Летен јоргован
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Усноцветни
Семејство: Будлеи
Род: Будлеја
Вид: Летен јоргован
Научен назив
Buddleja davidii
Франш.

Летниот јоргован (науч. Buddleja davidii, застарено Buddleia davidii) — грмушка од семејството Будлеи. Растението потекнува од северозападна Кина и Јапонија. Нашироко се користи како украсно растение, а се одгледуваат и многубројни сорти. И покрај името, ова растение не е јоргован.

Во многу земји, како на пример Англија, ова е инвазивно растение, а пак во сојузните држави Орегон и Вашингтон во САД, летниот јоргован се смета за штетен коров .

Овој вид е натурализиран во највеќето градови во средна и јужна Европа, каде може да се прошири по пустелии и градини. Летниот јоргован претставува важен дел од исхраната на многу видови на пеперутки.

Растението не е прилагодено на остри континентални зими, и угинува на температури под -15 °C до -20 °C.

Надворешни врски

уреди