на само 9,8 пати поголема од полуглавната оска на планетата А.[27] Орбитата на планетата е приближно нормална на орбитата на бинарниот систем. Динамичкото моделирање сугерира дека во системот улога има и Козај-Лидовиот механизам.[28]

Планетарен систем Гама Кефеј A[29]
Придружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(денови)
Занесеност Наклон Полупречник
b (Тадмор) 1,85 ± 0,16 MJ 2,05 ± 0,06 903,3 ± 1,5 0,049 ± 0,034

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Vallenari, A.; и др. (Gaia collaboration) (2023). „Gaia Data Release 3. Summary of the content and survey properties“. Astronomy and Astrophysics. 674: A1. arXiv:2208.00211. Bibcode:2023A&A...674A...1G. doi:10.1051/0004-6361/202243940. S2CID 244398875 Проверете ја вредноста |s2cid= (help). Запис на Gaia DR3 за овој извор на VizieR.
  2. 2,0 2,1 2,2 Hoffleit, D.; Warren, W. H. (1995). „VizieR Online Data Catalog: Bright Star Catalogue, 5th Revised Ed. (Hoffleit+, 1991)“. VizieR On-line Data Catalog: V/50. Originally Published in: 1964BS....C......0H. 5050: V/50. Bibcode:1995yCat.5050....0H.
  3. 3,0 3,1 Keenan, Philip C; McNeil, Raymond C (1989). „The Perkins catalog of revised MK types for the cooler stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 71: 245. Bibcode:1989ApJS...71..245K. doi:10.1086/191373. S2CID 123149047.
  4. 4,0 4,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: B/gcvs. Bibcode:2009yCat....102025S.
  5. 5,0 5,1 Neuhäuser, R.; и др. (2007). „Direct detection of exoplanet host star companion γ Cep B and revised masses for both stars and the sub-stellar object“. Astronomy and Astrophysics. 462 (2): 777–780. arXiv:astro-ph/0611427. Bibcode:2007A&A...462..777N. doi:10.1051/0004-6361:20066581. S2CID 17530531.
  6. 6,0 6,1 6,2 Jofré, E; Petrucci, R; Saffe, C; Saker, L; Artur de la Villarmois, E; Chavero, C; Gómez, M; Mauas, P. J. D (2015). „Stellar parameters and chemical abundances of 223 evolved stars with and without planets“. Astronomy & Astrophysics. 574: A50. arXiv:1410.6422. Bibcode:2015A&A...574A..50J. doi:10.1051/0004-6361/201424474. S2CID 53666931.
  7. Park, Sunkyung; и др. (2013), „Wilson-Bappu Effect: Extended to Surface Gravity“, The Astronomical Journal, 146 (4): 73, arXiv:1307.0592, Bibcode:2013AJ....146...73P, doi:10.1088/0004-6256/146/4/73, S2CID 119187733.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Mugrauer, Markus; Schlagenhauf, Saskia; Buder, Sven; Ginski, Christian; Fernández, Matilde (2022). „Follow-up observations of the binary system γ Cep“. Astronomische Nachrichten. 343 (5). arXiv:2203.04128. Bibcode:2022AN....34324014M. doi:10.1002/asna.20224014. S2CID 247315574 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Baines, Ellyn K.; и др. (2018). „Fundamental Parameters of 87 Stars from the Navy Precision Optical Interferometer“. The Astronomical Journal. 155 (1). 30. arXiv:1712.08109. Bibcode:2018AJ....155...30B. doi:10.3847/1538-3881/aa9d8b. S2CID 119427037.
  10. Rumrill, H. B. (June 1936). „Star Name Pronunciation“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. San Francisco, California. 48: 139. Bibcode:1936PASP...48..139R. doi:10.1086/124681.
  11. „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
  12. Garrison, R. F. (December 1993), „Anchor Points for the MK System of Spectral Classification“, Bulletin of the American Astronomical Society, 25: 1319, Bibcode:1993AAS...183.1710G, Архивирано од изворникот на 2019-06-25, Посетено на 2012-02-04
  13. Gore, J. E (1884). „A Catalogue of Suspected Variable Stars. With Notes and Observations“. Proceedings of the Royal Irish Academy. Science. 4: 267–410. Bibcode:1885PRIA....4..411G. JSTOR 20635921.
  14. Hartkopf, William I.; Mason, Brian D. „Addressing confusion in double star nomenclature: The Washington Multiplicity Catalog“. U.S. Naval Observatory. Архивирано од изворникот на 2011-05-17. Посетено на 2016-01-19.
  15. „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
  16. „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
  17. NameExoWorlds: An IAU Worldwide Contest to Name Exoplanets and their Host Stars.
  18. „NameExoWorlds The Process“. Архивирано од изворникот на 2015-08-15. Посетено на 2015-09-05.
  19. Final Results of NameExoWorlds Public Vote Released, International Astronomical Union, 15 December 2015.
  20. „NameExoWorlds The Approved Names“. Архивирано од изворникот на 2018-02-01. Посетено на 2015-12-30.
  21. Richard Hinckley Allen: Star Names — Their Lore and Meaning: Cepheus
  22. (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金.
  23. Campbell, Bruce; и др. (1988). „A search for substellar companions to solar-type stars“. The Astrophysical Journal. 331: 902–921. Bibcode:1988ApJ...331..902C. doi:10.1086/166608.
  24. Lawton, A. T.; Wright, P. (1989). „A planetary system for Gamma Cephei?“. British Interplanetary Society. 42: 335–336. Bibcode:1989JBIS...42..335L.
  25. Walker, Gordon A.H.; Bohlender, David A.; Walker, Andrew R. (1992). „Gamma Cephei: Rotation or Planetary Companion?“. Astrophysical Journal Letters. 396: L91–L94. Bibcode:1992ApJ...396L..91W. doi:10.1086/186524.
  26. Hatzes, Artie P.; и др. (2003). „A Planetary Companion to Gamma Cephei A“. The Astrophysical Journal. 599 (2): 1383–1394. arXiv:astro-ph/0305110. Bibcode:2003ApJ...599.1383H. doi:10.1086/379281. S2CID 11506537.
  27. Torres, Guillermo (2007). „The Planet Host Star γ Cephei: Physical Properties, the Binary Orbit, and the Mass of the Substellar Companion“. The Astrophysical Journal. 654 (2): 1095–1109. arXiv:astro-ph/0609638. Bibcode:2007ApJ...654.1095T. doi:10.1086/509715. S2CID 13255217.
  28. Huang, Xiumin; Ji, Jianghui (2022). „Extremely Inclined Orbit of the S-type Planet γ Cep Ab Induced by the Eccentric Kozai–Lidov Mechanism“. The Astronomical Journal. 164 (5): 177. arXiv:2209.01472. Bibcode:2022AJ....164..177H. doi:10.3847/1538-3881/ac8f4c.
  29. Endl, Michael; и др. (2011). News from the γ Cephei Planetary System. PLANETARY SYSTEMS BEYOND THE MAIN SEQUENCE: Proceedings of the International Conference. AIP Conference Proceedings. 1331. стр. 88–94. arXiv:1101.2588. Bibcode:2011AIPC.1331...88E. doi:10.1063/1.3556187.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Северница
Поларна ѕвезда
30005200
Наследник
Јота Кефеј