Википедија:Викисредба (28 мај 2012)
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Следната редовна вики средба ќе се одржи на 28 мај 2012 година со почеток во 19:00 во EveryDay, Скопје (помош). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата.
Предлог дневен ред
уредиВрз основа на неодамнешните случувања, дневниот ред е соодветно прилагоден и ги содржи следните точки:
- Борба против вандализмот.
- ВикиПроект „Одржување“.
- ВикиНагради и годишно натпреварување.
- Училишни и факултетски проекти.
- Википедија на друштвените мрежи.
- Разно.
Ова е само предлог дневен ред, па доколку некој смета дека нешто е испуштено и треба да се додаде, слободно може да го предложи во делот за дискусија во продолжение од оваа страница.
Присуството го потврдија
уреди- Не можат да дојдат
- Јас, за жал, не сум во Скопје. --Brainmachine (разговор) 15:34, 26 мај 2012 (CEST)
Дискусија
уредиПрисутни
уредиВики средбата започна со мало задоцнување на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбата
уредиИако бев само јас пријавен за присуство на средбата, со Цобе и Димче се согласивме по телефон дека средбата ќе биде одржана. Со Цобе се сретнавме во Every Day неколку минути по 19 часот. Започнавме во опуштена атмосфера со разговор во врска со образованието во Македонија и можностите за напредок во кариерата, како и за работните места достапни за младите. Не се водевме според предложениот дневен ред, па во врска со Википедија започнавме со спорот во врска со статијата за Љубомир Цуцуловски, за што заклучивме дека е многу незгодно да се расправа за содржина во статија за жива личност и дека е неопходно секоја постапка да се спроведе со особена претпазливост. Разговаравме и за овогодинешната конференција на Викимедија во Берлин, како и нешто во врска со Викимедија Германија, Фондацијата и вработените во неа.
Некаде по еден час, кратко по 20 часот, ни се придружи и Димче, со кого продолживме малку посериозно. Најпрво, и нему му споменав за спорот од страницата за разговор со статијата Љубомир Цуцуловски, а ставот на Димче беше дека можеби би било подобро самата личност да се вклучи во дискусијата и да ги изнесе своите ставови. Понатаму, продолживме да зборуваме за НСНД во Охрид, што ќе се одржи на 9 и 10 јуни, а започнавме да правиме и планови за можноста Викимедија Македонија да овозможи присуство и на некои Википедијанци на настанот. Јас и Цобе сме заинтересирани, а идејата е да се пријават заинтересираните и понатаму да се одлучи на кој начин ќе се патува до Охрид. Повторно се спомена можната соработка и обезбедувањето на фотографии од музејот во Велес, како и за можна соработка со институции во Прилеп и обезбедувањето на книги во дигитален облик под некоја од лиценците за слободна документација. Се разбира, потѕребно е да се состанеме со вработените во овие институции и да се договориме во врска со идната соработка. Се зборуаше и за нашето учество како огранок во Асоцијацијата на ограноци на Викимедија, како и за некои други административни работи кои е потребно да бидат завршени. Во продолжение, поразговаравме и за здравството во Македонија и организацијата на здравествениот систем во споредба со некои други држави. Средбата заврши неколку минути по 22 часот, кога тројцата станавме и си заминавме.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:38, 30 мај 2012 (CEST)
Следна вики-средба
уредиЗа време на средбата се разговараше за понудата од страна на КИКА да го прифатиме вторник како ден во којто ќе ги користиме нивните простории. Ова би можело да доведе до зачестено одржување на Вики-средбите, но сепак сè уште не е ништо разјаснето. Според тоа, следната Вики-средба би требало да се одржи во последниот понеделник од месец јуни.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:38, 30 мај 2012 (CEST)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |