Аксиос (грчки: ἄξιος - „достоен“) – едногласен извик на одобрување за време на ракополагање (хиротонија) на ѓакон, свештеник, епископ, ракополагање (хирополагање) во свештенство, чтец, ипоѓакон; како и при устоличувањето на патријарсите[1].

Најраното спомнување на извикот „аксиос“ е сирискиот споменик од 3-5 век „Заветот на нашиот Господ Исус Христос“ - во него луѓето, по ракополагањето на епископот, трипати извикуваат „аксиос“.

Во Православната црква

уреди

Ја објавува епископот кој ја извршува Светата тајна, а потоа го повторуваа свештенослужителите и целото свештенство. Се изведува кога новопоставениот е облечен во свештени одежди што одговараат на неговиот чин. Свештенството со овој извик го изразува своето сведоштво за беспрекорниот живот и добриот карактер на ракоположениот.

Во Католичката црква

уреди

Во Католичката црква, извикот „Dignus est“, слично на „axios“, се изговара пред светото ракополагање. Го кажува народот, а не епископот, што е доказ за претходното учество на народот во изборот на свештени лица.

Анаксиос

уреди

Црковната историја знае случаи на употреба на извикот „Анаксиос“ (ἀνάξιος - недостоен). На пример:

  • за време на устоличувањето на Демофил за архиепископ на Константинопол во 370 година
  • при симнувањето на достоинството од свештенството (на пример, тоа било изречено при симнувањето на одеждите на цариградскиот патријарх Игнатиј во 857 година [2]

Наводи

уреди
  1. „Интронизация Патриархов в 20 веке“. Архивирано од изворникот на 2017-02-23. Посетено на 2014-09-09. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  2. Никита Пафлагонянин, Житие патриарха Игнатия