Бамбакеш или Вамвакија (грчки: Βαμβακιά) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Вамвакија бил дел од општина Рендина[2].

Бамбакеш
Βαμβακιά
Бамбакеш is located in Грција
Бамбакеш
Бамбакеш
Местоположба во областа
Бамбакеш во рамките на Бешик
Бамбакеш
Местоположба на Бамбакеш во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 23°36′E / 40.683° СГШ; 23.600° ИГД / 40.683; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаРендина
Надм. вис.&10000000000000155000000155 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно150
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 02
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 12 километри северозападно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 155 метри, северно од река Рендина, помеѓу Струмски Залив и Бешичко Езеро.

Историја

уреди

Во XIX век Бамбакеш било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Грци[3]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 85 Грци и во селото работело грчко училиште[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1927 година селото било преименувано во Вамвакија.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 30 семејства и со население од 141 луѓе[5], додека во 1940 година селото броело 203 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 236 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 311 жители, во 1971 година имало 268 жители, во 1981 година имало 232 жители, додека во 1991 година имало 245 жители[6] а во 2001 имало 252 жители. Денеска, населението на селото е 171 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 203 236 311 268 232 245 252 171 150
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јуни 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди