Forbidden Rose
Forbidden Rose е вториот парфем од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ. Издаден е во јули 2010 година.
Forbidden Rose | ||
---|---|---|
Промоционален постер на Forbidden Rose
| ||
Парфем на Аврил Лавињ | ||
Издаден | Август 2010 | |
Издавач | P&G Prestige | |
Слоган | Dare to Discover | |
Претходник | Black Star | |
URL | Forbidden Rose Avril Lavigne |
Развивање
уредиПарфемот се развивал две години, вклучувајќи го создавањето на парфемот, дизајн на амбалажата, а исто така и маркетинг и рекламирање.[1] Како и на нејзиниот претходен парфем, Black Star, има подвижен прстен на шишенцето.[2]
Парфемот содржи нијанси од црвено јаболко, вино од праска, црн пипер, лотос, хелиотроп, сандаловина и ванила.[3] До сега од линијата се познати само парфеми спакувани во различни величини, лосион за тело и гел за капење.[4]
Промоција
уредиРеклама
уредиРекламата за парфемот е режирана од Фред Гарсон и е снимана во Санта Барбара.[2] Рекламата зазема место во готичка градина.[5] Лавињ прво оди кон вратата, која е затворена. Таа потоа влегува и ветерот кој дува го насочува вниманието на светло кое се наоѓа зад неа. Таа продолжува да оди и ја наоѓа "Забранетата Роза" ("Forbidden Rose"), и ја зема откако трњата што се околу розата ќе се повлечат. Таа се насмевнува и ја фрла розата во камерата.[6] За разлика од нејзиниот претходен парфем, Black Star, рекламата не вклучува и песна. Музиката е споредена со Хари Потер.
Слоган
уредиИако слоганот за парфемот е "Dare to Discover",[6] Лавињ во порака кажала дека пораката е надополнување на претходната порака од нејзиниот претходен парфем, Black Star и гласи "следи ги соништата" ("follow your dreams").[5] Лавињ им кажала на StyleList дека таа "сакала да направи парфем, кој додава мистерија и малку магија."[7]
Наводи
уреди- ↑ „Avril Lavigne's "Forbidden Rose", "Black Star" News“. 2Day FM. 16 March 2010. Посетено на 4 June 2010.
- ↑ 2,0 2,1 „Avril Lavigne Debuts Her New "Forbidden Rose" Fragrance“. nitrolicious.com. 12 August 2010. Посетено на 8 October 2010.
- ↑ „Watch: Avril Lavigne's fragrance commercial“. The Independent. UK. 4 June 2010. Посетено на 4 June 2010.
- ↑ „Avril Lavigne Bandaids: The #1 Avril Lavigne Picture Gallery - Forbidden Rose“. Gallery.avrilbandaids.com. 21 May 2009. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 8 October 2010.
- ↑ 5,0 5,1 „Forbidden Rose new fragrance by Avril Lavigne“. Perfume Blog. 18 March 2010. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 27 March 2010.
- ↑ 6,0 6,1 Lavigne, Avril (herself). (June 2010). Forbidden Rose commercial. [Streaming video]. Procter & Gamble. http://www.avril-lavigne-perfumes.com/teaser.aspx. Retrieved 4 June 2010.
- ↑ J_Brisby, 8-17-2010, 3:23 am (29 September 2010). „Avril Lavigne 'Forbidden Rose' Fragrance Now in Store“. StyleList. Посетено на 8 October 2010.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)