What the Hell“ е песна од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ. Песната е напишана од Лавињ, Макс Мартин, и Шилбек за нејзиниот четврт студиски албум, Goodbye Lullaby. Синглот е издаден во САД и Канада на 11 јануари 2011, како водечки сингл од албумот. Се има искачено на #1 во Јапонија во Топ 5 во Азија, Топ 10 во Европа, Австралија, Јужна Америка, Мексико, Канада, а во Топ 20 во САД искачувајќи се на #11. Песната има добиено голем број на позитивни мислења од критичарите и тие ја споредуваат со нејзината претходна песна „Girlfriend“ (2007).

„What the Hell“
Сингл од Аврил Лавињ
од албумот Goodbye Lullaby
Страна Б Alice
Издаден 10 јануари 2011 (2011-01-10)
Формат ЦД сингл, музички даунлоад
Снимен 2010;
Маратон Студио
(Стокхолм, Шведска)
Жанр Поп панк,[1][2][3] поп рок,[4][5] поп[6][7]
Должина 3:39
Издавачка куќа RCA
Композитор Аврил Лавињ, Макс Мартин, Шилбек
Продуцент Макс Мартин, Шилбек
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ
Alice
(2010)
What the Hell
(2011)
Smile
(2011)

Заднина

уреди

Во ноември 2010, Лавињ изјавила преку блогот на нејзината официјална страница, дека нејзиниот четврт албум, Goodbye Lullaby, е готов една година и причината за одложувањето на издавањето на албумот била нејзината снимачка компанија. Таа во блогот кажала дека „What the Hell“ ќе биде првиот сингл од албумот.[6] Премиерата за песната била на 31 декември 2010 на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve[8] која ја извела заедно со песната „Girlfriend“.[9] Лавињ ја опишала песната „What the Hell“ како „навистина интересна, песна за забави, па добро беше што за првпат ја изведов на 'New Year's Rockin' Eve.“[5] Следниот ден, „What the Hell“ можела да се спушти како бесплатен даунлоуд 48 часа од официјалната фејсбук страна на Аврил Лавињ.[10]

Композиција

уреди

„What the Hell“ е брза поп панк,[1][2][3] поп рок,[4][5] и поп[6][7] песна, продуцирна од Макс Мартин. Тонот се движи 144 бита во минута и напишана е во А-дур скала. Гласот на Лавињ се движи од F♯3 до E5.[11] „What the Hell“ почнува со „ретро клавијатуристички риф“ и удари со раце.[4] Тоа што во песната имало клавијатура придонело таа да се спореди со гараж рок жанрот и бендот The Hives.[4][12] Песната вклучува гитари за време на рефренот.[4]

Иако Лавињ ја опишала песната како „широка порака за лична слобода“,[6] критичарите имаат неколку толкувања. Гил Кауфман од MTV.com рекол дека песната е за „декларација на самостојност од поранешна тин-ѕвезда која повторно се враќа на сцената“. Кауфман предложил и дека јавниот развод на Лавињ со пејачот на Sum 41, Дерик Вабли, заедно со судирите меѓу неа и нејзината компанија како една од можните теми.[4] Џоди Розен од Ролинг Стоун магазинот ја нарекол песната „химна за добра девојка... седење надвор до доцна, замена на момчиња и строга психолошка одмазда.“[12] Бил Лемб од About.com иато така предложил дека песната е за разводот меѓу Вабли и Лавињ, но рекол „песната остава значителен простор за интерпретација што додава и интрига.“[13] Хедер Мекдед од Stereoboard.com бил критичен за тоа што песната била за Вабли: „со ваква оптимистичка песна тешко е да се открие дали разводот е тема на предметот што го слушате.“[14] Холи Томас од Frost Magazine предложил дека Лавињ била „изгладнета од приврзаноста на оној кој навистина го сакала.“[15]

Лавињ ја опишала песната како „послична на песните од моите стари поп рок корени“,[5] нарекувајќи ја „најголемата поп песна на албумот“ и најмалку личната песна од албумот.[6]

Прегледи од критичарите

уреди
Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
About.com      [13]
Blogcritics (позитивна)[7]
Digital Spy      [3]
Frost Magazine (позитивна)[15]
Idolator (позитивна)[1]
MTV (позитивна)[4]
Rolling Stone      [12]
Stereoboard.com (мешана)[14]

Критичарите забележале сличности меѓу „What the Hell“ и претходниот сингл на Лавињ, „Girlfriend“.[4][13][15] Гил Кауфман на MTV.com рекол дека „What the Hell“ има „извонредна бодречка енергија“ и „заразен ритам и весела атмосфера“.[4] Џоди Росен од Роулинг Стоун магазинот изјавила дека „музиката е лесно една од најзаразните песни на Аврил“.[12] Мрежното место Идолатор ја опишал песната како „виновно задоволство“ и ја нарекол песната „видот на песни кои ги слушаме откако двапати проверуваме дали некој не нè лажe на нашиот Ај-под.“[1] Ник Левин од Digital Spy ѝ дал на песната совршен рејтинг. Тој објаснил дека Аврил е „повалкана од крпа фрлена во кантата на клиниката за грипови [но] таа го исфрла тоа.“ Левин додал дека „What the Hell“ не била „непореклива како“ како „Girlfriend“ но го пофалил рефренот на песната.[3]

Бил Лемб од About.com исто така ја пофалил песната, опишувајќи ја како „анимирана од типична неодолива мелодија на Макс Мартин, и, е слична на силата на нејзиниот #1 хит „Girlfriend,“ кој ве тера да ја пеете без разлика дали сакате или не.“[13] Хедер Мекдед од Stereoboard.com изјавил дека „не е револуционерно музичко парче но го опфаќа поп-рок звукот кој Аврил го создава преку годините“. Мекдед продолжил изјавувајќи дека е „дефинитивно песна која ја рефлектира постарата, поинтересната Аврил Лавињ .“[14] Холи Томас од Frost Magazine рекла дека на песната ѝ недостига зрелост и ја опишала како „иритирачка“,но ја пофалила песната за нејзиниот текст и тема.[15] Кристен Коучмен од Blogcritics едноставно рекла дека луѓето лесно можат да се поврзат со неа.[7]

Лемб, Мекдед и Томас се согласиле дека на некои песната може да им биде досадна.[13][15][14] Лемб рекол дека тоа можело да се случи поради мелодијата на песната.[13] Џонатан Киф од Slant Magazine бил повеќе позитивен: „Мартин е осигуран дека водечкиот сингл „What the Hell“ експлодира во убав ефект за време на рефренот „Сиот мој живот бев добра/Но сега мислам 'што по ѓаволите'“ кој звучи помасивен отколку што би требало“.[16] Енди Гринвалд од Entertainment Weekly бил речиси неутрален во својот преглед, но признал дека “Farfisa-наполнетиот What the Hell [ќе] ја поврати Лавињ на нејзинотот вистинско место со Кети Пери и Ke$ha во нивното сестринство“.[17] Стефен Томас Ерлевин од Allmusic ја сместил песната како една од најдобрите на албумот.[18]

Промоција

уреди

Лавињ ја изведувала песната во живо неколкупати. Првата изведба била на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve на 31 декември 2010/1 јануари 2011.[8] Таа ја изведувала на Daybreak (ОК) на 15 февруари 2011, на T4, на BBC Radio 1, на The View, на Jimmy Kimmel Live!, Walmart Soundcheck, на Jay Leno Show на 14 март 2011 и на Sunrise на 31 март 2011.[19]

Искачување на табелите

уреди

„What the Hell“ за првпат се искачил во САД на Билборд Хот 100 на 19 јануари 2011 на тринаесетто место и на Билборд Хот Дигитални Песни на шесто место, со продадени преку 166.000 диигитални примероци.[20] Наредната недела, „What the Hell“ паднал на 31 место на Билборд Хот 100 во САД и на 22 место на Хот Дигитални Песни со регистрирани 77.000 продажби[21] но се искачил на 24 место на Билборд Хот 100 табелата и на 13 место на Хот Дигитални Песни табелата во третата недела, а во четвртата се искачил на 23 место. Во петтата недела, се искачил на 11 место на Билборд Хот 100. Наредната недела паднал на 13 место. „What the Hell“ продал преку 1.200.000 диигитални примероци во САД.[22] Песната за првпат се искачила на осмото место на табелата Канадски Хот 100. „What the Hell“ исто така се искачил и на четвртото место на табелата за Дигитални Песни во Канада, со 16.000 дигитални симнувања. Синглот станал третиот надобар деби сингл со денеска на Лавињ по „Girlfriend“ и „Keep Holding On“.[23] Песната се искачила во топ-четириесет Радио Песни, искачувајќи се на четириесеттото место; нејзиниот последен сингл кој се искачил на Радио табелите бил „When You're Gone“ (2007) на триесет и седмото место. „What the Hell“ го надмина врвот на Радио табелите кога се искачила на триесет и четвртото место, со што станала нејзината најпуштана песна на радио од „Girlfriend“ (2007).[24]

Синглот за првпат се искачил на Табелата за Синглови во Обединетото Кралство на 29 место на 23 јануари 2011, со што станал нејзиниот дванаесетти топ триесет хит на табелата. Кога вторпат се искачил на табелата, синглот паднал на 45 место, во третата недела на 32, а во осмата недела се искачил на највисоката позиција на 16 место.[25] Песната се искачила на #15 на Орикон во Јапонија и продала повеќе од 5.598 копии во првата недела. Синглот добил златна сертификација во Австралија во третата недела со 35.000 продадени копии, во шестата недела добил платинска сертификација со повеќе од 70.000 продадени копии, додека во 16 недела добил 2x Платина со повеќе од 140,000 продедени копии.[26]

Музичко видео

уреди

Видеото, режирано од Маркус Рабој, започнува со Лавињ која лежи во кревет заедно со нејзиниот љубовник, кој го глуми Спенсер Хил. Таа оди до огледало, и се прска со нејзините два парфеми, Black Star и Forbidden Rose. Лавињ го заклучува својот љубовник во соба и ја напушта куќата. Таа оди по патот и краде едно такси. Додека нејзиниот љубовник ја брка качен на велосипед, таа излегува од таксито и тоа се удира во друг автомобил. Додека Лавињ игра на игралиште за кошарка во Sixth Street Viaduct, нејзиниот љубовник сè уште ја брка. Бегајќи од него ќе истрча во Abbey Dawn продавница. Мајката на Лавињ, Џуди, се појавува како камео. Лавињ потоа се качува на сцена и изведува со својот бенд. Таа скокнува во публиката и видеото завршува со Лавињ и нејзиниот љубовник повторно легнати во кревет. Видеото е снимано во 3D.

Видеото за првпат се појавило на телевизија на 23 јануари 2011,[27] на ABC Family и на музичкиот канал на Обединетото Кралство, 4Music.

The New York Post го критикувал видеото како прикриено огласување на Sony и Abbey Dawn.[28]

Список на песни

уреди
  • Дигитално спуштање[29]
  1. „What the Hell“ – 3:39
  • Германско ЦД/сингл [30][31]
    САД ЦД сингл
  1. „What the Hell“ – 3:39
  2. „What the Hell“ (инструментална) – 3:38
  • Јапонски ЦД сингл[32][33]
  1. „What the Hell“ – 3:39
  2. Alice“ – 5:00
  3. „What the Hell“ (инструментална) – 3:39
  • Други верзии
  1. „What the Hell“ (Bimbo Jones Ремикс) - 4:10

Постава

уреди

Извор:[34]

Табели и сертификации

уреди

Табели

уреди
Табела (2011) Највисока
позиција
Австралија (ARIA)[35] 6
Австрија (Ö3 Austria Top 75)[36] 20
Белгија (Ultratop 50 Фландрија)[37] 16
Белгија (Ultratop 40 Валонија)[38] 13
Бразил (Билборд Хот 100)[39] 5
Бразил (Билборд Хот Поп Песни)[40] 2
Канада (Канадски Хот 100)[23] 8
Чешка (IFPI)[41] 2
Франција (SNEP)[42] 18
Германија (Media Control AG)[43] 21
Унгарија (Rádiós Top 40)[44] 5
Ирска (IRMA)[45] 30
Италија (FIMI)[46] 15
Јапонска Возрасна Современа Табела (Билборд)[33] 1
Јапонск Хот 100 (Billboard)[47] 1
Јапонија Орикон Дневна Табела за Синглови[48] 1
Холандија (Холандски Топ 40)[49] 30
Нов Зеланд (RIANZ)[50] 5
Шкотска (The Official Charts Company)[51] 14
Словачка (IFPI)[52] 8
Јужна Кореја (GAON Интернационална Табела)[53] 1
Шведска (Sverigetopplistan)[54] 51
Швајцарија (Media Control AG)[55] 18
Британски Синглови (The Official Charts Company)[56] 16
САД Билборд Хот 100[20] 11
САД Возрасни Поп Песни (Билборд)[57] 12
САД Поп Песни (Билборд)[33] 8

Сертификации

уреди
Држава Сертификација
Австралија Платина[26]
Јапонија Злато [58]
Нов Зеланд Злато[59]

Историја на издавање

уреди
Регион Датум Куќа Формат
Италија 7 јануари 2011 RCA Records Дигитален даунлоуд, радио, ЦД сингл
Франција[60] 10 јануари 2011
Мексико
САД[61] 11 јануари 2011
Обединето Кралство[3] 16 јануари 2011
Јапонија[62] 2 февруари 2011 Sony Music Japan ЦД сингл
Германија[63] 25 февруари 2011 RCA Records

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Avril Lavigne Raises "What The Hell" On New Year's Eve“. Idolator (website). 1 January 2011. Архивирано од изворникот 2011-01-11. Посетено на 11 January 2011.
  2. 2,0 2,1 „Avril is back with her first single in over two year - will we love here again?“. MTV. 20 December 2010. Архивирано од изворникот 2011-01-11. Посетено на 11 January 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Levine, Nick. „Avril Lavigne: 'What The Hell'. Digital Spy. Архивирано од изворникот 2011-01-12. Посетено на 12 January 2011.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Kaufman, Gil (3 January 2011). „Avril Lavigne Says 'What The Hell' With Infectious New Single“. MTV. Архивирано од изворникот 2011-01-09. Посетено на 9 January 2011.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Smith, Stacy Jenel (30 December 2010). „Avril Lavigne 'Anxious to Get Out There Again'. PopEater. Архивирано од изворникот 2010-12-30. Посетено на 3 January 2011.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Jones, Anthony (10 November 2010). „Avril Lavigne To Release New Single "What The Hell". All Headline News. Архивирано од изворникот на 10 November 2010. Посетено на 10 ноември 2010.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Coachman, Kirsten (14 January 2011). „Music Review: Avril Lavigne - "What The Hell". Blogcritics. Архивирано од изворникот 2011-01-14. Посетено на 14 January 2011.
  8. 8,0 8,1 Lipshutz, James (7 December 2010). „Avril Lavigne to Release 'Goodbye Lullaby' Album in March“. Billboard. Посетено на 8 December 2010.
  9. Greenblatt, Leah (27 December 2010). „Avril Lavigne talks about her new album, (sort of) working with Rihanna, and where she'll be New Years Eve: An EW Q&A“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот 2010-12-27. Посетено на 27 December 2010.
  10. Sciarretto, Amy (28 December 2010). „Avril Lavigne to Offer Free Download of "What the Hell" on New Year's Day“. ARTISTdirect. Архивирано од изворникот 2011-01-02. Посетено на 2 January 2011.
  11. „What the Hell - Avril Lavigne Digital Sheet Music“. Musicnotes.com. Архивирано од изворникот 2011-01-26. Посетено на 26 January 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Rosen, Jody (29 December 2010). „Avril Lavigne "What the Hell". Rolling Stone. Архивирано од изворникот 2011-01-09. Посетено на 9 January 2011.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 Lamb, Bill. „Avril Lavigne - "What the Hell". About.com. Архивирано од изворникот 2011-01-13. Посетено на 13 January 2011.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 McDaid, Heather (13 January 2011). „Avril Lavigne - What The Hell (Single Review)“. Stereoboard.com. Архивирано од изворникот 2011-01-13. Посетено на 13 January 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Thomas, Holly (13 January 2011). „We love: Avril Lavigne's 'What The Hell'. Frost Magazine. Архивирано од изворникот 2011-01-14. Посетено на 14 January 2011.
  16. Keefe, Jonathan (6 March 2011). Avril Lavigne: Goodbye Lullaby| Music Review| Slant Magazine Slant Magazine. Retrieved 2011-03-11
  17. Greenwald, Andy (6 March 2011). Goodbye Lullaby| Music Review|EW.com Архивирано на 5 март 2011 г. Entertainment Weekly. Retrieved 2011-03-11
  18. Thomas, Stephen Thomas(8 March 2011). Goodbye Lullaby- Avril Lavigne| Allmusic Allmusic - A Rove Corporation. Retrieved 2011-03-11
  19. Video: What the Hell at Jay Leno
  20. 20,0 20,1 Trust, Gary (19 January 2011). „Britney Spears' 'Hold It Against Me' Debuts Atop Hot 100“. Billboard. Посетено на 19 January 2011.
  21. „The Muscle Behind Decemberists' No. 1? NPR And Amazon“. Billboard.biz. 27 January 2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-30. Посетено на 28 January 2011.
  22. „Week Ending March 20, 2011: Songs: The Chris Brown Matter - Yahoo! Chart Watch“. New.music.yahoo.com. 2011-03-23. Архивирано од изворникот на 2012-07-13. Посетено на 2011-03-24.
  23. 23,0 23,1 Tuch, Paul (21 January 2011). „BRITNEY SPEARS SCORES RARE NO. 1 DEBUT“ (PDF). The Nielsen Company. Архивирано (PDF) од изворникот 2011-01-20. Посетено на 19 January 2011.
  24. Avril Lavigne Album & Song Chart History Billboard Retrieved 2011-03-19
  25. „Radio 1 - The Official Chart with Reggie Yates - The Official UK Top 40 Singles Chart“. BBC. Посетено на 2011-02-23.
  26. 26,0 26,1 „ARIA Charts – Accreditations – 2011 Singles“. Australian Recording Industry Association. Посетено на 16 March 2011.
  27. Collins, Leah (10 January 2011). „Preview Avril Lavigne's New 3-D Video“. Dose. Архивирано од изворникот на 2011-01-15. Посетено на 15 January 2011.
  28. Brockington, Ryan (24 January 2011). „A guide to selling out by Avril Lavigne“. The New York Post. Архивирано од изворникот на 2011-02-26. Посетено на 17 February 2011.
  29. „What the Hell - Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 22 January 2011.
  30. „What the Hell [Single]“. Amazon.de. Посетено на 22 January 2011.
  31. „What the Hell - Single“ (француски). iTunes Store France. Apple Inc. Посетено на 22 January 2011.
  32. „What The Hell“ (јапонски). HMV Group Japan. Посетено на 22 January 2011.
  33. 33,0 33,1 33,2 Adult Contemporary Airplay|JAPAN Charts|Billboard JAPAN
  34. Release notes for "What the Hell" by Avril Lavigne (liner notes). RCA Records.
  35. "Australian-charts.com – Avril Lavigne – What the Hell". ARIA Топ 50 Синглови. Hung Medien. Retrieved 7 February 2011.
  36. "Avril Lavigne – What the Hell Austriancharts.at" (in German). Ö3 Austria Top 40. Hung Medien. Retrieved 9 February 2011.
  37. "Ultratop.be – Avril Lavigne – What the Hell" (на холандски). Ultratop 50. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved 18 March 2011.
  38. "Ultratop.be – Avril Lavigne – What the Hell" (на француски). Ultratop 40. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved 18 March 2011.
  39. "Brasil Hot 100 Airplay". Billboard Brasil (Brasil: bpp) (2): 86. Fevereiro de 2011. ISSN 977-217605400-2
  40. "Brasil Hot Pop & Popular Songs". Billboard Brasil (Brasil: bpp) (2): 86. Fevereiro de 2011. ISSN 977-217605400-2
  41. "ČNS IFPI" (на чешки). Hitparáda – Radio Top100 Oficiální. IFPI Czech Republic. Note: insert 201113 into search. Retrieved 5 April 2011.
  42. "Lescharts.com – Avril Lavigne – What the Hell" (на француски). Les classement single. Hung Medien. Retrieved 13 February 2011.
  43. "Die ganze Musik im Internet: Charts, News, Neuerscheinungen, Tickets, Genres, Genresuche, Genrelexikon, Künstler-Suche, Musik-Suche, Track-Suche, Ticket-Suche - musicline.de" (на германски). Media Control Charts. PhonoNet GmbH. Retrieved 11 March 2011.
  44. "Archívum – Slágerlisták – MAHASZ – Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége" (на унгарски). Rádiós Top 40 játszási lista. Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége. Retrieved 25 May 2011.
  45. "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK. Retrieved 10 February 2011.
  46. "Italiancharts.com – Avril Lavigne – What the Hell". Top Digital Download. Hung Medien. Retrieved 22 January 2011.
  47. Hot 100|JAPAN Charts|Billboard JAPAN
  48. シングル デイリーランキング -ORICON STYLE ランキング
  49. "Nederlandse Top 40 – Avril Lavigne search results" (in Dutch) Dutch Top 40. Stichting Nederlandse Top 40. Retrieved 23 March 2011.
  50. "Charts.org.nz – Avril Lavigne – What the Hell". Top 40 Singles. Hung Medien. Retrieved 22 January 2011.
  51. "Archive Chart". Scottish Singles Top 40. The Official Charts Company.
  52. "SNS IFPI" (in Slovak). Hitparáda – Radio Top100 Oficiálna. IFPI Czech Republic. Note: insert 201107 into search. Retrieved 2011-02-22.
  53. „가온차트와 함께하세요“ (корејски). GAON. Посетено на 2011-01-23.
  54. "Swedishcharts.com – Avril Lavigne – What the Hell". Singles Top 60. Hung Medien. Retrieved 21 March 2011.
  55. "Avril Lavigne – What the Hell swisscharts.com". Swiss Singles Chart. Hung Medien. Retrieved 23 February 2011.
  56. "Archive Chart" UK Singles Chart. The Official Charts Company.
  57. „Chart Highlights: Adult Pop, Rap Songs & More“. Billboard. Prometheus Global Media. 17 January 2011. Посетено на 18 January 2011.
  58. „Record Association report: March digital music download certifications (Abbreviation: March Certifications)“. RIAJ (јапонски). April 20, 2011. Посетено на April 20, 2011.
  59. „Latest Gold / Platinum Singles - RadioScope New Zealand“. Radioscope.net.nz. 13 March 2011. Архивирано од изворникот 2008-10-14. Посетено на 16 March 2011.
  60. „The Hell: Avril Lavigne: Amazon.fr: MP3 Downloads“. Amazon.com. Архивирано од изворникот 2011-01-09. Посетено на 9 January 2011. Text "Amazon.fr" ignored (help)
  61. „Amazon.com: What The Hell: Avril Lavigne: MP3 Downloads“. Amazon.com. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 17 December 2010.
  62. „What the Hell - Single: Avril Lavigne: CDJapan.co.jp: Music“. CDJapan.co.jp. Посетено на 20 January 2011.
  63. „What the Hell - Single: Avril Lavigne: Amazon.de: Music“. Amazon.de. Посетено на 20 January 2011.