Тријанонски договор
Тријанонскиот договор е одржан на 4 јуни 1920 год.во палатата Тријанон во Версај(Франција), помеѓу земјите на Антанта и Унгарија Со договорот се усогласило статус на ново независна унгарска држава и дефинирање на нејзините граници спрема соседните држави. Ова е еден од мировните договори со кој е завршена Првата светска војна.
Распад на Австроунгарија
уредиОд 1867 до 1918 год. Австроунгарска монархија била поделена на австриски и унгарски делови. Австорунгарската Монархија кон крајот од 1918 год. доживеала голем воен пораз и се распаднала.Со ова распаѓање се овозможило словенечките народи на монархијата, како и Романците, да ги реализираат своите аспирации за државност или обединување со другите делов на сопствениот народ. Тогаш се формира и Кралството СХС (Југославија) и Чехословачка, а додека од Трансилванија - Романците се приклучиле на проширената Романија. Дури и Унгарците сакале да се откажат од стариот државен систем, па најпрво ја прогласиле Унгарската Демоктратска Република а потоа и Унгарска Советска Република. Во времето на распоаѓањето се појавиле и политички предлози кој се залагале за зачувување на Австроунгарската реформа односно Унгарија, каде што би биле признати националнитете аспирации на сите луѓе во таа област. Така Микша Штробл кој крајот на 1918 год. предложил конзервација на Унгарија по примерот на Швајцарија, со која би била поделена на 8 Унгарски , 13 етнички и 6 градски квартови. Овој предлог бил изнесен предоцна, бидејќи во тоа време кога предложените не-унгарски народи веќе фактички се оделиле од Унгарија и немале желба да се вратат во нејзиниот склоп
Одредби од договорот
уредиСо тријанонскиот договор се одредиле границите на независна Унгарија, во кој се вклучувале централните делови од некогашното Кралство Унгарија. Други територии кој претходно биле управувани од страна на Унгарија биле дадени на Австрија, Чехословачка, Кралството СХС (Југославија) и Романија. Со договорот било ограничено 35.000 лесно вооружени војници да го одржуваат внатрешниот мир. Границата на новата независна Унгарија главно ги вклучувале етничите Унгарци. Голем број на Унгарци останале надвор од овие граници, додека во Унгарија останале голем број и на други луѓе. Иако границите главно биле дефинирани спрема етничкиот принцип, од овој принцип делумно се одстапило поради економските и стратешките причини. Кралството СХС (Југославија) веќе во 1919 год. е остапило дел од Банат со Темишваром во Романија, додека во согласнот со Договорот од Тријанон, независната Унгарија остапила дел од Бачке и најголем дел од Барање.
Различни мислејна од договорот
уредиЗа не-унгарскиот земји кој до 1918 год. живееле под власта на Кралство Унгарија, со новите граници дефинирани со договорот од Тријанон претставувало остварување на нивните национални и државни аспирации, додека многу Унгарци таквите граници ги сметале за неправда. При тоа и меѓу самите Унгарци мислењата биле поделени , така да едни се жалеле што на независната Унгарија не и припаднале некој територии, а најекстемните елементи на унгарските народи се жалеле што на независнта Унгарија не и припаднало целокупниот простор на некогашната унгарска империја, игноирајќи ги неговите етнички состав. Во согласност со одребите на договорот, новата независна Унгарија имала за две третини помалку територија од поранешното Кралство Унгарија (које било дел од Австроунгарија), Иако меѓу унгарците мислејето за Договорот од Тријанон во голема мера е негативно, факт е дека овој договор е меѓународно-законски основан и е потполно Унгарија признаена како независна држава.