Океанска клима

(Пренасочено од Морска клима)

Морска клима или уште споменувана како океанска клима е клима карактеристична за океанските простори на умерените ширини, како и за западните рабови на континентите. Се создава благодарение на силните воздушни маси над големи водни пространства. Се одликува со мала температурна амплитуда, зголемена влажност на воздух (поголеми од океаните, но над копното) и се изразува со воздушни струења. Застапена е над Атлантскиот и Тихиот Океан и во западните крајбрежни предели на Евроазија (Португалија, Бенелукс, Велика Британија ) и Северна Америка (Канада, САД). Во овие предели често се манифестира појавата на дожд и појавата на магла.

Светска мапа што ги покажува океанските климатски зони

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Мастило, Н. (2005): Речник савремене српске географске терминологије, Географски факултет, Београд