Гастроентеритис
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Гастроентеритис е медицинска состојба која се одликува со воспаление („-итис“) на гастроинтестиналниот тракт, ги вклучува и стомакот („гастро-“) и тенкото црево („ентеро-“), што резултира со комбинација на дијареа, повраќање и абдоминална болка и грчеви.[1] Гастроентеритисот исто така е познат и како „стомачен вирус“. А се нарекува и „стомачен грип“, иако не е поврзан со грипот.
Гастроентеритис | |
---|---|
Гастроентеритични вируси: A = ротавирус, B = аденовирус, C = норовирус and D = астровирус. Вирусните честички се прикажани со исто зголемување за да може да се спореди величината. | |
Специјалност | Гастроентерологија |
Во светот, причината за најголем број на заболени деца е ротавирусот.[2] Кај возрасните норовирусите[3] и Campylobacter[4] се повообичаени. Помалку вообичаени причинители се други бактерии (или нивните токсини) и паразити. Може да се пренесе поради внесување на неправилно подготвена храна, загадена вода или преку близок контакт со инфицирани лица.
Основа во третирањето е соодветната хидратација. Кај лесни или умерени случаи ова типично може да се постигне преку орална рехидрадациона течност. Интравенски течности можат да бидат потребни кај потешките случаи. Гастроентеритисот главно ги погодува децата и оние од земјите во развој.
Симптоми и знаци
уредиТипично кај гастроентеритисот се јавуваат и дијареа и повраќање,[5] многу поретко се манифестира само едното.[1] Исто така може да се јават стомачни грчеви.[1] Обично знаци и симптоми се јавуваат од 12-72 часа по добивањето на инфективниот агенс.[6] Доколку причинителот е вирусен агенс, состојбата ќе се разреши за една недела.[5] Некои од вирусните причинители можат да се манифестираат и со висока температура, замор, главоболка, и мускулна болка [5] Доколку столицата е крвава, најверојатно не се работи за вирусна[5] туку за бактериска инфекција.[7] Некои бактериски инфекции се манифестираат со силни стомачни болки и може да траат и до неколку недели.[7]
Децата инфицирани со ротавирусот обично се опоравуваат за три до осум дена.[8] Но, во сиромашните земји, лекувањето на тешки инфекции често е недостижно и упорната дијареа е вообичаена појава.[9] Дијареата често може да доведе до дехидратација,[10] а дете со висок степен на дехидратација може да има одложено капиларно полнење, намален тургор на кожата и абдоминално дишење.[11] Типично е повторни инфекции да се јават во области со лоша санитација и неисхранетост,[6] што може да доведе до застој во растот и долготраен застој во когнитивниот развој.[12]
Реактивен артритис се јавува кај 1% од луѓето, по инфекции со ”Campylobacter”, а Гилан-баров синдром се јавува кај 0,1%.[7] Хемолитичен уремичен синдром (HUS) може да се случи како резултат на инфекција со шига токсин произведен од Escherichia coli или шигела, што резултира со [[тромбоцитопенија | низок број на тромбоцити] ], намалена бубрежна функција и ниски црвени крвни клетки (како резултат на нивното распаѓање).
Причина
уредиВирусите (особено ротавирусот) и бактериските видови “Escherichia coli” и “Campylobacter” се основните причини за гастроентеритис.[6][13] Меѓутоа, има многу други инфективни агенси кои го предизвикуваат овој синдром.[12] Повремено се евидентирани неинфективни причини, но тие се помалку застапени од вирусна или бактериска етиологија.[1] Ризикот од инфекција е поголем кај децата, поради недостаток на имунитет и релативно лоша хигиена.[1]
Вирусна
уредиВируси кои предизвикуваат гастроентеритис се ротавирус, норовирус, аденовирус и астровирус.[5][14] Ротавирусот е најчеста причина за гастроентеритис кај децата[13] и предизвикува ист степен на заболувања и во развиени и во земјите во развој.[8] Вирусите предизвикуваат околу 70% од случаите на инфективна дијареа во педијатријата.[15] Ротавирусот е помалку чест причинител кај возрасните поради стекнатиот имунитет.[16]
Норовирусот е главна причина за гастроентеритис кај возрасните во Америка, предизвикувајќи повеќе од 90% од случаите.[5] Овие локализирани епидемии типично се јавуваат кога групи луѓе поминуваат подолго време заедно во непосредна близина, како на пример на крстарење,Грешка во наводот: На ознаката </ref>
ѝ недостасува ознака за затворање <ref>
. Кај децата, бактериите се причина за околу 15% од случаите, најчести видови се “Escherichia coli”,”салмонела”,”шигела” и “Campylobacter”.[15] Доколку храната е контаминирана со бактерии и е оставена на собна температура неколку часа, бактериите ќе се размножат и ризикот од инфекција се зголемува за оние што ќе ја консумираат храната.[12] Некои прехранбени производи што обично се поврзани со болест се сирово или недопечено месо, пилешко, морска храна и јајца; сирови никулци; непастеризирано млеко и младо сирење; како и овошни и сокови од зеленчук.[17] Во земјите во развој, посебно потсахарска Африка и Азија, колерата е вообичаена причина за гастроентеритис. Оваа инфекција обично се пренесува преку контаминирана вода или храна.[18]
Токсичниот “Clostridium difficile” е важна причина за дијареа која се јавува често кај постарите лица.[12] Новороденчињата може да се носители на оваа бактерија без да развијат симптоми.[12] Таа е честа причина за дијареа кај хоспитализираните лица и често е поврзана со употреба на антибиотици.[19] Исто така, инфективната дијареа предизвикана од “Staphylococcus aureus” може да се јави кај лица кои употребувале антибиотици.[20] Обично „патничката дијареа” е вид на бактериски гастроентеритис. Лековите за намалување на киселини го зголемуваат ризикот од инфекција, по изложувањето на видовите „Clostridium difficile”, „Salmonella”, и „Campylobacter”.[21] Ризикот е поголем кај лицата што користат инхибитори на протонска пумпа, отколку кај лицата што користат H2 антагонисти.[21]
Паразитска
уредиОдреден број на протозои може да предизвикаат гастроенеритис - најчесто „Giardia lamblia” - но и видовите „Entamoeba histolytica” и „Cryptosporidium”.[15] Како група, овие агенси се застапени кај 10% од случаите кај децата.[22] „Giardia” вообичаено се појавува во земјите во развој, но овој етиолошки агенс, во одреден степен, се јавува насекаде.[23] Се јавува почесто кај лица кои патувале во областите со голема распространетост, кај деца кои одат во градинка, кај мажи кои имаат секс со мажи и после катастрофи.[23]
Пренесување
уредиДо пренесување може да дојде преку внесување заразена вода или кога луѓето споделуваат лични предмети.[6] На места со влажни и суви сезони, квалитетот на водата обично опаѓа во текот на влажната сезона, а тоа се совпаѓа со времето на избивањата.[6] Воподрачја на светот со сезони, инфекциите се почести во зима.[12]Хранење на бебињата од шише, со непрописно дезинфицирани шишиња, е сериозна причина на глобално ниво.[6] Стапките на пренесување се поврзани и со слабата хигиена, особено кај децата,[5] во домаќинства со многу членови,[24] како и кај оние со претходно утврден слаб прехранбен статус.[12] Откако ќе развијат отпорност, возрасните може да носат одредени организми, без да покажат знаци или симптоми, а со тоа да дејствуваат како природни резервоари на зараза.[12] Додека некои причинители (како Shigella) се појавуваат само кај примати, другите може да се појават кај голем број животни (како Giardia).[12]
Неинфективно
уредиПостојат неколку случаи на неинфективни причини за воспаление на гастроинтестиналниот тракт.[1] Во почестите спаѓаат лекови (како NSAIDs), некои видови храна, како лактоза (кај оние коишто се нетолерантни) и глутен (кај оние со целијакија).Кроновата болест е уште еден неинфективен извор на (честопати тежок) гастроентеритис.[1] Болеста множе да се појави и како секундарна последица од токсини. Некои од состојбите поврзани со храната, придружени со гадење, повраќање, и дијареа се: труење со цигуатера, како последица на јадење заразени риби грабливки, труење со скумрии, поврзано со јадење некои видови расипана риба, труење со тетродоксин, од јадење на рибата фугу меѓу останатите, како и ботулизам, вообичаено како последица на лошо конзервирана храна.[25]
Патофизиологија
уредиГастроентеритис се дефинира како повраќање или дијареа, како последица на инфекција на тенкото или дебелото црево.[12] Промените во тенкото црево обично не се воспалителни, додека оние во дебелото црево се воспалителни.[12] Бројот на патогени потребни за предизвикување инфекција, варира од само еден (кај криптоспоридија), па дури до 108 (кајвибрио колере).[12]
Дијагноза
уредиГастроентеритис обично се дијагностицира клинички, врз основа на знаците и симптомите кај лицето.[5] Обично не е потребно утврдување на точниот причинител, бидејќи тоа не го менува третирањето на состојбата.[6] Сепак, треба да се направииспитување на столицата, кај оние со крв во столицата, кај оние коишто биле изложени на труење со храна, како и кај оние коишто неодамна патувале во земјите во развој.[15] Дијагностичкото тестирање може да се изведува и заради следење.[5] Бидејќи кај приближно 10% од бебињата и малите деца се јавува хипогликемија, кај таа популација се препорачува мерење на гликозата во серумот. Кога постои сомнеж за тешка дехидратација, треба да се проверат и [11]електролитите и функцијата на бубрезите.[15]
Дехидратација
уредиУтврдувањето дали лицето има дехидратација или не, е важен дел од проценката, при што дехидратацијата обично се дели на блага (3–5%), средна (6–9%) и тешка (?10%).[1] Кај децата, најчестите знаци на средна до тешка дехидратација се продолжено полнење на капиларите, слаб тургор на кожата и абнормално дишење.[11][26] Други корисни наоди (кога се користат во комбинација) се пропаднати очи, намалена активност, недостиг на солзи и сува уста.[1] Нормално мокрење и внесување течности се знаци дека нема дехидратација.[11] Лабораториските тестови немаат некоја голема клиничка предност при утврдување на степенот на дехидрираност.[1]
Диференцијална дијагноза
уредиОстанати потенцијални причини за знаци и симптоми коишто ги имитираат оние на гастроентеритисот се апендицитис,волвулус, воспалително заболување на цревата, инфекции на уринарниот тракт и дијабет. Треба да се земат предвид и [15] инсуфициенција на панкреасот, синдром на кратрко црево, Виплова болест, целијачна болест, како и злоупотреба на лаксативи.[27] Диференцијалната дијагноза може да биде комплицирана, ако лицето пројавува само повраќање или дијареа (наместо двете).[1]
Апендицитис може да се манифестира со повраќање, болки во стомакот и мало количество дијареа, кај до 33% од случаите.[1] Тоа е во спротивност со големото количесто дијареа коешто е вообичаено за гастроентеритисот.[1] Инфекциите на белите дробови или на уринарниот тракт кај децата може, исто така, да предизвикаат повраќање и дијареа.[1] Класичната дијабетска кетоацидоза (ДКА) се манифестира со болки во стомакот, гадење и повраќање, но без дијареа.[1] Една студија утврдила дека 17% од децата со ДКА биле првично дијагностицирани со гастроентеритис.[1]
Спречување
уредиНачин на живот
уредиСнабдувањето со лесно достапна незаразена вода, како и добрите санитарни навики се важни за намалувањето на стапките на инфекција и на клинички значајниот гастроентеритис.[12] Се смета дека личните мерки (како миење раце) ги намалуваат појавата и вкупниот број заболени лица од гастроентеритис во една популација, како во земјите во развој, така и во развиените земји, дури и до 30%.[11] Ефикасни се и геловите на основа на алкохол. Важно е и [11]доењето, особено на местата со слаба хигиена, како и општото подобрување на хигиената.[6] Мајчиното млеко ги намалува и зачестеноста на инфекциите и нивното траење.[1] Исто така е важно да се избегнува внесување загадена храна или пијалаци.[28]
Вакцинација
уредиПоради ефикасноста и заштитата, во 2009 година Светската здравствена организација препорача на сите деца на глобално ниво да им се понуди вакцината против ротавирус.[13][29] Веќе постојат две комерцијални вакцини против ротавирус, а уште неколку се во фазана развој.[29] Во Африка и Азија овие вакцини намалиле тешки болести кај бебињата[29], а кај земјите коишто поставиле национални програми за имунизација се гледа намалување на стапката и на сериозноста на болеста.[30][31] Оваа вакцина може да го спречи и заболувањето на невакцинираните деца, со тоа што ќе го намали бројот на инфекции во оптек.[32] Од 2000 година, примената на програмата за вакцинација против ротавирус во Соединетите Држави значително го намалила бројот на случаите на дијареа за 80 отсто.[33][34][35] Првата доза од вакцината треба да им се дава на бебињата помеѓу 6 и 15 седмици старост.[13] оралната вакцина против колера се смета за 50–60% поефикасна над 2 годишна возраст.[36]
Лекување
уредиГастроентеритис обично е акутна самоограничувачка болест којашто не бара лекови.[10] Претпочитаното лекување кај оние со блага до средна дехидратација е орална терапија за рехидрација (ОТР). Но[22]метоклопрамид и/или онданестрон, сепак, може да помогнат кај некои деца,[37] абутилскополамин е корисен за лекување стомачни болки.[38]
Рехидрација
уредиГастроентеритис примарно се лекува, како кај децата, така и кај возрасните, со рехидрација. Ова, по можност, се постигнува со орална терапија за рехидрација, иако може да се јави потреба за интравенско внесување, доколку има појава на намалено ниво на свест или тешка дехидратација.[39][40] Производи за оралната терапија на замена, направени со сложени јаглехидрати (на пр. оние од пченица или ориз) се подобри од оние на основа на прости шеќери.[41] Пијалаците богати со прости шеќери, како на пример газираните пијалаци и овошните сокови, не се препорачуваат кај децата под 5 годишна возраст, бидејќи може да ја зголемат дијареата.[10] Доколку не се достапни или не се применливи поспецифични и ефикасни препарати за ОТР, може да се користи и вода. Ако е гарантирана, кај малите деца може да се користи и [10] назогастрична сонда за внесување течности[15]
Диететски
уредиПрепорачливо е доењето кај бебињата да продолжи како и претходно, а бебињата што се храната со лактовит да продолжат со таквата исхрана по рехидрацијата со ОТР.[42] Лактовит без или со намалено ниво на лактоза обично не е неопходен.[42] Децата треба да продолжат да се хранат како и обично за време на проливите, само без храна со високо ниво на прости шеќери, којашто треба да се избегнува.[42] Повеќе не се препорачува диета БРАТ (банани, ориз, јаболков сок, двопек и чај), затоа што не содржи доволно хранливи состојки и нема предност пред нормалната исхрана.[42] Се покажало дека некои пробиотици се корисни при намалување на времетраењето на болеста и зачестеноста на столиците.[43] И при спречувањето и при лекувањето на дијареа поврзана со антибиотици, можат да бидат корисни[44] ферментираните млечни производи (како јогуртот).[45] Додатоците на исхраната со цинк изгледа се ефикасни при лекувањето и спречувањето на дијареја кај децата во светот во развој.[46]
Антиеметици
уредиАнтиеметските лекови се корисни за лекување на повраќање кај децата. Ондансетронот веќе со една доза се поврзува со смалената потреба за инфузии, помалку хоспитализации и поретко повраќање.[47][48][49] Може да помогне и метоклопрамид.[49] Меѓутоа, употребата на ондансетрон се поврзува со зголемена стапка на повторна хоспитализација кај децата.[50] Интравенскиот лек ондансетрон може да се дава и орално, ако одредат така лекарите.[51]Дименхидринатот прави поретко да се повраќа, но нема позначајни клинички предности.[1]
Антибиотици
уредиЗа гастроентеритис обично не се користат антибиотици, иако понекогаш ги препорачува лекар ако се особено тешки симптомите[52] или ако постои сомнеж за осетлив бактериски причинител или истиот е изолиран.[53] Ако се користат антибиотици, се претпочита макролид (како азитромицин) пред флуороквинолон, поради поголемите стапки на отпорност кон последниов.[7] Со псевдомембранскиот колитис, обично предизвикан од употребата на антибиотици, се справуваме со прекин на агенсот што ја предизвикува состојбата и со лекување со метронидазол или ванкомицин.[54] Бактерии и протозои што се подложни на лекувањето вклучуваат „шигела“[55] „салмонела тифи“,[56] и видот „гијардија“.[23] Кај оние со „гијардија“ или со „ентамеба хистолитика“, се препорачува лекување со тинидазол, оти е подобар од метронидазол.[23][57] Светската здравствена организација (СЗО) препорачува употреба на антибиотици кај деца што имаат крвава дијареја и треска.[1]
Антидијароици
уредиАнтидијароиците носат со себе теоретски ризик од компликации и, иако клиничкото искуство не покажало дека ова е веројатно да се случи,[27] овие лекови не се препорачуваат кај оние со крвава дијареја или пролив што има компликација треска.[58] За симптоматското лечење на дијареја често се користи лоперамид, којшто е опиоден аналог.[59] Употребата на лоперамид не се препорачува кај деца, бидејќи може да ја премине незрелата бариера крв-мозок и да предизвика токсичност. Во благи и средно сериозни случаи, може да се користи бизмут супсалицилат, нерастворлив комплекс на тривалентен бизмут,[27] но салицилатната токсичност е, теоретски гледано, возможна.[1]
Епидемиологија
уреди no data ≤less 500 500–1000 1000–1500 1500–2000 2000–2500 2500–3000 | 3000–3500 3500–4000 4000–4500 4500–5000 5000–6000 ≥6000 |
Се проценува дека годишно во светот од гастроентеритис се јавуваат од три до пет милијарди случаи,[22] главно кај децата и кај луѓето во неразвиени земји.[6] Во 2008 година резултираше со 1,3 милиони случаи на смрт кај деца до пет години,[60] а најголемиот процент од нив го имаше кај најсиромашните нации во светот.[12] Над 450.000 од овие жртви се должат на ротавирусот кај деца до 5 годишна возраст.[61][62]Колерата годишно разболува три до пет милиони луѓе и убива околу 100.000 луѓе.[18] Во неразвиените земји, децата под две години често во годината добиваат шест или повеќе инфекции, што резултира со гастроентеритис, што клинички не е за занемарување.[12] Болеста е помалку застапена кај возрасните, делумно поради развојот на стекнатиот имунитет.[5]
Во 1980 година, гастроентеритисот (од каква било причина) предизвикал 4,6 милиони случаи на смрт кај деца, а од нив најголемиот дел потекнувале од неразвиените земји.[54] Стапките на смртност беа значително намалени (до околу 1,5 милиони случаи на смрт во годината) до 2000 година, што пак, главно, се должи на воведувањето и распространетоста на оралната рехидрација.[63] Во САД, инфекциите што предизвикуваат гастроентеритис се втори по застапеност (после настинката), а резултираат со 200 до 375 милиони случаи на акутна дијареја[5][12] и околу десет илјади случаи на смрт годишно,[12] со 150 до 300 од тие случаи, кај деца до петгодишна возраст.[1]
Историја
уредиПрвата употреба на зборот „гастроентеритис“ била во 1825 година.[64] Претходно, болеста била позната како тифоидна треска или „колера морбус“, а ретко се користеле и „стегнување на цревата“, „прејаденост“, „течење“, „колит“, „вознемирени црева“ и кој било друг застарен назив за акутната дијареја.[65]
Општество и култура
уредиГастроентеритисот е поврзан со многу народски називи, вклучувајќи ги „одмаздата на Монтезума“, „делхиски стомак“, „турист“ и „спринт на задна врата“.[12] Имал свој удел во многу воени походи и се верува дека од болеста е произлезена фразата „без мака нема наука“.[12]
Гастроентеритисот е главна причина за 3,7 милиони посети на лекар годишно, во САД,[1] и 3 милиони посети на лекар, во Франција.[66] Во САД се верува дека гастроентеритисот резултира со трошоци од 23 милијарди САД долари годишно,[67] а трошоците само од ротавирусот трошоци се проценуваат на 1 милијарда САД долари годишно.[1]
Истражувања
уредиВо процес на развивање се голем број на вакцини против гастроентеритис. На пример, вакцини против шигела и ентеротоксигенска Escherichia coli (ETEК), две главни бактериски причини на гастроентеритис во светот.[68][69]
Кај животните
уредиГастроентеритисот кај мачките и кучињата е предизвикан речиси од истите причинители како и кај луѓето. Најчестите микроорганизми се: кампилобактер, клостридиум дифициле, клостридиум перфрингенс, и салмонела.[70] Симптомите можат да ги предизвикаат и повеќе отровни растенија.[71] Одредени причинители може да се јават, пак, само кај одредени видови. Заразниот коронавирус на гастроентеритис(ЗКГЕ) се јавува кај свињите, а резултира со повраќање, дијареја и дехидратација.[72] Најверојатно свињите ги заразуваат диви птици, а одредена терапија нема.[73] Не се пренесува кај луѓето.[74]
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 Singh, Amandeep (2010). „Pediatric Emergency Medicine Practice Acute Gastroenteritis — An Update“. Emergency Medicine Practice. 7 (7).
- ↑ Tate JE, Burton AH, Boschi-Pinto C, Steele AD, Duque J, Parashar UD (2012). „2008 estimate of worldwide rotavirus-associated mortality in children younger than 5 years before the introduction of universal rotavirus vaccination programmes: a systematic review and meta-analysis“. The Lancet Infectious Diseases. 12 (2): 136–41. doi:10.1016/S1473-3099(11)70253-5. PMID 22030330.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Marshall JA, Bruggink LD (2011). „The dynamics of norovirus outbreak epidemics: recent insights“. International Journal of Environmental Research and Public Health. 8 (4): 1141–9. doi:10.3390/ijerph8041141. PMC 3118882. PMID 21695033.
- ↑ Man SM (2011). „The clinical importance of emerging Campylobacter species“. Nature Reviews. Gastroenterology & Hepatology. 8 (12): 669–85. doi:10.1038/nrgastro.2011.191. PMID 22025030.
- ↑ 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 Eckardt AJ, Baumgart DC (2011). „Viral gastroenteritis in adults“. Recent Patents on Anti-infective Drug Discovery. 6 (1): 54–63. doi:10.2174/157489111794407877. PMID 21210762.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 6,8 Webber, Roger (2009). Communicable disease epidemiology and control : a global perspective (3. изд.). Wallingford, Oxfordshire: Cabi. стр. 79. ISBN 978-1-84593-504-7.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBact2007
. - ↑ 8,0 8,1 Meloni, A; Locci, D, Frau, G, Masia, G, Nurchi, AM, Coppola, RC (2011 Oct). „Epidemiology and prevention of rotavirus infection: an underestimated issue?“. The Journal of Maternal-fetal & Neonatal Medicine : The Official Journal of the European Association of Perinatal Medicine, the Federation of Asia and Oceania Perinatal Societies, the International Society of Perinatal Obstetricians. 24 Suppl 2: 48–51. doi:10.3109/14767058.2011.601920. PMID 21749188. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „Toolkit“. DefeatDD. Архивирано од изворникот на 2012-04-27. Посетено на 3 May 2012.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 „Management of acute diarrhoea and vomiting due to gastoenteritis in children under 5“. National Institute of Clinical Excellence. 2009.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Tintinalli, Judith E. (2010). Emergency Medicine: A Comprehensive Study Guide (Emergency Medicine (Tintinalli)). New York: McGraw-Hill Companies. стр. 830–839. ISBN 978-0-07-148480-0.
- ↑ 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 12,12 12,13 12,14 12,15 12,16 12,17 12,18 Mandell 2010 Chp.93
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 Szajewska, H; Dziechciarz, P (2010 Jan). „Gastrointestinal infections in the pediatric population“. Current Opinion in Gastroenterology. 26 (1): 36–44. doi:10.1097/MOG.0b013e328333d799. PMID 19887936. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Dennehy PH (2011). „Viral gastroenteritis in children“. The Pediatric Infectious Disease Journal. 30 (1): 63–4. doi:10.1097/INF.0b013e3182059102. PMID 21173676.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 15,6 Webb, A; Starr, M (2005 Apr). „Acute gastroenteritis in children“. Australian Family Physician. 34 (4): 227–31. PMID 15861741. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Desselberger U, Huppertz HI (2011). „Immune responses to rotavirus infection and vaccination and associated correlates of protection“. The Journal of Infectious Diseases. 203 (2): 188–95. doi:10.1093/infdis/jiq031. PMC 3071058. PMID 21288818.
- ↑ Nyachuba, DG (2010 May). „Foodborne illness: is it on the rise?“. Nutrition Reviews. 68 (5): 257–69. doi:10.1111/j.1753-4887.2010.00286.x. PMID 20500787. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 18,0 18,1 Charles, RC; Ryan, ET (2011 Oct). „Cholera in the 21st century“. Current Opinion in Infectious Diseases. 24 (5): 472–7. doi:10.1097/QCO.0b013e32834a88af. PMID 21799407. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Moudgal, V; Sobel, JD (2012 Feb). „Clostridium difficile colitis: a review“. Hospital Practice (1995). 40 (1): 139–48. doi:10.3810/hp.2012 февруари 954 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 22406889. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Lin, Z; Kotler, DP; Schlievert, PM; Sordillo, EM (2010 May). „Staphylococcal enterocolitis: forgotten but not gone?“. Digestive Diseases and Sciences. 55 (5): 1200–7. doi:10.1007/s10620-009-0886-1. PMID 19609675. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 21,0 21,1 Leonard, J; Marshall, JK, Moayyedi, P (2007 Sep). „Systematic review of the risk of enteric infection in patients taking acid suppression“. The American Journal of Gastroenterology. 102 (9): 2047–56, quiz 2057. doi:10.1111/j.1572-0241.2007.01275.x. PMID 17509031. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 22,0 22,1 22,2 Elliott, EJ (2007 Jan 6). „Acute gastroenteritis in children“. BMJ (Clinical Research ). 334 (7583): 35–40. doi:10.1136/bmj.39036.406169.80. PMC 1764079. PMID 17204802. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 Escobedo, AA; Almirall, P, Robertson, LJ, Franco, RM, Hanevik, K, Mørch, K, Cimerman, S (2010 Oct). „Giardiasis: the ever-present threat of a neglected disease“. Infectious Disorders Drug Targets. 10 (5): 329–48. doi:10.2174/187152610793180821. PMID 20701575. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Grimwood, K; Forbes, DA (2009 Dec). „Acute and persistent diarrhea“. Pediatric Clinics of North America. 56 (6): 1343–61. doi:10.1016/j.pcl.2009 септември 004 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 19962025. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Lawrence, DT; Dobmeier, SG; Bechtel, LK; Holstege, CP (2007 May). „Food poisoning“. Emergency Medicine Clinics of North America. 25 (2): 357–73, abstract ix. doi:10.1016/j.emc.2007 февруари 014 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 17482025. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Steiner, MJ; DeWalt, DA, Byerley, JS (2004 Jun 9). „Is this child dehydrated?“. JAMA : The Journal of the American Medical Association. 291 (22): 2746–54. doi:10.1001/jama.291.22.2746. PMID 15187057. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 27,0 27,1 27,2 Warrell D.A. Cox T.M. Firth J.D. Benz E.J., уред. (2003). The Oxford Textbook of Medicine (4. изд.). Oxford University Press. ISBN 0-19-262922-0. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2014-01-09.
- ↑ „Viral Gastroenteritis“. Center for Disease Control and Prevention. 2011. Посетено на 16 April 2012.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 World Health Organization (2009). „Rotavirus vaccines: an update“ (PDF). Weekly Epidemiological Record. 51–52 (84): 533–540. Посетено на 10 May 2012.
- ↑ Giaquinto, C; Dominiak-Felden G, Van Damme P, Myint TT, Maldonado YA, Spoulou V, Mast TC, Staat MA (2011). „Summary of effectiveness and impact of rotavirus vaccination with the oral pentavalent rotavirus vaccine: a systematic review of the experience in industrialized countries“. Human Vaccines. 7. 7: 734–748. doi:10.4161/hv јули 7.15511 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 21734466. Посетено на 10 May 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Jiang, V; Jiang B, Tate J, Parashar UD, Patel MM (2010). „Performance of rotavirus vaccines in developed and developing countries“. Human Vaccines. 6 (7): 532–542. doi:10.4161/hv.6.7.11278. PMID 20622508. Посетено на 10 May 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Patel, MM; Steele, D, Gentsch, JR, Wecker, J, Glass, RI, Parashar, UD (2011 Jan). „Real-world impact of rotavirus vaccination“. The Pediatric Infectious Disease Journal. 30 (1 Suppl): S1-5. doi:10.1097/INF.0b013e3181fefa1f. PMID 21183833. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ US Center for Disease Control and Prevention (2008). „Delayed onset and diminished magnitude of rotavirus activity—United States, November 2007 – May 2008“. Morbidity and Mortality Weekly Report. 57 (25): 697–700. PMID 18583958. Посетено на 3 May 2012.
- ↑ „Reduction in rotavirus after vaccine introduction—United States, 2000–2009“. MMWR Morb.Mortal.Wkly.Rep. 58 (41): 1146–9. 2009. PMID 19847149.
- ↑ Tate, JE; Cortese, MM, Payne, DC, Curns, AT, Yen, C, Esposito, DH, Cortes, JE, Lopman, BA, Patel, MM, Gentsch, JR, Parashar, UD (2011 Jan). „Uptake, impact, and effectiveness of rotavirus vaccination in the United States: review of the first 3 years of postlicensure data“. The Pediatric Infectious Disease Journal. 30 (1 Suppl): S56-60. doi:10.1097/INF.0b013e3181fefdc0. PMID 21183842. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Sinclair, D; Abba, K, Zaman, K, Qadri, F, Graves, PM (2011 Mar 16). „Oral vaccines for preventing cholera“. Cochrane Database of Systematic Reviews (Online). 2024 (3): CD008603. doi:10.1002/14651858.CD008603.pub2. PMID 21412922. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Alhashimi D, Al-Hashimi H, Fedorowicz Z (2009). Alhashimi, Dunia (уред.). „Antiemetics for reducing vomiting related to acute gastroenteritis in children and adolescents“. Cochrane Database Syst Rev (2): CD005506. doi:10.1002/14651858.CD005506.pub4. PMID 19370620.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Tytgat GN (2007). „Hyoscine butylbromide: a review of its use in the treatment of abdominal cramping and pain“. Drugs. 67 (9): 1343–57. doi:10.2165/00003495-200767090-00007. PMID 17547475.
- ↑ „BestBets:Fluid Treatment of Gastroenteritis in Adults“.
- ↑ Canavan A, Arant BS (2009). „Diagnosis and management of dehydration in children“. Am Fam Physician. 80 (7): 692–6. PMID 19817339.
- ↑ Gregorio GV, Gonzales ML, Dans LF, Martinez EG (2009). Gregorio, Germana V (уред.). „Polymer-based oral rehydration solution for treating acute watery diarrhoea“. Cochrane Database Syst Rev (2): CD006519. doi:10.1002/14651858.CD006519.pub2. PMID 19370638.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 42,0 42,1 42,2 42,3 King CK, Glass R, Bresee JS, Duggan C (2003). „Managing acute gastroenteritis among children: oral rehydration, maintenance, and nutritional therapy“. MMWR Recomm Rep. 52 (RR-16): 1–16. PMID 14627948.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Allen SJ, Martinez EG, Gregorio GV, Dans LF (2010). Allen, Stephen J (уред.). „Probiotics for treating acute infectious diarrhoea“. Cochrane Database Syst Rev. 11 (11): CD003048. doi:10.1002/14651858.CD003048.pub3. PMID 21069673.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Hempel, S; Newberry, SJ; Maher, AR; Wang, Z; Miles, JN; Shanman, R; Johnsen, B; Shekelle, PG (2012 May 9). „Probiotics for the prevention and treatment of antibiotic-associated diarrhea: a systematic review and meta-analysis“. JAMA : The Journal of the American Medical Association. 307 (18): 1959–69. doi:10.1001/jama.2012.3507. PMID 22570464. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Mackway-Jones, Kevin (2007). „Does yogurt decrease acute diarrhoeal symptoms in children with acute gastroenteritis?“. BestBets.
- ↑ Telmesani, AM (2010 May). „Oral rehydration salts, zinc supplement and rota virus vaccine in the management of childhood acute diarrhea“. Journal of Family and Community Medicine. 17 (2): 79–82. doi:10.4103/1319-1683.71988. PMC 3045093. PMID 21359029. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ DeCamp LR, Byerley JS, Doshi N, Steiner MJ (2008). „Use of antiemetic agents in acute gastroenteritis: a systematic review and meta-analysis“. Arch Pediatr Adolesc M. 162 (9): 858–65. doi:10.1001/archpedi.162 септември 858 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 18762604.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Mehta S, Goldman RD (2006). „Ondansetron for acute gastroenteritis in children“. Can Fam Physician. 52 (11): 1397–8. PMC 1783696. PMID 17279195.
- ↑ 49,0 49,1 Fedorowicz, Z; Jagannath, VA, Carter, B (2011 Sep 7). „Antiemetics for reducing vomiting related to acute gastroenteritis in children and adolescents“. Cochrane Database of Systematic Reviews (Online). 9 (9): CD005506. doi:10.1002/14651858.CD005506.pub5. PMID 21901699. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Sturm JJ, Hirsh DA, Schweickert A, Massey R, Simon HK (2010). „Ondansetron use in the pediatric emergency department and effects on hospitalization and return rates: are we masking alternative diagnoses?“. Ann Emerg M. 55 (5): 415–22. doi:10.1016/j.annemergm2009 ноември 011 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 20031265.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „Ondansetron“. Lexi-Comp. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-06-06. Посетено на 2014-01-09.
- ↑ Traa BS, Walker CL, Munos M, Black RE (2010). „Antibiotics for the treatment of dysentery in children“. Int J Epidemiol. 39 (Suppl 1): i70–4. doi:10.1093/ije/dyq024. PMC 2845863. PMID 20348130.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Grimwood K, Forbes DA (2009). „Acute and persistent diarrhea“. Pediatr. Clin. North Am. 56 (6): 1343–61. doi:10.1016/j.pcl.2009 септември 004 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 19962025. - ↑ 54,0 54,1 Mandell, Gerald L.; Bennett, John E.; Dolin, Raphael (2004). Mandell's Principles and Practices of Infection Diseases (6. изд.). Churchill Livingstone. ISBN 0-443-06643-4. Архивирано од изворникот на 2013-10-18. Посетено на 2014-01-09.
- ↑ Christopher, PR; David, KV, John, SM, Sankarapandian, V (2010 Aug 4). „Antibiotic therapy for Shigella dysentery“. Cochrane Database of Systematic Reviews (Online) (8): CD006784. doi:10.1002/14651858.CD006784.pub4. PMID 20687081. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Effa, EE; Lassi, ZS, Critchley, JA, Garner, P, Sinclair, D, Olliaro, PL, Bhutta, ZA (2011 Oct 5). „Fluoroquinolones for treating typhoid and paratyphoid fever (enteric fever)“. Cochrane Database of Systematic Reviews (Online). 2019 (10): CD004530. doi:10.1002/14651858.CD004530.pub4. PMID 21975746. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Gonzales, ML; Dans, LF, Martinez, EG (2009 Apr 15). „Antiamoebic drugs for treating amoebic colitis“. Cochrane Database of Systematic Reviews (Online) (2): CD006085. doi:10.1002/14651858.CD006085.pub2. PMID 19370624. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Harrison's Principles of Internal Medicine (16. изд.). McGraw-Hill. 2005. ISBN 0-07-140235-7. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2014-01-09.
- ↑ Feldman, Mark; Friedman, Lawrence S.; Sleisenger, Marvin H. (2002). Sleisenger & Fordtran's Gastrointestinal and Liver Disease (7. изд.). Saunders. ISBN 0-7216-8973-6.
- ↑ Black, RE; Cousens, S, Johnson, HL, Lawn, JE, Rudan, I, Bassani, DG, Jha, P, Campbell, H, Walker, CF, Cibulskis, R, Eisele, T, Liu, L, Mathers, C, Child Health Epidemiology Reference Group of WHO and, UNICEF (2010 Jun 5). „Global, regional, and national causes of child mortality in 2008: a systematic analysis“. Lancet. 375 (9730): 1969–87. doi:10.1016/S0140-6736(10)60549-1. PMID 20466419. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Tate, JE; Burton, AH, Boschi-Pinto, C, Steele, AD, Duque, J, Parashar, UD, WHO-coordinated Global Rotavirus Surveillance, Network (2012 Feb). „2008 estimate of worldwide rotavirus-associated mortality in children younger than 5 years before the introduction of universal rotavirus vaccination programmes: a systematic review and meta-analysis“. The Lancet Infectious Diseases. 12 (2): 136–41. doi:10.1016/S1473-3099(11)70253-5. PMID 22030330. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ World Health Organization (2008). „Global networks for surveillance of rotavirus gastroenteritis, 2001–2008“ (PDF). Weekly Epidemiological Record. 47 (83): 421–428. Посетено на 10 May 2012.
- ↑ Victora CG, Bryce J, Fontaine O, Monasch R (2000). „Reducing deaths from diarrhoea through oral rehydration therapy“. Bull. World Health Organ. 78 (10): 1246–55. PMC 2560623. PMID 11100619.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Gastroenteritis“. Oxford English Dictionary 2011. Архивирано од изворникот на 2013-08-15. Посетено на January 15, 2012.
- ↑ „Rudy's List of Archaic Medical Terms“. Архивирано од изворникот на 2007-07-09. Посетено на 2014-01-09.
- ↑ Flahault, A; Hanslik, T (2010 Nov). „[Epidemiology of viral gastroenteritis in France and Europe]“. Bulletin de l'Academie nationale de medecine. 194 (8): 1415–24, discussion 1424-5. doi:10.1016/S0001-4079(19)32172-7. PMID 22046706. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Albert, edited by Neil S. Skolnik ; associate editor, Ross H. (2008). Essential infectious disease topics for primary care. Totowa, NJ: Humana Press. стр. 66. ISBN 978-1-58829-520-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ World Health Organization. „Enterotoxigenic Escherichia coli (ETEC)“. Diarrhoeal Diseases. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 3 May 2012.
- ↑ World Health Organization. „Shigellosis“. Diarrhoeal Diseases. Посетено на 3 May 2012.
- ↑ Weese, JS (2011 Mar). „Bacterial enteritis in dogs and cats: diagnosis, therapy, and zoonotic potential“. The Veterinary Clinics of North America. Small Animal Practice. 41 (2): 287–309. doi:10.1016/j.cvsm.2010 декември 005 (неактивно 2024-12-02) Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 21486637. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Rousseaux, Wanda Haschek, Matthew Wallig, Colin (2009). Fundamentals of toxicologic pathology (2. изд.). London: Academic. стр. 182. ISBN 9780123704696.
- ↑ MacLachlan, edited by N. James; Dubovi, Edward J. (2009). Fenner's veterinary virology (4. изд.). Amsterdam: Elsevier Academic Press. стр. 399. ISBN 9780123751584.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ al.], edited by James G. Fox ... [et (2002). Laboratory animal medicine (2. изд.). Amsterdam: Academic Press. стр. 649. ISBN 9780122639517.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ al.], edited by Jeffrey J. Zimmerman ... [et (2012-05-15). Diseases of swine (10. изд.). Chichester, West Sussex: Wiley-Blackwell. стр. 504. ISBN 9780813822679.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Белешки
- Dolin, [edited by] Gerald L. Mandell, John E. Bennett, Raphael (2010). Mandell, Douglas, and Bennett's principles and practice of infectious diseases (7. изд.). Philadelphia, PA: Churchill Livingstone/Elsevier. ISBN 978-0-443-06839-3.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)