Борен (Доксат)
Борен или Бурјан (грчки: Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Борен Άγιος Αθανάσιος | |
---|---|
Координати: 41°4′N 24°14′E / 41.067° СГШ; 24.233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Доксат |
Надм. вис. | 45 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 3.150 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Драма и на 4 километри јужно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 45 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со христијани и муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 400 жители Турци, 120 Власи и 150 цигани[3].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 583 жители[4] , додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1068 жители[5].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.
Во 1927 година, селото било преименувано во Агиос Атанасиос[6].
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле сместени 452 грчки семејства со 1943 лица[7]. Во 1928 година, бројот на населението бил 2088 лица, додека во 1940 година селото броело 2886 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 3046 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3124 жители, во 1971 година имало 2645 жители, во 1981 година имало 3013 жители, додека во 1991 година имало 3553 жители[5]. Денеска, населението на селото е 3150 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2886 | 3046 | 3124 | 2645 | 3013 | 3553 | 3465 | 3150 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 6.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.