Ѕвезден каталогастрономски каталог кој се однесува на ѕвездите. Во астрономијата, многу од ѕвездите се означени со броеви. Постојат голем број на различни ѕвездени каталози кои се направени за различни цели во текот на годините, а овде ќе вклучиме само некои од најкористените. Повеќето каталози се достапни во електронска форма и може слободно да ги симнете од центарот за податоци на НАСА, но и од други места (видете ги надворешните врски на крајот).

Илустрација на соѕвездието Персеј (по Персеј од грчка митологија) од ѕвездениот каталог објавен од германскиот астроном Јоханес Хевелиј во 1690 г.

Низ историјата

уреди

Првиот каталог на ѕвезди е составен од двајца Кинези астрономи Ши Шен и Ган Де, во4 век п.н.е.[1] Ши Шен ја составил книгата Ши Шен астрономија (石申天文, Shi Shen tienwen), а Ган Де Астрономско набљудување на ѕвездите (天文星占, Тјенвен сјингџен).[2]

Во 2 век, Птоломеј објавил ѕвезден каталог како дел од неговата книга Алмагест, а во неа се вклучени 1.022 ѕвезди кои биле видливи од Александрија. Овој каталог се користел во западниот и арапскиот свет повеќе од илјада години.

Поголем број на ѕвездени каталози се печатени од исламските астрономи во средниот век.

Обележување според Бајер и Флемстид

уреди

Два система од историските каталози се останати до денешни дни. Првиот систем доаѓа од книгата на Бајер Уранометрија и се однесува на сјајните ѕвезди. Вториот систем доаѓа од книгата на Џон Флемстид Historia coelestis Britannica.

Целосни небесни каталози

уреди

Бајер и Флемстид забележале само неколку илјади ѕвезди. Теоретски, целосните ѕвездени каталози се обидуваат да ги забележат сите ѕвезди на небото. Постојат буквално илјадници милиони а можеби и билиони ѕвезди кои се видени преку телескоп, па според тоа оваа задача е невозможна.

Каталогот HD е печатен во периодот 1918–1924. Го покрива целото небо до околу 9 или 10 магнитуда, и е посебен затоа што прв се обидува да го категоризира спектралниот тип на ѕвездите.

Белешки

уреди
  1. [1] Gan De. Crónicas del Bambú. (365 aC).
  2. [Peng, Yoke Ho (2000). Li, Qi and Shu: An Introduction to Science and Civilization in China. Courier Dover Publications. ISBN 0-486-41445-0]

Надворешни врски

уреди