Црква „Св. Никола“ - Белче
Св. Никола - црква во демирхисарското село Белче, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Слепчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°14′40″N 21°11′47″E / 41.24444° СГШ; 21.19639° ИГД |
Место | Белче |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | XIX век |
Зограф | Коста Анастасов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен на извесно растојание источно од селото. Изградена е во XIX век. Според други податоци, храмот е направен во 1925 година врз темелите на стара црква.[1] Внатре име икони од 1872 година, дело на крушевскиот мајстор Коста Анастасов. Над влезната врата има натпис „Сеи храмъ стыи Ніколае. во времѧона се исзуграфіса. цьркфата г. г. Архіепископа Асінесіа оце пп. Іоше. Ктитори и пріложніци. г. Иліа Рісте. Ванцу. Рісте. Веле. Рісте. Лозе. Іоше. Петко. Іоле. Ніколе. мали и големи. за вѣчно споменъ Изъ руки Коста Анасташіовъ живописецъ ѿ Крушево во лето 18... месецъ иуна 9 денъ“. Годината на живописување не е позната бидејќи е избришана од натписот.[2] Познато е дека Синесиј станал охридски митрополит во 1884 година.
Храмот е еднокорабна градба, покриена со низок дрвен свод. Венецот, отворите, апсидата и аглите се ѕидани од делкан камен. Покривот е на две води. со ќерамиди. Апсидата на исток е полукружна, со самостоен покрив и однадвор има четири пиластри, поврзани со аркади и тулно украсување. Фасадите се фугирани. На запад има трем.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 13. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 279.