Голомбар
За истоимената општина, видете Горуша (општина).
Голомбар или Голумбар (грчки: Τουλουμπάρι, Тулубари) — планина во Драмско, Егејска Македонија. По неа минува границата меѓу општините Драма и Бук. Највисок врв е Коџа, со 1.117 метри. Други врвови се Караѓоз (1.055 м) и Рахишта (1.009 м). Сместена е меѓу планините Боздаг на северозапад и Урвил на југоисток.
Голомбар | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | Коџа |
Надм. височина | 1.117 м |
Координати | 41°17′53″N 24°21′07″E / 41.298° СГШ; 24.352° ИГД |
Географија | |
Место | Драмско, Егејска Македонија |
Името на планината доаѓа од голѫбъ („гулаб“) и подоцнежната наставка -ар. За архаичното потекло на името сведочи и зачуваниот носен изговор на јусот.[1]
Наводи
уреди- ↑ Иванов, Йордан Н. Местните имена между Долна Струма и Долна Места, София, БАН, 1982, стр. 99.