Ѕвезден каталог на Смитсоновата астрофизичка опсерваторија
астрометриски ѕвезден каталог
Ѕвезден каталог на Смитсоновата астрофизичка опсерваторија (англиски: Smithsonian Astrophysical Observatory Star Catalog) или SAO-каталог — астрометриски ѕвезден каталог. Објавен е во 1966 г. од Смитсоновата астрофизичка опсерваторија во Кембриџ, Масачусетс, и опфаќа 258.997 ѕвезди.[1][2][3][4] Составен е од претходни астрометриски каталози и содржи само ѕвезди до величина 9 со познато точно сопствено движење. Ставките во каталогот почнуваат со кратенката SAO, проследени од број. Броевите се водат според 18 десетстепени појаси на деклинација, а ѕвездите се подредени според нивната ректасцензија во рамките на секој појас.
Други називи | SAO-каталог |
---|---|
Вид попис | Ѕвезден каталог |
Наречен по | Смитсонова астрофизичка опсерваторија |
Објавен | 1966 |
Примери за ставки во SAO
уреди- SAO 67174 — Вега
- SAO 113271 — Бетелгез
- SAO 40012 — HD 277559
- SAO 158687 — ѕвезда прикриена од Уран на март 1977 г., што довела до откривање на прстените околу Уран.[5]
Наводи
уреди- ↑ Star Catalog: Positions and Proper Motions of 258,997 Stars for the Epoch and Equinox of 1950.0, Smithsonian Astrophysical Observatory Staff, Publications of the Smithsonian Institution of Washington, D.C., no. 4652, 4 vols., 1966 (преп. 1971.)
- ↑ Webpage on the SAO star catalog, B1950
- ↑ Catalog translated to J2000
- ↑ Интерактивно пребарување на каталогот (англиски)
- ↑ Millis, R. L.; Wasserman, L. H.; Birch, P. V. (1977). „Detection of rings around Uranus“. Nature. 267: 330–331. Bibcode:1977Natur.267..330M. doi:10.1038/267330a0.
Оваа статија од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |