Берчишта
Берчишта (грчки: Πολυνέρι, Полинери)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Берчишта Πολυνέρι | |
---|---|
Координати: 41°13′N 24°27′E / 41.217° СГШ; 24.450° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Бук |
Надм. вис. | 440 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 376 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 41 километри источно од градот Драма и на 16 километри јужно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа во источните падини на Голомбар на надморска височина од 427 метри.
Историја
уредиВо еден регистар на санџакот Паша од 1569-70 година селото е означено дека ги плаќа своите даноци и дека во него живеат: муслимани - 33 семејства, 30 неженети и 5 Јуруци и немуслиманите - 20 семејства и 16 неженети[4].
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 850 жители македонски муслимани Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиДо 1928 година во селото биле населени 116 грчки семејства со 414 бегалци од Турција.[7] Во 1928 година селото броело 414 жители, додека во 1940 година селото броело 785 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 706 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 748 жители, во 1971 година имало 409 жители, во 1981 година имало 357 жители, додека во 1991 година имало 299 жители[8]. Денеска, населението на селото е 376 жител според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 785 | 706 | 748 | 409 | 357 | 299 | 376 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Стојановски, Александар. Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Сер и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе, Државен архив на Република Македонија, 2007. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759. с. 129-131.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.