Дејан Василевски
Дејан Василевски, познат и по псевдонимот Гето Руди (1975) — македонски писател и поет.
Животопис
уредиВасилевски дипломирал на студиската програма по македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а потоа магистрирал во областа на комуникациите. Работи како лектор.[1]
Творештво
уредиДебитирал на книжевната сцена во 2017 година со збирката раскази, „Можеше да биде и реми“ за која ја освоил наградата „Новите!“. Покрај тоа, своите поетски творби ги објавувал во разни списанија, а застапен е и во антологијата „Нов македонски хаику-бран“. Во 2011 година, заедно со Теа К., ја објавил збирката со хаику-поезија, „Партија шах“, а во 2018 година се појавила и нивната втора заедничка збирка, „Реми“.[2] а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]
Наводи
уреди- ↑ Гето Руди, Можеше да биде и реми. Скопје: Темплум, 2017.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 363.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 237-240.