Бугарски државни железници
Бугарските државни железници (скратено БДЖ) е државно претпријатие во Бугарија, најголемиот железнички оператор во земјата.
Бугарски државни железници | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Сименс Десиро Класик 20221 на БДЖ на правецот Софија - Лакатник | |||||||
Работа | |||||||
Државна железница | Бугарски државни железници | ||||||
Инфраструктурно претпријатие | Национално претпријатие за железничка инфраструктура | ||||||
Должина на мрежата | |||||||
Вкупна | 4070 км | ||||||
Двопружна | 990 км | ||||||
Електрифицирани | 2870 км | ||||||
Колосек | |||||||
Главен | 1.435 мм (стандарден) | ||||||
Напојување | |||||||
Главно | 25 kV 50 Hz | ||||||
|
Приходи
уредиКомпанијата традиционално добива значителни владини субвенции. Во 2008 година, покрај патните субвенции за одредени категории на патници, таа добила 135,5 милиони лева како директна државна помош, но дури и со такво финансирање БДЖ ја завршила годината со повеќе од 9 милиони лева загуба.[1]
Од 1990-тите БДЖ е во интензивна конкуренција со патниот сообраќај. Во периодот од 1990 до 2005 година имало сериозно намалување на активностите: 67% помалку превезени патници, 70% помалку патнички километри, 68% помалку товар и 63% помалку тон-километри.[2]
Историја
уредиПрвата железничка пруга во Бугарија била изградена на релацијата Русе - Варна. Одлуката за нејзината израдба била донесена во септември 1861 година. Пругата била изградена од англиска компанија, која добила концесија за ова од отоманската влада во 1863 година.[3] По завршувањето, пругата имала должина од 223 км и била отворена за сообраќај на 7 ноември 1866 година. Во 1888 година пругата била купена од Бугарија.
Во 1870 година компанијата „Источни железници“ на Баронот Морис де Хирш ја започнала изградбата на железничката пруга Истанбул - Белово, која била завршена три години подоцна. Таа ја изградила и делницата Трново-Сејмен - Нова Загора - Јамбол. Железниците во јужна Бугарија, сопственост на Барон Хирш биле со вкупна должина од 309,6 км. Од 1909 година тие се во државна сопственост.
Во 1885 година, Народното собрание го донел „Законот за железници“, според кој Бугарија целосно го презела градењето и работењето на железничката мрежа во Бугарија. Бил создаден системот на бугарските државни железници. На 23 јуни 1888 година била пуштена во употреба пругата Белово - Вакарел - Софија - Цариброд (насока Белград - Истанбул). На 9 декември 1893 година пуштена во употреба пругата Софија - Перник (правец кон Солун и Скопје). На 20 февруари 1897 година пуштена во употреба пругата Софија - Роман (се упатува кон пристаништата Варна и Дунав). Пругата Мездра - Видин била пуштена во употреба во 1913 година.
Првата електрична пруга била Софија - Пловдив. Таа била пуштена во употреба во 1963 година. Една година подоцна била отворена првата двојна пруга помеѓу Варна и Синдел. До 1989 година имало постојан раст на железничкиот сообраќај.
На 1 јануари 2002 година бил донесен нов „Закон за железнички сообраќај“, според кој Бугарските државни железници биле поделени во две одделни претпријатија - железнички превозник (Бугарски државни железници) и инфраструктурно претпријатие (Национално претпријатие за железничка инфраструктура).
Наводи
уреди- ↑ „БДЖ с 9 млн. лв. загуба за 2008 г. въпреки държавната помощ за 135 млн. лв“. Инвестор.БГ. 2009.
- ↑ Димитров, Велико (2006). „Социална функция и успех“. Преглед на стопанската политика. Институт за пазарна икономика. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2020-05-07.
- ↑ Лео, Мишел (2013). България и нейният народ под османска власт: през погледа на англосаксонските пътешественици (1586 – 1878). Глухарова, Мариета. София: ТАНГРА ТанНакРа. стр. 75–76. ISBN 9789543781065. OCLC 894636829.CS1-одржување: датум и година (link)