Договор од Карловци

Договорот од Карловци бил склучен по крајот на Големата турска војна помеѓу Светата лига во чиј состав влегувале: Полско-литванската Државна Заедница, Хабсбуршката монархија, Венецијанската Република и Царство Русија од една страна и Отоманското Царство од друга страна. Договорот бил потпишан на 26 јануари 1699 година.

Договор од Карловци
КонтекстГолема турска војна (1683–1697)
Напишанод 16 ноември 1698
Потпишан26 јануари 1699 (1699-01-26)
МестоКарловци, денешна Србија
Потписници
  • Poland–Lithuania Станислав Малачовски
  • Русија Прокопиј Восницин
Странки
Територијални загуби на Османското царства со Карловачкиот мир од 1699: зелено - хабзбуршки добивки; плаво - млетачки добивки; розе - добивки на Полско-литванската унија; црвено - руски добивки

Според договорот, Полско-литванската Државна Заедница ги добила земјите од десната страна на Украина заедно со Подолија и Каменец. Молдавија била вратена на Османлиите, а во составот останал и Банат. Најголеми придобивки имала Хабсбуршката монархија бидејќи ги добила Централна Унгарија, Трансилванија, областа меѓу реката Тиса и Дунав и голем дел од Славонија. Венеција пак ја добила Мореја, шест тврдини во Далмација и неколку острови во Грција.