Јужна и Источна Србија

(Пренасочено од Југоисточна Србија)

Јужна и источна Србија е еден од петте статистички региони на Србија.

Карта на статистичките региони во Србија.

Формирање на регионот

уреди

Во јули 2009 година, Српското собрание усвоило закон во кој Србија е поделена на седум статистички региони. [1] Првобитно беше предвидено подрачјето на статистичкиот регион Јужна и источна Србија да сочинува два статистичка региони - Јужен регион и Источен Регион. При почетокот на 2010 година преовладуваше идеја за намалување на бројот на статистичките региони, а причина за тоа е нерамнемерноста во бројот на жителите во регионите на основата на првиот предлог. Според новиот предлог, Србија се дели на пет статистички региони,[1] а изедначувањето на регионите се врши со спојување на Западниот и Централниот регион и Источниот и Јужниот регион.

Историја

уреди

Во римско време, ова подрачје првобитно беше во состав на провинцијата Мизија. Со територијалното менување на провинциите и промена на нивните граници, подрачјето на регионот влегува во состав на провинцијата Горна Мизија, а потоа во состав на провинцијата Дарданија и Дакија. Дакија потоа се дели на две провинции: Дакија Рипензис и Дакија Медитеранеја. Подоцна, со поделбата на Римското Царство, целата област е приклучена во Византија.

При крајот на 5. и почетокот на 6. век, на овие простори масовно се доселуваат словените. Во текот на раниот среден век, во овој регион доминираат Бугарија и Византија, за да од 12. век на овие простори прошири Србија држава. На северот на регионот, се шири средновековната унгарија, која на ова подрачје формира покраини Браничевска бановина и Кучевска бановина. Во 13. век, со подрачјето на Браничево владееле бугарите Дрман и Куделин, за потоа со нивната област владеел кралот Драгутин кој го вклучил овој регион во своето Сремско кралство.

Кон средината на 14. век, регионот е во состав на Душановото Српско царство, а потоа, по пропаста на царството, влегува во составот на Моравска Србија и државата на Константин Драгаш. Североисточните делови на регионот биле во состав на Видинското кнежевство, по распадот на бугарската држава. Подрачјето на регионот потоа влегува во состав на Српското Деспотство, но постепено, во текот на 15. век, го освојуваат Турците.

Со паѓањето на Српското деспотство (1459. година) целокупното подрачје на регионот доаѓа под турска власт. Во краткиот период, помеѓу 1718. и 1739. година, северниот дел на областа влегува во состав на Австриската управа во Србија (1718-1739) и Тамишки Банат. По [Првото Српско востание во 1804. година, најголемиот дел на регионот влегува во состав на Србија под Караѓорѓе Петровиќ, за по Второто Српско востание во 1815 година, само северните делови на регионот биле признати како дел на Српското кнежевство, додека јужните делови остануваат под турска власт. На тоа подрачје, кое останува под непосредна турска власт, во 1846 година е формиран е Нишкиот пашалук. Со проширувањето на границите на Србија во 1833. и 1878 година, во состав на Србија влегуваат и останатите делови од регионот, додека под турска власт останува само крајниот југ на областа, кој исто така ќе влезе во состав на Србија во 1912 година. Покрај тоа, уште некои помали погранични територии на истокот на регионот се добиени од Кралството Бугарија во 1919 година.

 
Подрачјето на Централна Србија помеѓу 1959 и 2009 година

Во Текот на окупацијата на Југославија од страна на Силите во Втората светска војнна, ова подрачје беше во состав на Недиќевата Србија, освен јужните и источните делови на регионот кои беа под Бугарска окупација. По ослободувањето, регионот влегува во состав на СР Србија во целината на Југославија. На север и југ на СР Србија се наоѓале автономните покраини Војводина и Косово, додека централното подрачје на републиката кое не се наоѓаше во составот на автономните покраини беше познато по името Ужа Србија (подоцна како Централна Србија) и функционираше како некоја врста на статистичен регион, кој, за разлика од другите делови од Југославија, не имаше сопствени органи и власти, но статистичките податоци се искажани во составот на неговите граници.

Во текот на 2009 година, подрачјето на Централна Србија е поделено на 5 статистички региони (Белград, Западен регион, Централен регион, Источен Регион, Јужен регион), за од 2010 година, со спојување на регионите, овој број беше намален на 3 (Белград, Јужна и источна Србија, Шумадија и западна Србија).

Географија

уреди

На подручјето на регионот се наоѓаат неколку просторно-географски целини, од кои се најзначајни: Поморавје, Подунавје, Понишавје, Браничево, Тимочка Крајина, Топлица, Јабланица, Шоплук, итн

Окрузи

уреди
Округ Површина (км2) Население
(Попис2011)
Седиште
Подунавје 1,250 199,395 Смедерево
Браничево 3,865 183,625 Пожаревац
Бор 3,510 124,992 Бор
Заечар 3,623 119,967 Заечар
Нишава 2,727 376,319 Ниш
Пирот 2,761 92,479 Пирот
Топлица 2,229 91,754 Прокупље
Јабланица 2,770 216,304 Лесковац
Пчиња 3,520 159,081 Врање
Извор: Статистичко биро на Србија

Градови

уреди
 
Градот Ниш
Град Население
(Попис 2011)
Ниш 260,237
Лесковац 162,206
Смедерево 108,209
Врање 83,524
Пожаревац 75,334
Заечар 59,461
Пирот 57,928
Алексинац 51,863
Смедеревска Паланка 50,284
Бор 48,615
Прокупље 44,419
Велика Плана 40,578

Етнички групи

уреди

На подрачјето на регионот воглавно преовладува српското население, а има и припадници на други етнички групи: Бугари, Албанци, Власи, Роми, итн. Албанците сочинуваат етничко мнозинство во општините Прешево и Бујановац, додека Бугарите сочинуваат апсолутно етничко мнозинство во општината Босилеград и релативно мнозинство во општината Димитровград.

Религија

уреди

Најзастапена вероисповед во регионот е православие, додека на самиот југ на областа присутен и ислам.

Правен статус и политика

уреди

Поделбата на Србије на статистички региони е извршена со цел на усогласување со земјите на Европската унија кои користат НУТС стандарди. За разлика од три статистички региони кои имаат и сопствени органи за управа (Војводина, Косово, Белград), статистичкиот регион Јужна и источна Србија е формиран за статистички потреби и нема свои органи на власт. Поради тоа што Српската влада ја смета и опцијата на административна регионализација, не е исклучено овој статистички регион да стане и административен. Идеи за административна регионализација на ова подрачје се присутни во извесните политички кругови во градот Ниш.

Наводи

уреди