Пиротски Управен Округ

(Пренасочено од Пиротски Округ)

Пиротски Управен Округ - административен округ кој се наоѓа во југоисточниот дел на Република Србија. Ги вклучува градот и општините:

  1. Град Пирот - седиште на градската населба Пирот,
  2. Општина Бела Паланка - седиште на градската населба Бела Паланка,
  3. Општина Бабушница - седиште на градската населба Бабушница и
  4. Општина Димитровград - седиште на градската населба Димитровград.
Пиротски Управен Округ
Пиротски управни округ
Управен Округ во Србија
Слики од Пиротскиот Округ
Местоположба на Пиротскиот Управен Округ во Србија
Местоположба на Пиротскиот Управен Округ во Србија
Држава Србија
Статистички регионЈужна и Источна Србија
Седиште на округотПирот
Управа
 • Началник на округотДрагана Тончиќ
Површина
 • Вкупно2,761 км2 (1,066 ми2)
Население (попис во 2011)
 • Вкупно92.479
 • Густина33,4/км2 (870/ми2)
ISO 3166RS-22
Општини4
Населби214
- Градови4
- Села210
Пиротски Управен Округ

Седиште на округот е градот Пирот. Има вкупно население од 92.277 (попис од 2011 година).

Пирот првпат се споменува во II век. Во негова близина се наоѓа црквата Св. Петка од XIII век, а манастирот Св. Јован Богослов, од крајот на 14 век, е пример за средновековна српска архитектура.

Лековитата вода од Звоначка Бања, климатско лечилиште, се користи уште од античко време, а природните убавини на овој крај се познати низ Србија.

Ќилимарството (ткаењето, денес и гранка на индустријата) е најстариот занает што го прославил Пирот ширум светот. Пиротскиот крај е познат и по овчиот кашкавал (Пиротски кашкавал) и млечниот производ, вурди, а од неодамна и по пегланиот колбас.

Најголем дел од капацитетите на стопанските колективи на Пирот се наоѓаат во индустриската зона.

Поврзано

уреди